Контакт

Економија

„Скопје Север“ исклучено од системот за гас по забраната од Град Скопје да користи мазут

Објавено пред

Друштвото „Скопје Север“ АД информира дека денес е исклучено од системот за пренос на природен гас.

dobivaj vesti na viber

„Во согласност со договорот со нашиот снабдувач со природен гас, ‘Пром-гас’, обезбедените количини треба да се платат авансно за секој месец. Поради енормно високите цени на гас во оваа година и тешката финансиска состојба на друштвото, не сме во можност да ги уплатиме предвидените количини за цел месец, туку недела за недела. Од овие причини денеска бевме исклучени од системот за пренос на природен гас“, велат од „Скопје Север“ АД.

Од тука во допис до медиумите додаваат дека дека и за природниот гас и за мазутот како алтернативно гориво им била издадена еколошка дозвола од Град Скопје, но, од друга страна, од секторот за животна средина на Градот вчера, за нив од непознати и необјасниви причини, добиле забрана за користење на алтернативното гориво мазут.

„Во вакви околности, со голема разочараност сакаме да ве известиме дека не сме во состојба да испорачуваме топлинска енергија на нашите корисници“, велат од „Скопје Север“ АД.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, претходно изјави дека во законот е предвидена можност да се користи алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, односно мазут или дизел, но, како што порача, кога ќе се користи, мора да се запазат процедурите во државата.

„За нас, приоритет е да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за ‘Исток’ и за ‘Запад’, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ. Во делот на ‘Скопје Север’, има Инспекторат за животна средина, ако во случај работи со мазут или со дизел, освен природен гас, да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенти во функција“, рече Бектеши.

Министерот додаде дека на топланата „Скопје Север“ ѝ се понудени две опции – да се склучи договор за деловно-техничка соработка или договор за закуп по примерот со топланите „Скопје Исток“ и „Скопје Запад“, но досега нема повратен одговор од раководството.

Економија

Берзите реагираат бурно на расправијата Трамп-Маск, акциите на „Тесла“ паѓаат

Објавено пред

Од

На Вол Стрит, берзанските индекси паднаа, главно поради наглиот пад на цената на акциите на „Тесла“, додека пазарот беше поддржан од веста за разговорот помеѓу американскиот и кинескиот претседател Доналд Трамп и Си Џинпинг. Индексот Дау Џонс падна за 0,25 проценти на 42.319 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,53 проценти на 5.939 поени, а индексот Nasdaq падна за 0,83 проценти на 19.298 поени.

dobivaj vesti na viber

Акциите на Тесла паднаа за 14 проценти

Цената на акциите на производителот на електрични автомобили „Тесла“ падна за повеќе од 14 проценти, откако јавната расправија помеѓу извршниот директор Илон Маск и Трамп се интензивираше.

Цената на акциите падна во четири од последните пет трговски дена, откако Трамп и Маск ја започнаа својата вербална војна, за време на која „Тесла“ изгуби околу 150 милијарди долари пазарна вредност.

Маск ги засили критиките кон огромниот закон за даночни стимулации на претседателот во последните денови, додека Трамп тврди дека Маск е вознемирен затоа што законот ги елиминира даночните олеснувања за купување електрични возила.

„Последиците за акциите на ‘Тесла’ се очигледни. Но, не гледам никакви значајни последици за остатокот од пазарот, освен мало влијание врз индексите. Генерално, берзата има многу проблеми, но ‘Тесла’ не е еден од нив“, рече Марк Шпигел, менаџер за портфолио во Stanphyl Capital.

Сепак, пазарот беше поддржан од телефонскиот повик меѓу Трамп и Си. Нема дополнителни информации за разговорите, освен дека тие се поканија еден со друг на официјални посети. И тоа беше оценето како позитивно од пазарот, бидејќи неодамнешниот спор околу клучните минерали се закани да го наруши кревкото трговско примирје меѓу двете најголеми економии во светот.

 

Прикажи повеќе...

Економија

АД ЕСМ со најповолна понуда за електрична енергија, соопшти „ЕВН хоме“

Објавено пред

ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември 2025 доби најповолна понуда од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 62 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини, соопштија од таму.

dobivaj vesti na viber

Оваа цена, како што појаснуваат, е идентична со претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас.

„Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.

Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“, се истакнува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

„Угостителскиот сектор и градежништвото со најголем раст од 7,1 отсто, зголемувањето на вработеноста, платите и на пензиите ја зголемија потрошувачката“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Во услови на сериозни економски предизвици во државата и во поширокиот регион, кога земјите од Европската унија се соочуваат со сериозни проблеми во економијата, Македонија покажа како со добро смислени мерки и политики, успешно се надминуваат предизвиците. Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, македонската економија бележи последователен раст“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Растот од 3% на БДП во првиот квартал од годинава е продолжување на трендот на раст на економијата од втората половина на минатата година.

Широкиот опфат на мерки и на поддршка на стопанството и граѓаните кои Владата ги презема и реализира до сега, го даваат својот резултат.

Тоа може да се заклучи и по тоа што растот на БДП, не е само поради раст на само една гранка во стопанството, туку тој се заснова на широка основа во сите стопански гранки.

Двигатели на овој раст се услужниот сектор и градежништвото со по 7,1 проценти, при што со инвестицискиот циклус кој што престои, градежништвото ќе биде главен двигател и во иднина.

Како резултат на досега преземените мерки за раст на вработеноста, на платите и пензиите се зголеми и потрошувачката на граѓаните, која заедно со зголемената побарувачка поттикната од значително зголемување на бруто инвестициите за 18% и на потрошувачката за 1,9%, имаат значителен придонес во растот на БДП.

Значителен раст има и кај стручните и научни технички дејности од 4,8%, информации и комуникации 3,6%, како уметноста, забава и рекреација, како и индустријата од 2,1 проценти и преработувачката индустрија од 3,7%.

Индустријата забележа раст од 2,1 процент во услови на зголемено производство во преработувачката индустрија од 3,7%, а позитивниот тренд на раст продолжи и во земјоделството.

Сиот овој раст не е случаен, туку тој е резултат на посветена работа и на добро проектирани мерки и активности за подобрување на економската состојба во државата.

За таа цел, од почетокот на годината скоро 11 милијарди денари од Буџетот се влезени во економијата преку компаниите коишто работат на изведба на инфраструктурни проекти, близу 500 милиони денари кон компаниите кои работат на општинските проекти, над 125 милиони евра за инвестиции на домашните компании преку Развојната банка.

И овде нема да се застане. Македонија ќе продолжи со засилено темпо да се трансформира, а македонската економија ад расте и да се развива.

Крајната цел на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да ја направи земја на можности, и во таа насока посветено работи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Николоски: Позицијата на Македонија станува афирмирана во Европа

Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент не менува ништо. Ова се историски...

Свет1 час

Трамп назначи 22-годишен градинар за шеф на канцеларијата за спречување на тероризам

Американскиот претседател, Доналд Трамп, назначи 22-годишник за раководител на главниот центар за спречување на тероризам на Министерството за внатрешна безбедност....

Свет2 часа

Русија го нападна Киев со ракети и дронови, погодени воз и станбени згради

Русија изврши интензивен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев, во текот на ноќта, при што загинаа четири лица,...

Свет2 часа

Незапаметена кавга меѓу двајца најмоќни луѓе во светот: Трамп и Маск „војуваа“ на социјалните мрежи

Само десет минути по почетокот на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан за сè...

Македонија3 часа

Гужва на граничните премини Богородица и Дојран

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Култура3 часа

Започнува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на...

Македонија14 часа

Арсовска до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. „Мухамед...

Македонија18 часа

Мисајловски на состанок на НАТО во Брисел: Единството на Алијансата е на највисоко ниво

Mинистерот Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на сојузничките земји денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на...

Македонија19 часа

За патувањето во Јапонија се потрошени 3.485.080 денари за билети, сместување и дневници, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во интерес на јавноста најостро реагираме на целосно шпекулативните информации и невистинити тврдења дека министерот за култура Зоран Љутков потрошил...

Македонија21 час

12 повредени од пожарот во Кочани се на лекување во болница, еден е во тешка состојба, рече Клековски

Сашо Клековски од ФЗО на денешната панел-дискусија, „Кочани е нашиот приоритет“, се осврна на ситуацијата во моментот во однос на...

Македонија22 часа

(Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани

Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во...

Македонија24 часа

„Шоферот го унапредил во службеник, вработена во кабинетот ја поставил за претседател на Управен во Опера и Балет, зошто на Љутков му се дозволува аздисување“, прашува СДСМ

„СДСМ денеска алармира за сериозни злоупотреби и скандалозно однесување во Министерството за култура и туризам, под раководство на Зоран Љутков....

Македонија1 ден

Арсовска: Наредбите за девалвации и напади од штабот на ВМРО се спроведуваат

Наредбите за девалвации и напади од штабот на ВМРО се спроведуваат, објави на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска....

Македонија1 ден

СВР Скопје го расчисти убиството во обид од 1 јуни, поднесени кривични пријави против три лица

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Г.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за...

Македонија1 ден

Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес-клуб во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение...

Европа1 ден

(Видео) Нови сателитски снимки го откриваат обемот на историската украинска операција

Новите сателитски снимки и снимките од нападот со дронови покажуваат сериозни оштетувања на руските авиони во неколку воздухопловни бази за...

Свет1 ден

Севернокорејскиот лидер вети безусловна поддршка за Русија на средбата со Шојгу

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу во вторникот, објави државната...

Свет1 ден

Трамп им забрани на странските студенти да се запишуваат на „Харвард“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го суспендира приемот на странски студенти на Харвард за шест месеци, наведувајќи ги загриженоста...

Свет1 ден

Американски извори: Украина уништи половина помалку руски авиони од објавеното

Двајца американски функционери изјавија дека САД проценуваат дека Украина минатиот викенд погодила до 20 руски воени авиони во напади со...

Свет2 дена

Трамп најави одмазда на Путин врз Украина: Mи стави до знаење дека ќе мора да одговори на неодамнешниот напад врз руските воени воздухопловни бази

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал по телефон со рускиот претседател Владимир Путин. Разговорот, според американскиот претседател, траел околу...