Економија
Се зголемуваат цените, но растат и платите, инфлацијата се намалува, но предизвиците остануваат, порачува Бесими

Свесни сме дека поминуваме низ тежок период на повеќе кризи во исто време, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими.
„Ние во овој период веќе намалуваме цени, односно ја намалуваме инфлацијата, даваме јасна порака за намалување на буџетскиот дефицит, задржување одржливо ниво на јавниот долг, а притоа поддршка на инвестициите, антикризни мерки. И, денеска, ние ја субвенционираме цената на електричната енергија, како и многу други програми за поддршка на стопанството и граѓаните за да се ублажи тој ефект. Во ниту еден момент не сме кажале дека ќе направиме 100 проценти апсорпција на економскиот шок. Македонија беше најпогодена од цените на европскиот пазар и во овој период ние тој ефект сме го ублажиле и ќе продолжиме и понатаму“, истакна Бесими.
Граѓаните, според него, гледаат дека во исто време и покрај тоа што се зголемуваат цените, имаше и раст на платите.
Она што е поважно, според Бесими, не е само платите реално да растат, туку реалниот раст на платите да биде и одржлив.
Предизвиците, вели тој, остануваат и понатаму бидејќи има геополитички движења, кои влијаат и врз пазарите.
Појасни дека македонската економија е мала и високо интегрирана на европскиот пазар и дека 160 проценти од БДП е трговијата од која 80 проценти е со ЕУ, а над половина е со Германија, која годинава е во рецесија.
Новата нормалност е да се подготвиме да живееме во време на кризи и неизвесност, порача Бесими.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Во јуни годишен раст од 12,9 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 12,9%, којшто во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот.
Економија
Пониски цени на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 % во однос на одлуката од 14.7.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,559%, кај дизелот за 0,837%, кај екстра лесното масло за 0,048% и кај мазутот намалувањето е за 1,882%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,650%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.7.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Една година нема проблем со откуп и со висина на откупна цена на земјоделски производи

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Трајан Димковски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
„СДС имаше неисплатени субвенции од 2021 година па навака. Кога дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, ги исплати сите заостанати субвенции и продолжи со редовна исплата.
За разлика од времето на СДС, сега субвенциите се исплаќаат редовно и завршуваат кај вистинските земјоделци.
Веќе една година нема проблем ниту со откупот ниту со висината на откупната цена, напротив, имаме досега највисоки откупни цени и за тутунот и за грозјето и за пченицата и за раноградинарските култури.
Пченицата се откупува сега за 12 денари, а министерството ќе покрие и други трошоци на земјоделците.
Откупните цени на винското грозје за 2025 година, поконкретно за Вранец се 21.3 денари, а за Смедеревка 18.9 денари.
МЗШВ нема скратено средства за земјоделците. Тоа е одлика на СДС, кога не им ги исплаќаа субвенциите и ги оставаа со празни раце, па си делеа тендери и фотелји меѓу нив.
Земјоделците јасно го имаа искажано револтот кон СДС, а го искажаа и сите останати граѓани“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.