Економија
Три години А1 Македонија на пазарот: Неограничен интернет за неверојатно 5G искуство
Со иновативни дигитални решенија, богато конвергентно портфолио, најатрактивни понуди во мобилната телефонија и воведување на револуционената 5G технологија со што најбрзата мобилна мрежа станува уште побрза, А1 одбележува три години присуство на македонскиот пазар. За таа цел, А1 воведува нова и збогатена понуда во мобилната телефонија со најсовремени 5G телефони и супериорна услуга за неверојатно 5G искуство и воведува многу подароци преку апликација Мојот А1.
“Успехот во минатите три години го следеше патот кон вложувања во нови технологии и беше воден од нашата желба да ги надминеме очекувањата и да ги пресретнеме потребите на нашите корисници. Затоа со задоволство ја најавувам најновата септемвриска понуда со која корисниците добиваат можност за неверојатно 5G искуство, можност да изберат нов 5G смарт уред од богатото портфолио на А1, но и со комбинирање на услугите во А1 Combo да добијат услуги за суперирорно корисничко искуство по најповолни услови”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.
Со септемвриската роденденска промоција, сите корисници на пакетите А1 Nova M до A1 Nova XXL, автоматски ја добиваат можноста да ги искусат бенефитите на 5G мрежата. Корисниците пак на преостанатите тарифни модели пристап до 5G можат да добијат со едноставно активирање на еден од дополнителните пакети и тоа: месечен 5G пакет со неограничен интернет за само 599 денари и месечен 5G пакет за само 99 денари кој овозможува 5G согласно месечниот мобилен интернет вклучен во тарифата на корисникот.
“Мотото “Секој твој свет” останува да биде синоним за сè она што А1 го креира во своето портфолио. Накусо ги опишува остварените ветувања кон нашите корисници – да добијат комуникациски решенија што им се најпотребни, да сурфаат неограничено на најбрзата мобилна мрежа, да зборуваат неограничено, а преку понудените дигитални решенија да ги искусат придобивките од дигитализацијата во секојдневниот живот”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.
За да можат да ја користат супериорната 5G технологија, корисниците треба да поседуваат уред што поддржува 5G и да се наоѓаат во подрачје што има 5G сигнал. А1 Македонија интензивно работи на проширување на 5G мрежната покриеност насекаде низ земјата, а во моментов таа го опфаќа урбаниот дел на град Скопје. Деталната листа на уреди е достапна на официјалната веб страница на А1.
Како надополнување на роденденската промоција, A1 Македонија за сите свои корисници во мобилната телефонија обезбедува изнендување преку последната верзија од апликацијата Мојот А1.
“Важните моменти секогаш ги славиме заедно со нашите корисници па така и овој септември сите корисници на мобилни услуги добиваат своето А1 роденденско изненадување”, заклучи Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

