Економија
Средба Бесими – Лудва: ЕУ-перспективата нема алтернатива, тоа се покажува и во време на криза
Посветеноста на новата Влада за продолжување на патот кон ЕУ како единствен и без алтернатива и реформите што ги спроведуваме за приближување кон ЕУ-стандардите, денеска беа потврдени на средба на министерот за финансии, Фатмир Бесими, со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва, стои во соопштението од Министерството за финансии.
Министерот за финансии потенцирал дека очекувањата на Владата се дека ЕУ преку француското претседателство ќе ги продолжи напорите за отворање на пристапните преговори, а македонската страна го продолжува дијалогот со Бугарија. Воедно, на средбата била повторена поддршката на ЕУ-перспективите на Македонија од страна на Чешката Република, која го презема претседателството со ЕУ од 1 јули 2022 година. Дополнително, била потврдена потребата за зголемена регионална интегрираност во прилог на зголемени инвестиции и економски раст, а кои ќе бидат во прилог на нашата стратешка цел – приклучување кон Европската Унија.
На средбата двајцата соговорници се осврнале на случувањата во Украина и на влијанието врз светските економски движења, вклучително и врз двете земји, како и активностите што секоја земја ги презема за да влијае на апсорбција на негативните ефекти врз домашната економија.
Македонија, истакнал министерот, ги следи состојбите и веќе донесе пакет од 26 мерки за заштита на стандардот на граѓаните и домашното стопанство како да овозможи безбедно и сигурно снабдување со енергенти. Во таа насока позитивно го оценил вклучувањето на нашата земја заедно со другите земји од Западен Балкан и Европската Унија со иницијативи што се во прилог на зголемена енергетска независност на Унијата и регионот.
Министерот на состанокот упатил на макроекономската стабилност во земјата и можностите за унапредување на економската соработка со Чешката Република и реализација на инвестиции.
По покажаното економско закрепнување во 2021 година, се очекува интензивирање на економскиот раст во наредните години преку реализација на инвестиции предвидени и во планот за забрзан економски раст, но и преку зголемено учество на капиталните расходи во буџетот, предвидено и со фискалната стратегија 2022-2026 година, каде што клучни елементи се редизајнирање и подобрување на јавните финансии и постепена фискална консолидација преку намалување на буџетскиoт дефицит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

