Економија
СДСМ: Субвенции за компаниите од прехранбената индустрија, за помали цени на основните производи

Компаниите што произведуваат прехранбени производи како што се маслото за јадење, леб и пекарски производи, брашно, јајца, млеко и млечни производи ќе имаат фиксна цена на електрична енергија, соопшти СДСМ.
„ Цената на електричната енергија што ја обезбеди Владата ќе биде помалку од 100 евра за мегават час или за двојно пониска од актуелната цена на регулираниот пазар. Сето ова ќе резултира со намалување на крајните цени на производите и до 10 отсто со што ќе се заштити економскиот стандард и куповната моќ на граѓаните“ додаваат од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Трајни културни вредности“ на Халкбанк прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024

Скопје, 5 март 2025 „Трајни културни вредности“, настан на Халкбанк, кој на впечатлив и автентичен начин ја негува македонската култура и традиција, е прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024 година, во рамки на манифестацијата „Best Event Awards Macedonia – BEAM“. Станува збор за настан кој се одржа во рамки на поширока иницијатива на Халкбанк, а креативниот и организацискиот потпис е на маркетинг агенцијата Ефектива.
„Трајни културни вредности“ го претвори прекрасниот амбиент на Чифте Амам во храм на македонското културно наследство. Преку совршен микс од храна од речиси сите региони на државата, уметност и мелодиите на Дуке Бојаџиев, гостите имаа можност да отпатуваат назад во времето и со сите сетила да ја почувствуваат македонската традиција.
Гастрономското наследство, покрај на трпезата, беше пресликано и во изложба на графики од шест уметници, инспирирани од боите и вкусовите на најпрепознатливите македонски специјалитети. На настанот беше промовирано исклучително вредното дело „Патување низ гастрономското наследство“ – уметничка книга со ретки рецепти прикажани преку приказни и илустрации од пет македонски реномирани илустратори.
„Оваа награда е прекрасна потврда за целата иницијатива, ангажман и за ентузијазмот кој Халкбанк го вложи во проектот Трајни Културни Вредности, во чии рамки се реализираше и конкретниот настан минатата година. Навистина сме горди на ова признание, а истовремено и благодарни на комисијата на БЕАМ која ги препозна овој настан, целата организација околу истиот, креативноста и неговата вредност. И секако, неизмерно сме благодарни на нашите соработници од агенцијата Ефектива со кои го заживеавме и развиваме проектот Трајни Културни Вредности низ годините,“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.
„Трајни културни вредности“ е иницијатива на Халкбанк започната пред две години, чија главна цел е промоција и зачувување на културното наследство, а ваквите признанија се доказ дека тоа го прави на инспиративен и успешен начин.
ПР текст
Економија
Мицкоски: Економијата заздравува, буџетот се полни со предвидената динамика, доаѓаат убави времиња за граѓаните

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на извештајот на ДЗС за раст на БДП, изјави:
„Да го прокоментираме и растот на Бруто домашниот производ во четвртиот квартал. Апсолутно тоа се први индикации дека економијата заздравува, дека одиме во правилна насока за помалку, би рекол од три квартала, ја стабилизиравме состојбата во државата, што беше практично и наша примарна цел. Да ја стабилизираме од слободниот пад, а потоа се разбира преку активни политики и домаќински политики, чесно и добро владеење, да успееме да обезбедиме раст на економијата“, кажа Мицкоски.
Во третиот квартал, како што потсети таа била 3%, сега е 3.2%.
Мицкоски очекува ваквиот тренд да продолжи во првиот квартал од оваа година.
„Очекувам уште една убава вест кон крајот на неделата. И мислам дека стратегијата да ја консолидираме, а потоа да ја придвижиме до точка нула и потоа да ја развиваме полека, но сигурно, вродило со плод. Порано од нашите очекувања се стабилизираа состојбите, буџетот се полни со предвидената динамика и ценам дека доаѓаат убави времиња за македонските граѓани.“
Економија
Нов рекорд во освоени медали за вината на Tikveš Châteaux & Domaines на годинешниот Mundus Vini во Германија

На годинешното пролетно издание на еден од најголемите и најпрестижни меѓународни вински натпревари – Mundus Vini Spring Tasting 2025, што се одржa во Германија, вината на „Tikveš Châteaux & Domaines“ поставија нов рекорд, со освоени девет златни и два сребрени медали.
Златен медал на овој реномиран вински натпревар освоија белите премиум вина Domaine Lepovo Chardonnay 2023 и Bela Voda White 2023, како и црвените премиум вина Barovo red 2019, Barovo red 2021, Bela Voda red 2021, Alexandria Cuvee red 2023, Babuna red 2022 и Luda Mara Red Cuvee 2023. Златен медал освои и виното Terrasse a l’Ombre 2022, произведено во винарницата Chateau de Gourdon во Франција. Сребрени медали освоија вината Vranec Luda Mara 2022 и Luda Mara White Cuvee 2024.
„Освоените девет златни и два сребрени медали на еден од најголемите и најценети светски вински натпревари за нас имаат исклучително значење и нѐ прават особено горди. Фактот што тие се освоени во исклучително силна конкуренција од илјадници квалитетни вина кои доаѓаат од најпознатите светски вински региони, ни дава уште поголема мотивација, бидејќи со тоа се истакнува високиот квалитет на нашите вина на светско ниво и се потврдува водечката позиција и високата репутација на ‘Тиквеш’ како најрепрезентативен и најтрофеен производител на автентични премиум вина од нашиот регион“, истакнуваат од „Тиквеш“.
Mundus Vini несомнено е еден од најважните вински натпревари, кој се одржува двапати годишно, во пролетна и летна сесија. Пријавените вина на натпреварот се оценуваат од меѓународно жири, составено од врвни познавачи на виното, познати енолози и сомелиери од 40 земји. Оценувањето на вината се одвива по методот на дегустација „на слепо“, што значи дека жирито нема информации за карактеристиките или брендот на вината што ги оценуваат.
Винарската визба „Тиквеш“ редовно учествува на Mundus Vini и на останатите реномирани светски вински натпревари, на кои годишно освојува и по повеќе од 100 медали и признанија. Овие награди не само што ја зацврстуваат репутацијата на вината на „Тиквеш” на интернационалните пазари, туку придонесуваат и за глобалната промоција на македонското вино воопшто и за зголемување на неговата препознатливост во светот.
ПР