Економија
Сигурна во секој чекор со „Халк осигурување“
Жените секојдневно прават херојски чекори. Тие балансираат меѓу професионалниот и приватниот живот, се грижат за своите најблиски и не запираат да го следат својот пат, без разлика на предизвиците што им се наметнуваат.
Токму затоа, во месецот во кој ги славиме духот, силата и независноста на жените, Халк Осигурување ја креираше кампањата „Сигурна во секој чекор“. Таа претставува еден вид потсетник дека сигурноста не е луксуз, туку основа за здрав живот и стабилно соочување со секојдневните предизвици.
Во рамки на кампањата, во текот на месец март, Халк Осигурување за сите припаднички на женскиот пол подготви пакети со намалување од 15% на полисите за осигурување на домот и за осигурување од тешки болести. Оваа поволност се однесува на сите нови полиси, но и за обновување на постоечките полиси. Дополнително, полисите за осигурување од тешки болести клиентките можат да ги склучат и за членови на нивното семејство.
Целта на Халк Осигурување месецов е да ја афирмира улогата на жените како столб во заедницата, а истовремено да им пружи поддршка во грижата за нивното здравје и добросостојба. Некои нешта не треба да бидат неизвесни. Безбедноста на домот и здравјето на секоја жена, како и на нејзините најблиски, се неприкосновени приоритети.
Компанијата посветено и одговорно ги придружува своите клиентки во сите предизвици, па токму затоа овој март ја носи пораката „Сигурна во секој чекор“.
Повеќе детали за поволностите, како и условите за полисите за осигурување на домаќинство и за осигурување од тешки болести на Халк Осигурување се достапни на следниот линк.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

