Контакт

Економија

Усвоена новата национална програма за достоинствена работа

Објавено пред

Меѓународната организација на трудот (МОТ), Владата, синдикатите и организациите на работодавците ја усвоија новата национална програма за достоинствена работа, што ќе се спроведува до крајот на 2025 година. Креирање повеќе и подобри работни места, подобрени изгледи за вработување на младите жени и мажи, како и инклузивен пазар на труд преку натамошно унапредување на социјалниот дијалог, се клучните приоритети на чие остварување во наредните три години заеднички ќе продолжат да работат партнерите што го сочинуваат социјалниот дијалог.

dobivaj vesti na viber

„И покрај големите предизвици со кои се соочи целата земја, нејзините граѓани и економијата, поврзани со влијанието на пандемијата, војната во Украина и енергетската криза, сепак успеавме да направиме сериозен исчекор во унапредување на трипартитниот социјален дијалог со синдикатите и организациите на работодавците, особено во рамките на Економско-социјалниот совет. Благодарение на ваквата соработка се донесоа одлуки, кои имаа значително влијание врз обликувањето на националните економски и социјални политики. Крајните ефекти од ваквите одлуки и политики, особено врз намалувањето на невработеноста и зголемувањето на минималната и просечната плата, несомнено се резултат и на посветеноста и волјата за соработка на сите социјални партнери“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Новата национална програма за достоинствена работа во суштина се надоврзува и ги поддржува националните развојни приоритети утврдени во Националната стратегија за вработување 2021-2027, Програмата за економски реформи 2023-2025, Планот за спроведување на гаранцијата за млади 2023-2026 и акцискиот план на Економско-социјалниот совет 2023-2025 година.

„Од нејзината независност, Северна Македонија постигна напредок во економскиот развој и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Сепак, земјата доживува една од најбавните конвергенции на приходите со ЕУ во споредба со другите земји од Западен Балкан. Подобреното учество на пазарот на трудот ќе биде од клучно значење за да се постигне нивото на ЕУ. Поддршката на МОТ има за цел да создаде повеќе можности за вработување, особено за младите, да ја зголеми продуктивноста и платите, да се бори против дискриминацијата, како и со насилството и вознемирувањето на работното место и да го зајакне гласот на социјалните партнери “, порача Маркус Пилграм, директор на МОТ за Централна и Источна Европа.

Покрај МОТ, својот потпис на новата тригодишна Програма за достоинствена работа го ставија и претставниците на организациите кои учествуваат во трипартитниот социјален дијалог – Владата на Република С. Македонија, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), Бизнис Конфедерацијата на Македонија (БКМ), Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ) и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ).

„Охрабрени сме од фактот дека целите што треба да се постигнат со реализацијата на новата Национална програма за достоинствена работа се надоврзуваат со напорите на Владата за остварување на Целите на одржливиот развој, утврдени во Стратегијата на Обединетите нации за периодот од 2021 до 2025 година. Оттаму, веруваме дека усвојувањето и реализацијата на оваа Програма ќе придонесе за подобрување на животниот стандард на сите луѓе во Северна Македонија, преку еднаков пристап до достоинствена работа и продуктивно вработување генерирани од инклузивен и иновативен деловен екосистем“, посочи Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, поздравувајќи го усвојувањето на новата Национална програма за достоинствена работа.

Со своето постојано присуство во земјата од 2009 година и преку Националните програми за достоинствена работа, Меѓународната организација на трудот ги поддржува партнерите кои учествуваат во социјалниот дијалог на национално и локално ниво во надминувањето на предизвиците поврзани со реформите на трудовото право, социјалниот дијалог и невработеноста. Во последниве неколку години МОТ активно работи на промовирање на социјалниот дијалог како клучен инструмент за унапредување на економската и социјалната кохезија, доброто управување и создавањето повеќе и подобри работни места. Покрај тоа, МОТ е единствениот институционален партнер на Северна Македонија во воведувањето и спроведувањето на Гаранцијата за млади.

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година.

dobivaj vesti na viber

Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 34,520 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,380%, кај дизелот за 2,624%, кај екстра лесното масло за 2,351% и кај мазутот зголемувањето е за 2,274%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4252%.

Прикажи повеќе...

Економија

Работилница на македонската и грчката регулаторна комисија за енергетика: во фокусот поврзувањето на пазарите за електрична енергија

Објавено пред

Регулаторното искуство во поврзување на пазарите за електрична енергија беше фокусот на третата заедничка работилница помеѓу Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY).

dobivaj vesti na viber

“Откако се донесе Законот за енергетика, во РКЕ се формирани тимови од инженери, економисти и правници кои работат интензивно на подзаконската регулатива што ќе обезбеди усогласување на домашната легислативата со европската. Ова е само еден од предусловите за да започне практичната интеграција на домашниот пазар со регионалните пазари, а потоа и со Европскиот пазар за електрична енергија. Регулаторната работилница за нас е можност да размениме искуства и знаење, затоа што грчкиот регулатор веќе го има затворено овој процес.“ посочи Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.

Од Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY) ги презентираа регулаторните чекори кои што ги презеле при спојување со европскиот енергетски пазар, нагласувајќи дека ова е интензивен процес што бара блиска и ефикасна соработка на засегнатите страни за да се постигне јасна и транспарентна транзиција.

РКЕ и РАЕ минатата година во февруари склучија Меморандум за соработка во областите: енергија, вода и отпад со цел размена на регулаторна експертиза.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска со концесионерите во Прилеп: Развојот на рударството продолжува со јасни правила, повисоки стандарди и поголема контрола

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Прилеп одржа заедничка работна средба со најголемите концесионери од регионот, посветена на актуелните состојби во рударскиот сектор, предизвиците со кои се соочуваат компаниите и можностите за понатамошен развој.

dobivaj vesti na viber

На состанокот присуствуваа претставници на повеќе компании кои имаат значајна улога во експлоатацијата и преработката на минерални суровини. Во отворена дискусија се разговараше за тековната динамика на работа, инвестициите во модернизација на производството, предизвиците поврзани со административните постапки, како и потребата од предвидлива и стабилна регулаторна рамка која ќе овозможи долгорочно планирање и нови вложувања.

Министерката Божиновска нагласи дека државата има јасен интерес рударството да се развива како силен економски сектор, но исклучиво со целосно почитување на законските обврски, еколошките стандарди и безбедносните правила.

„Партнерството со компаниите е важно, но уште поважно е довербата на граѓаните. Затоа развојот мора да оди паралелно со одговорност, транспарентност и засилен надзор“, истакна Божиновска.

Концесионерите ја поздравија иницијативата за почести директни средби со институциите, оценувајќи дека ваквиот пристап овозможува побрзо решавање на отворените прашања и подобра координација во секторот.

На средбата беше потенцирана и потребата од засилен инспекциски надзор на терен, при што беше нагласено дека отворањето на новата канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп ќе придонесе за поефикасна контрола, еднакви услови за работа и дополнително зајакнување на стандардите во индустријата.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на континуиран дијалог со индустријата, со цел создавање стабилна деловна средина, одржлив економски раст и јасни придобивки за локалните заедници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива...

Македонија11 минути

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија13 минути

„Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби“, велат од СДСМ

„Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ. Правната држава е погребана. Сè...

Македонија42 минути

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија45 минути

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од Голем број граѓани и компании останаа без своите заштеди и деловни средства, додека постапката што ја водат...

Свет1 час

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет1 час

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа2 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа3 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа3 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија13 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија19 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија20 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија21 час

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија21 час

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија22 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија22 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион24 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет1 ден

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија1 ден

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...