Економија
Стојаноски: Колку подолго е на власт Владата на СДСМ и ДУИ, толку поблиску сме до банкрот
Во текот на јуни во Собранието ќе се разгледува ребалансот на буџетот за 2022 година. Двоецот Бесими – Ковачевски пред 6 месеци во ова Собрание нѐ убедуваа дека буџетот за 2022 година е направен за да одговори на кризите со кои се соочува државата и дека ќе има рекордно ниво на капитални расходи, кои ќе го надминат буџетскиот дефицит. За потсетување, уште во ноември државниот врв бил информиран дека Русија ќе ја нападне Украина, а уште од летото 2021 знаеја дека цената на електричната енергија ќе расте, посочи денеска Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од почетокот на пандемијата во 2020 година постојано сме во криза, донесени се два ребаланса во 2020 година, буџет и ребаланс за 2021 година и буџет за 2022 година. Тоа значи пет буџети во период од две години и секогаш велат дека непродуктивните трошоци ги кратат за стотина милиони евра. Ребалансот на буџетот за 2022 година сѐ уште не е достапен на пратениците, но од пресот на министерот за финансии можеме да заклучиме дека повторно се кратат капиталните расходи, т.е. развојниот дел на еден буџет“, вели Стојаноски.
Лошото менаџирање со енергетските капацитети од страна на власта не доведе до покачување на цената на струјата за 30-ина проценти во последните 3 години, а веќе налето се очекува и ново покачување, кое може да биде повторно двоцифрено, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Оценува дека Владата на СДСМ и ДУИ мора да си замине што побргу.
„Колку подолго се на власт, толку поблиску сме до банкрот. Јавниот долг се очекува да ги пробие сите можни граници, и таа од 8 милијарди евра и таа од 65 % од БДП. Генерации и генерации ќе треба да ги плаќаат неспособноста, незнаењето, но, пред сѐ, криминалот и корупцијата на оваа Влада“, истакна Стојаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

