Економија
Со средствата од кампањата „Повеќе од гол“, MOZZART донира во нов лик на Центарот за деца и младинци со посебни потреби – Крушево
Општествено одговорната компанија Mozzart продолжува со хумнитарните акции преку кои им помага на оние на кои тоа им е најпотребно. Овојпат Mozzart донесе насмевки, радост и задоволство во ЈУ Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби – Крушево. Собраните средства од кампањата „Повеќе од гол” во висина од 663.000 денари, ќе бидат наменети за подобрување на условите за работа и престој во центарот. Главниот амбасадор и промотер на оваа акција беше нашиот ракометар Филип Талески.
„ Прво, голема благодарност до Mozzart што ме одбра мене за оваа организација, да направиме едно убаво дело. Заедно одбравме да ги донираме собраните средства од кампањата „Повеќе од гол” таму кеде што се најпотребни. Донираме во мојот роден град Крушево, кај дечињата со посебни потреби и за мене тоа претставува огромно задоволство што ја имам оваа можност да помогнам”, изјави Филип Талески.
В.Д Директорката на Центарот за социјална работа во Крушево, Василика Чавкароска не можеше да ја сокрие радоста, благодарноста и задоволството од реализацијата на оваа хуманитарна акција на Mozzart.
„Голема благодарност до општествено одговорната компанија Mozzart. Позитивно изненадени бевме кога ни соопштивте дека токму ние сме одбрани да ја добиеме оваа донација. На центарот и на дечињата ќе им биде повеќе од добредојдена, бидејќи со сето ова значително ќе се подобри нивниот престој во центарот, а ќе се олесни и работата на вработените. Навистина немам зборови со кои би можела да ја искажам мојата благодарност до вас како компанија и се надевам дека нашата соработка ќпродолжи и понатаму. Продолжете како што сте започнале со реализација на вакви активности преку кои директно им помагате на оние на кои им е најпотребна помош”, рече Василика Чавкароска, В.Д Директор на Центар за социјална работа Крушево.
Со донацијата на општествено одговорната компанија Mozzart, Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби – Крушево, ќе добие целосно нов лик. Старите и дотраaни креветчиња ќе бидат заменети со нови, децата ќе добијат нови постелнини, ќебиња, играчки и едукативни материјали. Центарот ќе добие нов тв приемник, лаптоп и се што е потребно за подобро функционирање. Ќе биде поставен клима уред, соодветна справа за вежбање, нови завеси и теписони. Ваквите и слични хуманитарни донации не завршуваат тука. Mozzart и натаму продолжува да помага онаму каде тоа е најпотребно.
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.

