Економија
ССК: Деловната заедница со намалена доверба во судството
Недовербата во судскиот систем се зголемува, изјави претседателката на Сојузот на стопански комори (ССК), Данела Арсовска, која со претседателот на Комората на медијатори, Славе Младеновски, официјално го потпишаа догoворот за пристапување на Комората на медијатори во Сојуз на стопански комори на Македонија.
Арсовска рече дека со пристапувањето на Комората на медијатори во рамки на Сојузот внесуваат уште еден, значаен сегмент во работењето, а тоа е сеопфатниот структуриран систем за алтернативно решавање на споровите со медијацијата или постапка за компромисно решавање на споровите.
„Недовербата во судскиот систем се зголемува, владеењето на правото е еден од предизвиците на кои алармираат и меѓународните институции во извештаите, а судските постапки траат несразмерно долго, што е и причина за незадоволство кај деловната заедница. Должината на траење на судските постапки резултира со пролонгирање на разврска на должничко доверителските спорови, при што неможноста да се наплатат побарувањата имаат за последица проблеми во ликвидност на компаниите, а кај оние со големи побарувања во судски спорови дури и отпочнување постапки за стечај поради неможност за сервисирање на обврските. Сојузот, како застапник на интересите на приватниот сектор, алармира на потребата да се афирмира како алтернативен начин на решавање на стопанските спорови со акцент на заштеда на време и средства кај компаните, во време кога е неопходно да се почне со реализација на структурни реформи во судството кои би ја вратиле изгубената доверба кај деловната заедница“, истакна Арсовска.
Претседателот на Комора на медијатори, Младеновски, на официјалното пристапување во Сојузот истакна дека во период што следи ќе се заложат нашата земја да биде лидер во регионот во областа на медијацијата.
„Комората на медијатори со пристапувањето во Сојузот на стопански комори на Македонија продолжува со политиката на градење мостови на соработка и пријателство со деловната заедница. Ние во Сојузот гледаме партнер, соработник и пријател. Видовме големи можности заеднички да направиме промени во пристапот кај стопанствениците во решавање на споровите. Со предавања и информирање ќе ги запознаеме со предностите и карактеристиките на медијацијата. Со изборот на оваа постапка деловната заедница ќе испрати јасна порака во јавноста дека е подготвена за соработка врз основа на интересот“, изјави Младеновски и додаде дека со медијацијата се придонесува во намалување на големата поделеност по различни основи и во намалување на конфликтноста во општеството.
Од европските земји, Кралството Холандија има висок процент на застапеност на медијацијата во решавањето на споровите. Во Македонија вкупната бројка на медијации од 2007 до 2016 година, не можеше да достигне троцифрен број, од 2017 година, се забележува драстична разлика. Лиценцираните медијатори, заклучно со 10 април 2019 година прикажаа внес на 1364 предмети во регистарот на Министерството за правда. Согласно статистиката на Министерството за правда, од вкупно 1364 предмети кои досега се евидентирани во регистарот на Министерството за правда, 79%, односно 1079 завршиле со спогодба. Што се однесува до стопанските спорови, од 395 медијации по овој основ пред медијаторите, 129 или 32,6% завршиле со постигнати спогодби.
Сојузот на стопански комори на Македонија е најголема деловна организација во земјава со 34 стопански комори, секторски, билатерални, регионални и со над 30 групации, здруженија и асоцијации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

