Економија
Средба Дурмиши – Харасти: Унапредување на социјалниот дијалог, креирање повеќе работни места и инклузивен пазар на труд се нашиот приоритет
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со Клер Харасти, директорка на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за Централна и Источна Европа.
На средбата се разговараше за досегашниот ангажман на оваа организација во Северна Македонија, за улогата на Меѓународната организација на трудот при носење на социјалните политики, за поддршката при формирањето на Економско-социјалниот совет во 2010 година, како и за имплементацијата на низа политики на пазарот на труд.
Дурмиши истакна дека блиската соработка на Министерството за економија и труд со МОТ од сега па натаму ќе биде од големо значење за нас.
Како што потенцираше, со реорганизацијата на министерствата, Министерството за економија и труд ги превзема надлежностите од секторот труд, што значи дека фокусот на ова министерство во иднина ќе биде подобрување на работничките права и креирање на политики за подобрување на пазарот на труд во земјата.
Информираше дека согласно тоа сега како Министер за економија и труд ќе преседава и со Економско социјалниот совет (ЕСС)
„Како Влада од особено значење е социјалниот дијалог, односно вклучување на сите засегнати страни при креирање на мерки, мора да ги имаме во предвид
интересите и на работниците и на бизнис секторот.Со реорганизацијата на министерствата сега Министерството за економија и труд ја превзема и надлежноста да ја претставува Северна Македонија во МОТ.Тоа значи дека МОТ ќе биде нашиот најзначаен надворешен партнер во областа на трудот, вработувањето,безбедноста и здравјето при работа, минималната плата, меѓународните стандарди на трудот и исполнувањето на меѓународните обврски на Северна Македонија“ кажа министерот Дурмиши на средбата.
Двајцата соговорници се согласија дека клучни прооритети на соработката во иднина ќе бидат унапредување на социјалниот дијалог, креирање на повеќе и
подобри работни места, и инклузивен пазар на труд.Министерот се заблагодари на досегашната поддршка за активностите на МОТ во Северна Македонија за подобрување на правата и условите за живот на работниците во нашата земја и изрази надеж дека воспоставената успешна соработка во иднина дополнително ќе се продлабочи.
„Во Министерството за економија и труд и кај мене како Министер за економија и труд секогаш ќе имате отворена врата и партнер за заедничко креирање на мерки, посебно за вашата експертска и техничка поддршка во креирањето на законските решенија кои произлегуваат од секторот труд и социјалниот дијалог“ кажа министерот Дурмиши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
Вицепремиерот Александар Николоски соопшти дека градежниот сектор бележи раст од 14,6 проценти во четвртиот квартал од 2025 година, истакнувајќи дека во земјата се реализираат бројни капитални проекти.
„Раст од 14,6% бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локални патишта и голем број комунални проекти“, напиша Николоски на Фејсбук.
Тој посочи дека градежништвото бележи континуиран пораст во текот на 2025 година.
„Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21% раст, а четвртиот квартал бележиме 14,6% раст (и покрај зимскиот период каде поради природните услови градежните активности се намалуваат)“, наведува Николоски.
Според него, Македонија е меѓу земјите со најголем раст на БДП, при што во четвртиот квартал економијата пораснала за 3,8 проценти.
„Македонија се гради и се развива – следуваат нови инфраструктурни проекти“, објави Николоски на својот Фејсбук профил.
Економија
Од полноќ поскап бензин, цената на дизелот останува иста
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 27.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,977%, кај дизелот за 0,464%, кај екстра лесното масло за 0,370% и кај мазутот зголемувањето е за 3,965%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1035%.
Од 3.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,542 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 ден/кг и сега ќе изнесува 35,542 ден/кг.
Економија
ТИТАН Усје: Работиме согласно сите закони, емисиите се мерат 24 часа со независен мониторинг – нема надминувања на лимитите
ТИТАН Усје соопшти дека повеќе од 70 години работи како одговорна компанија во земјата, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни објекти, меѓу кои болници, брани, патна и јавна инфраструктура.
Од компанијата наведуваат дека грижата за животната средина е нивна основна вредност и дека ја следат јавната дебата поврзана со квалитетот на воздухот и заштитата на животната средина, давајќи, како што велат, транспарентен придонес кон решавање на овие прашања.
„Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А – Интегрирана еколошка дозвола – честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од законските обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити“, велат од ТИТАН Усје.
Како членка на Групацијата ТИТАН, компанијата информира дека ги следи меѓународно признатите практики и ESG стандарди, со долгорочна посветеност на заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и современото корпоративно управување.
Во изминатите 15 години, ТИТАН Усје инвестирала повеќе од 29 милиони евра во одржливо производство и еколошки технологии, а дополнителни три милиони евра се планирани до 2029 година.
Од компанијата посочуваат дека нивни приоритети остануваат партнерствата, благосостојбата на вработените и континуираната поддршка на заедницата.

