Економија
Среде енергетска војна, Русите завршуваат огромен гасовод во Кина
Кина и Русија се во завршна фаза на изградба на првиот гасовод што ќе го снабдува Шангај со гас од Сибир.
Гасоводот „Моќта на Сибир“, како што се нарекува делот лоциран во Русија, почна да испорачува природен гас во северна Кина уште во декември 2019 година. Гасоводот од кинеската страна минува низ источната страна на земјата, покрај Пекинг и сè до Шангај. Средната фаза на работите почна во декември 2020 година, а последниот, јужниот дел, ќе почне со испорака на гас во 2025 година, јавуваат кинеските државни медиуми.
Енергетските гиганти во сопственост на две држави, рускиот Гаспром и Кинеската национална нафтена корпорација, го градат гасоводот веќе осум години. Завршната фаза од изградбата доаѓа токму во моментот на големата енергетска војна меѓу Русија и Западот, пишува Си-ен-би-си.
Кина бараше диверзификација на своите извори на енергија, а обемот на овој гасовод најпластично покажува каква диверзификација првично имал Пекинг на ум.
Иако Русија наводно инвестирала 55 милијарди долари во овој нов договор за гас со Кинезите, Пекинг увезол гас во вредност од само 3,81 милијарди долари од 2019 година. Сепак, темпото на кинеските купувања експоненцијално се забрза веќе во првата половина од оваа година.
Во извештајот на Интерфакс се наведува и дека вкупниот извоз на Гаспром во земјите кои не биле дел од Советскиот Сојуз паднал за 31 отсто, на 68,9 милијарди кубни метри, во првите шест месеци од оваа година.
На почетокот на февруари Кина и Русија го проширија годишниот договор за купување гас за 10 милијарди кубни метри – ниту една од земјите не прецизираше кога точно треба да се спроведе договорот, туку изјавија дека станува збор за „долгорочен договор“.
И Кина и Русија разговараа за изградба на дополнителни гасоводи, како што се очекува да поминува од Сибир преку Монголија. „Фајненшл тајмс“ веќе објави овој месец дека Монголија очекува да започне со изградба на нов гасовод, познат како „Моќта на Сибир 2“, во рок од две години.
Во меѓувреме, Кинезите и Русите продолжуваат да соработуваат за развој на нуклеарната енергија. Во мај 2021 година кинескиот претседател Шји Џјинпинг и рускиот претседател Владимир Путин го иницираа она што тогаш беше опишано во медиумите како револуционерен настан – изградба на две заеднички нуклеарни централи во Кина.
Кина во последните месеци купува сè повеќе руски јаглен, кој сè уште е доминантен извор на енергија во таа земја, а сега од Русија пристигнува со специјален попуст за источните пријатели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

