Економија
Сугарески и Спасовски на увид за далноводот Штип – Пробиштип
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева, присуствуваa на завршните активности на 110-киловолтниот далновод Штип – Пробиштип по што следува пробното пуштање во работа на делницата што ја поврзува трансформаторската станица во Штип со трафостаницата на индустриската зона „Неокази“ во непосредна близина на Пробиштип.
Во изјавата за медиумите по овој повод премиерот Спасовски истакна дека со овој голем инфраструктурен проект на акционерското друштво во државна сопственост МЕПСО се подобрува снабдувањето со електрична струја за неколку градови во источниот дел на земјата, а исто така се овозможува директно и квалитетно снабдување со овој енергент и до индустриската зона „Неокази“ во близина на Пробиштип.
Воедно, тој потенцира дека со обновувањето и модернизирањето на инфраструктурната електроенергетска дистрибутивна мрежа се создава подобра бизнис-клима и се зголемува економскиот потенцијал како значајна основа за актуелните и сите потенцијални инвеститори во регионот.
„Оваа модернизација значи во крајна линија создавање услови на долг рок за подобрување на целокупното општествено живеење. Затоа што редовно и навремено снабдување со квалитетна електрична енергија е основен предуслов за сите сегашни и идни инвеститори да вложат во земјата, да отворат нови работни места, да го зголемиме домашниот бруто-производ и да создадеме поквалитетна сегашност и просперитетна иднина“, истакна претседателот на Владата, Спасовски.
За оваа Влада, посочи премиерот Спасовски, приоритет се модернизирањето и зголемувањето на преносните капацитети на електропреносниот систем бидејќи тој е крвотокот на електроенергетскиот систем.
„Од значењето на електроенергетскиот систем произлегува и уникатното стратешко значење на МЕПСО како државна компанија, која управува со електропреносниот систем и која во реално време, 24 часа секојдневно, ги контролира стабилноста и размената на електрична енергија со електропреносните системи на сите соседни држави“, истакна премиерот Спасовски.
Тој посочи дека од тие причини АД МЕПСО ја има целосната поддршка на Владата за континуираното вложување во преносната мрежа и за надградување на системот.
„Тековните инвестиции во преносната мрежа, вклучително и изградба на нови и модернизации на трафостаници и далноводи, изнесуваат 50 милиони евра и Владата е секогаш подготвена да ги поддржи добрите проекти и со тоа да ја зголеми економската благосостојба на населението во овој регион и во целата земја, што е наша крајна цел“, рече премиерот Спасовски.
Министерот за транспорт и врски, Сугарески, потенцира дека инвестициите во електроенергетиката и модернизацијата на преносната мрежа се од огромно значење како за унапредување на стопанството и раст на економијата така и за секое домаќинство во државата.
„Денес, сведочиме на успешна реализација на многу значаен проект, кој претставува само дел од тековниот инвестициски циклус и вклучува изградба на нови капацитети и модернизација на постојни трафостаници“, информира министерот Сугарески.
Тој воедно наведе дека во моментот се одвиваат обемни активности за модернизација и ревитализација на 6 трансформаторски станици.
„Исто така, во фаза на подготовка е изградба на 4 нови далноводи на постојните траси, со што, ако го земеме предвид и овој објект каде што присуствуваме денес, станува збор за изградба на 150 километри нова далноводна мрежа“, нагласи министерот Сугарески.
Тој посочи дека она што е особено важно е дека овој инвестициски фронт ќе биде одбележан со проектот за изградба на нов 400-киловолтен далновод од ТС „Битола“ – ТС „Елбасан“ и проектот за изградба на нова трансформаторска станица кај Охрид.
„Покрај инвестициите во електроенергетиката, со силно темпо работиме на реализација на крупни капитални инвестиции и во делот на патната, комуналната и железничката инфраструктура, интензивно тече изградбата на магистралниот гасовод. Станува збор за најголемите инвестиции во инфраструктурата досега, со вредност од над 1 милијарда евра“, потенцира министерот Сугарески и додаде дека сето тоа значи раст на градежништвото, нови работни места, подобри услови за работа на компаниите, стимулирање на економијата и поквалитетен живот на граѓаните.
Генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева, истакна дека со овој далновод се овозможува стабилно снабдување со квалитетна електрична енергија на новата индустриска зона до Пробиштип и со тоа се остваруваат заложбите на Владата да се подобрат условите во кои работи бизнис-секторот и да се создаде подобра економска перспектива за Пробиштип и околните градови.
„Станува збор за реконструкција на 110 kV далновод, што беше во функција 48 години, изграден 1972 година и беше поставен на армирано-бетонски столбови. На постојната траса старите бетонски ги заменивме со нови челично-решеткави столбови. На нив се поставени нови проводници, овесна и спојна опрема и ново заштитно громобранско јаже со интегрирани оптички влакна“, нагласи директорката Шуклева.
Таа информира дека реконструкцијата се финансира со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а инвестицијата за изградба на далноводот вреди 2,45 милиона евра.
Директорката Шуклева наведе дека вкупната должина на далноводот е 25,2 км и планирано е работите во целост да завршат ова лето во август.
Овој далновод е дел од најголемиот инвестициски циклус во историјата на МЕПСО, кој опфаќа: реконструкција на 6 далноводи, кои работат на 110 kV ниво, модернизација на 6 трансформаторски станици и изградба на прв далновод, што ќе нè поврзе со електропреносниот систем на соседна Албанија и изградба на нова трансформаторска станица кај Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Народна банка: Просечната стапка на инфлација за 2025 година изнесува 4,1%
Денеска се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.
Во согласност со тековните економски движења и оценетите ризици од надворешното и домашното окружување, Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на постојното ниво. Така, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 4%. Воедно, на аукцијата на благајнички записи, којашто ќе се одржи на 11 февруари, понудата ќе изнесува 54 милијарди денари, а понудата на наредните аукции ќе се утврдува согласно проектираната промена на ликвидносната позиција на банкарскиот систем на неделна основа.
„Задржувањето на внимателниот пристап при водењето на монетарната политика произлегува од потребата за стабилизирање на инфлацијата близу до долгорочниот просек, од динамичната кредитна активност, домашните политики коишто влијаат врз побарувачката, како и од присутните надворешни ризици поврзани со тековната неизвесност во светските трговски политики и геополитички тензии. Се очекува дека досегашните измени кај задолжителната резерва, кај макропрудентните мерки во делот на критериумите за квалитетот на кредитната побарувачка, како и одлуките поврзани со управувањето со системските ризици ќе обезбедат дополнителна поддршка за монетарната политика. Комбинираното дејство на овие мерки ќе придонесе за одржување на стабилноста на девизниот курс и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок, како и за ограничување на потенцијалните системски ризици“, соопштија од Народната банка.
Просечната стапка на инфлација за целата 2025 година изнесува 4,1%, под влијание на промените на цените кај базичната и кај прехранбената компонента.
Од Народната банка соопштија дека остварувањата кај инфлацијата се близу до октомвриската проекција, но таа и понатаму е над историскиот просек, поради што нејзиното одржливо стабилизирање и понатаму е во фокусот на монетарната политика.
„Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани претежно во нагорна насока. Ризиците за идната динамика на инфлацијата и понатаму постојат, а се поврзани со променливото надворешно окружување, но и со домашните фактори што влијаат врз агрегатната побарувачка“, се наведува во соопштението.
На крајот на јануари 2026 година, нивото на девизните резерви изнесува 5.600,5 милиони евра и е повисоко во однос на крајот на 2025 година, што според сите меѓународни показатели за адекватноста на девизните резерви се оценува како соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, остварувањата на менувачкиот пазар во јануари упатуваат на нето-приливи од приватните трансфери коишто засега се малку пониски од очекувањата за првиот квартал. Податоците за надворешнотрговската размена во четвртиот квартал од 2025 година упатуваат на трговски дефицит којшто е малку повисок од очекувањата според октомвриската проекција.
Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП забрза и изнесува 3,8% на годишна основа, што е малку над оцената во рамките на октомврискиот циклус проекции. Расположливите високофреквентни податоци за четвртиот квартал од 2025 година засега упатуваат на понатамошен раст на економската активност, којшто благо би забрзал според последните проекции. Светската неизвесност, особено поради трговските политики и геополитичките тензии, и натаму претставува најголемиот надворешен ризик за домашната економија. Во однос на домашното окружување, обемот и динамиката на остварување на домашните инфраструктурни проекти се едни од главните фактори за темпото на идниот економски раст.
Во однос на движењата во монетарниот сектор, првичните податоци за депозитите и кредитите на банките за јануари 2026 година упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките, но и на динамична кредитна активност, чиишто годишни стапки на раст засега се над очекувањата за првиот квартал од годината.
Општо земено, со одлуката донесена од Народната банка и натаму се задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, којшто е усогласен со најновите движења кај главните макроекономски показатели и проценетите надворешни и домашни ризици. Надворешните ризици и понатаму постојат, а внимателно се следат и домашните фактори коишто влијаат врз доходот и побарувачката. Народната банка е подготвена да ги користи сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)

