Економија
„Северен тек 2“ ги отпушта сите вработени, бара стечај?
Швајцарската компанија Nord Stream 2 AG, која го изгради истоимениот гасовод од Русија до Германија, размислува да поднесе барање за стечај, пишува „Ројтерс“ повикувајќи се на два неименувани извора запознаени со ситуацијата.
САД воведоа санкции за компанијата минатата недела откако Русија призна два отцепени региона во источна Украина и почна воена операција во земјата, што предизвика бран економски санкции од Западот.
Компанијата North Stream 2 AG, регистрирана во Швајцарија, а во сопственост на рускиот државен гасен гигант „Газпром“, минатата година ја заврши изградбата на гасовод вреден 11 милијарди долари, со што требаше да се удвои капацитетот за испорака на гас од Русија за Германија.
Два извора, кои разговараа за „Ројтерс“ под услов да останат анонимни, бидејќи разговорите за потенцијален банкрот се доверливи, кажале дека компанијата работи со финансиски советник за да отплати дел од финансиските обврски за да може формално да поведе стечајна постапка пред швајцарски суд.
Компанијата не одговорила на барањето на „Ројтерс“ за коментар, а од „Газпром“ одбиле да коментираат.
Гасоводот долг 1.230 километри не почна со комерцијална работа бидејќи чекаше дозвола од германските регулатори, кои минатата недела го прекинаа процесот на сертификација поради ескалацијата на украинската криза.
„Газпром“ плати половина од трошоците за изградба на „Северен тек 2“, а остатокот од проектот го финансираа британската „Шел“, австриската ОМВ, француската „Анжи“ и германските компании „Унипер“ и „Винтершел ДЕА“.
Швајцарскиот министер за економија, Гај Пармелин, во понеделникот во интервју за швајцарското радио РТС изјави дека се отпуштени сите вработени во компанијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

