Економија
Oбјавени списоците на корисници на финансиска поддршка на страната на Министерството за труд и социјална политика
Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Законот за финансиската поддршка на ранливите категории граѓани за справување со енергетската криза списоците на корисници на финансиска поддршка се објавени на веб-страницата на Министерството.
Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе бидат исплатени на 12.1.2023 година.
„На веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика објавени (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица, посебен додаток, надоместок поради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба, без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок поради попреченост, како и самохраните родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош).
На веб-страницата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување).
На веб-страницата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок)“, се наведува во соопштението.
Списокот, како што нагласуваат од Министерството, се објавува со цел граѓаните да може да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка, а најдоцна до 9.1.2023 година.
Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта [email protected].
Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе биде отстранет од веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика, веб-страницата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и на веб-страницата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија по истекот на три дена од денот на објавувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

