Економија
Тевдовски: ЕБОР ќе обезбеди средства за автопатите Скопје – Блаце и Кичево – Гостивар
Европската банка за обнова и развој ќе влезе во финансирање на изградбата на автопатите Скопје – Блаце и Кичево – Гостивар, односно првата делница Кичево – Букојчани, истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, на годишните средби на Европската банка за обнова и развој, кои се одржуваат во Сараево.
„На годишните состаноци на ЕБОР имавме шанса да зборуваме за тековната, но и идната соработка со Банката. Договоривме поддршка за идниот период – изградба на важни патишта во нашата земја. Тоа се автопатите Скопје – Блаце и Кичево – Гостивар, односно првата фаза Кичево – Букојчани, како и изградба на електронски патарини по должината на Коридорот VIII и на патот Миладиновци – Штип“, рече Тевдовски.
Тој посочи дека се бараат и се обезбедени и грант-средства за изградба на овие патишта. За Кичево – Букојчани преку Инструментот за Западен Балкан обезбедени се 20 милиони евра, а за Скопје – Блаце се очекуваат грант-средства од ЕБОР во износ од 27 милиони евра до крајот на годината.
„Тоа се неповратни средства. Овие се добри проекти бидејќи ќе се гради инфраструктурата, која ќе го придвижи и економскиот раст, но и ќе ги подобри условите за живеење на граѓаните во нашата земја“, вели Тевдовски.
ЕБОР во јавниот сектор во земјата финансира најмногу проекти од патната и железничката инфраструктура. Портфолиото на Банката во овој сектор изнесува 622 милиона евра.
Тевдовски и премиерот Зоран Заев учествуваа на годишните средби на ЕБОР во Сараево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

