Економија
Славиме 9 години заедно – одиме во „Скопје сити мол“!
Пријатели, време е за нова роденденска дружба, шопинг забава, мноооогу награди проследени со супер атмосфера во Skopje City Mall за нашиот 9ти роденден! Дојдете и уживајте, ние ќе ви понудиме пријатно шопинг искуство, проследено со попусти како и шопинг ваучери кои ќе трае од 01ви до 03ти октомври.
Славиме роденден, но од безбедносни причини овој пат ќе ги изоставиме големите настани, кои изминатите години претставуваа наше и ваше големо задоволство. Во петок ќе имаме мали забавни активности, штулери за супер селфи и стаклени балерни ќе бидат составен дел од нашата роденденска атмосфера. Заради безбедни причини, да се избегнат редици и гужви овој пат шопинг ваучерите се распределени во три дена на 3 еднакви суми . Вкупниот фонд е 1 000 000 денари.
Во петок започнува големата традиционална шопинг игра од 10:00 часот.
Три дена ќе се доделуваат ваучери се додека не се потроши дневниот фонд. За најбрзите од вас, кои ќе направат шопинг обезбедивме шопинг ваучери во вредност од 1 000 000 денари.
Во играта на лојалност за потрошувачите, учествува секоја фискална сметка ( не збир на сметки ) напрaвена во Скопје Сити Мол со износ од или над 5,000.00 денари само во периодот од 01.10.2021 (петок) до 03.10.2021 (недела)
• Со фискална сметка од 5,000.00 ден. до 9,999.00 денари посетителот добива (2) два шопинг ваучери од 500.00 денари или вкупна вредност на ваучерите 1,000.00 денари
• Со фискална сметка од 10,000.00 до 19,999.00 денари посетителот добива (3) три шопинг ваучери од 500.00 денари или вкупна вредност на ваучерите 1,500.00 денари
• Со фискална сметка од 20,000.00 денари и поголема сума посетителот добива (4) четири шопинг ваучери од 500.00 денари или вкупна вредност на ваучерите 2,000 денари
Се што треба да направите е да дојдете на нашиот штанд и да ја прикажете сметката.
Не заборавајте, само НАЈБРЗИТЕ од вас добиваат. Затоа во период 01.10.2021 до 03.10.2021 Ве покануваме сите на шопинг!
Ваучерите се ИСКОРИСТУВААТ до 06.10.2021
Не заборавајте попустите ги објавуваме во четврток !
Славиме 9 години заедно!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

