Економија
Тевдовски: Минатата година имплементиравме најмногу препораки од сите земји аспиранти за влез во ЕУ
Нашата држава е лидер меѓу земјите од регионот во спроведување на препораките на Европската комисија за реализирање на Програмата за економски реформи, истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, во Љубљана, каде што учествува на конференцијата „Кон подобрени структурни реформи и фискални рамки“.
Тој е еден од говорниците на панелот „Економско управување во контекст на пристапот во ЕУ“ во рамките на конференцијата.
„Во 2018 година имплементиравме најмногу препораки од сите земји аспиранти за влез во ЕУ. Лани бевме најдобри со 54,4 отсто реализација. Во моментот процентот на реализација на договорените активности е 65 отсто. Уверени сме дека таквиот тренд ќе продолжи и во наредниот период и дека дијалогот со Европската комисија ќе биде поттик да дојдеме до најдобрите решенија за земјата“, рече министерот.
Како што информираат од неговиот кабинет, на конференцијата било истакнато дека во процесот на пристапување кон ЕУ, економиите на земјите аспиранти треба да станат доволно витални за да ги издржат конкурентните притисоци на единствениот пазар на Унијата. Притоа како најважни области што треба да зајакнат биле посочени економското управување, конкурентноста и трговијата.
Подготовката на Програмата за економски развој е координирана од страна на Министерството за финансии, а се доставува до ЕК по нејзиното усвојување, најдоцна до 31 јануари. Потоа, таа се оценува преку оценски мисии во земјата од страна на ЕК, Европската централна банка и Евростат по што почнува дијалог во рамките на Советот на ЕУ. Процесот завршува со донесување заеднички заклучоци врз основа на оцената на Програмата за економски реформи и се даваат препораки за подобрување на макроекономската политика на земјата, управувањето со јавните финансии и квалитетот на структурните реформи.
На панелот на конференцијата во организација на Центарот за обука во областа на финансиите (ЦЕФ) воведничар бил Андреас Пападопулос од Генералниот директорат на ЕК за проширување, а учесници се и министерот за здравство на Црна Гора, Кенан Храповиќ, заменик-министерот за финансии и економија на Албанија, Ерјон Лучи, координаторот за програмите за економски реформи на Босна и Херцеговина, Зоран Жељко, и Ирена Дрмеж од Министерството за финансии на Словенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

