Економија
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
„Ист гејт мол“ со најголемата Zara и првите продавници на Zara Home и Oysho.
Светскиот моден магнат од Шпанија, Групацијата Индитекс ќе закупи деловен простор за сите свои брендови, со што популарната седморка: ZARA, ZARA HOME, ОYSHO, Мassimo Dutti, Berschka, Pull and Bear и Stradivarius, ќе се најде на само едно место во „Ист гејт мол“.
Групацијата Индитекс постигна договор со „Ист гејт мол“ за историски најголемиот закуп на малопродажен деловен простор во Македонија. Договорот предвидува закуп на малопродажна површина од 8.600 м2 за сите седум брендови. За првпат на пазарот Групацијата Индитекс во „Ист гејт мол“ ќе се појави со брендовите ZARA HOME и OYSHO, а брендот ZARA ќе се простира на повеќе од 4.600м2 со што станува најголемата ZARA во целиот регион.

Со оваа трансакција „Ист гејт мол“ стратешки се позицинира како една од клучните малопродажни дестинации во регионот, обезбедувајќи притоа предуслови за стабилни инвестициски параметри на ниво кое вообичаено се бара од инвеститорите кои вложуваат во ваков тип недвижнини.
Со ZARA HOME, „Ист гејт мол“ станува идна водечка дестинација за додатоци во домот при што купувачите ќе добијат можност да ги следат најновите трендови во ентериерниот декор и да имаат пристап до најновите колекции во ист момент кога ќе се појават на пазарот.

OYSHO e специјализирана модна марка за удобна примарна гардероба за дома, за спортски активности, како и квалитетна долна облека. Нивните колекции се создадени за жените и ја следат линијата на мода и елеганција со удобност и квалитет.

Продавниците ќе бидат изградени според најновиот дизајн, автентичен на современиот имиџ на ZARA HOME и OYSHO ширум светот.

Форматот на продавниците на Групацијата ИНДИТЕКС во „Ист гејт мол“ налага сите брендови да се презентираат со целото свое продуктно портфолио, обезбедувајќи со тоа широка палета на производи и диверзифитет во понудата пред македонските потрошувачи.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави:
„Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка, онаа мерка со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред они тоа да го имплементираат и затоа одлучивме преку други механизми да се бориме против инфлацијата.
Инаку што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме.“
Економија
Дурмиши: Со системски мерки и партнерство ја намалуваме неформалната економија и го јакнеме формалниот сектор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, посветена на системските мерки и заедничките политики за намалување на сивата економија и јакнење на формалниот сектор.
Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик кој ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува фискалниот капацитет на државата.
Тој нагласи дека за дел од граѓаните непријавената работа не е избор, туку нужност, што бара одговор преку креирање пристојни и стабилни работни места.
„Секој компромис со сивата економија значи понизок економски раст, помалку јавни услуги и понизок квалитет на живот. Затоа ни се потребни системски, конзистентни и одржливи решенија“, потенцираше министерот.
Економија
Божиновска – Рама: Гасното поврзување на државата е клучен чекор кон енергетска стабилност и регионална интеграција
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, на која беа разгледани тековните активности и следните чекори за развој на гасната инфраструктура во државата.
Во фокусот на разговорите беше изградбата на интерконекторот со Грција, како еден од најзначајните стратешки енергетски проекти во земјата. На средбата беше направен пресек на досегашната динамика на реализација, текот на градежните активности и координацијата меѓу институциите и изведувачите, со цел проектот да се реализира согласно предвидените рокови.
Посебно внимание беше посветено и на подготовките за реализација на интерконекторот со Србија, при што беше разгледан напредокот во техничките и административните активности, како и тековната комуникација и координација со српската страна. Двете страни оценија дека регионалното гасно поврзување претставува значаен чекор кон диверзификација на изворите на снабдување и зголемување на енергетската сигурност.
На состанокот се разговараше и за долгорочните планови за развој и проширување на националната гасоводна мрежа, со цел овозможување поголема достапност на природниот гас за индустријата, општините и домаќинствата, како и поддршка на енергетската транзиција и намалување на загадувањето преку почисти енергетски решенија.
Министерката Божиновска ја истакна важноста од забрзана реализација на инфраструктурните проекти, нагласувајќи дека развојот на гасната мрежа е стратешки приоритет кој директно влијае врз економската стабилност, конкурентноста на стопанството и сигурноста во снабдувањето со енергија.
Соговорниците се согласија дека координираниот институционален пристап и засилената регионална соработка се клучни за успешно позиционирање на државата како стабилен енергетски јазол во регионот.

