Економија
Тевдовски: Од годинава ќе стартува регистарот на вистински сопственици на фирми
Годинава ќе стартува регистарот на вистински сопственици со кој ќе се евидентираат физичките лица, сопственици на правни субјекти кои ги поседуваат или контролираат фирмите, истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, на денешната работна посета на Управата за финансиско разузнавање. Оваа новина, велат од Министерството за финансии, е дел од новиот Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам, кој е согласно европската регулатива.
Министерот Тевдовски, исто така, истакна дека оваа и други мерки се во насока на зајакнување на капацитетите на институциите и борбата против корупцијата преку зајакнување на транспарентноста.
„Регистарот на вистински сопственици треба да претставува систем кој има за цел да ги направи транспарентни сложените сопственички структури и правни аранжмани, односно да го разоткрие скриеното сопствеништво. Имено, истиот треба да го бележи сопственикот, односно сопствениците на правното лице или оние кои имаат реална или друг вид контрола врз истото“, изјави Тевдовски.
Тој посочи дека Министерството за финансии пропишало правилник за регистрација во регистарот во кој е регулиран начинот на внесување, пријавување на вистински сопственици, изразување на уделот на сопствеништво, технички барања и начинот на одржување и администрирање.
Директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов, истакна дека Македонија има значаен напредок во борбата против перењето пари и спречување тероризам. Ова го потврдува и реномираниот „Базелски институт“ во својот извештај за 2018 година.
„Македонија е една од земјите кои од 2018 година може да се пофалат дека се наоѓаат во листата на 10 земји во светот со низок ризик од перење пари и финансирање тероризам, меѓу земји како Финска и Шведска. Република Македонија има напредок од преку 15 места на ранг листата на нискоризични држави во поглед на перењето пари и финансирањето на тероризам. За илустрација во извештајот за 2016 година Македонија била на листата на т.н. топ 10 најголеми губитници со зголемувањето на степенот на ризик“, рече Трендафилов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

