Економија
ФАО: Цените на храната најниски во последните две години
Светските цени на храната во ноември паднаа на најниско ниво во период од повеќе од две години, поттикнати од големиот пад на цените на растителните масла, млечните производи и житните зрна, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Индексот на цените, пресметан од страна на ФАО, која ги мери месечните промени во цената на потрошувачката кошница (жито, масло за јадење, млечни производи, месо и шеќер), во ноември падна на 160,8 поени во споредба со октомвриските 162,9 поени, што е најниско ниво уште од мај 2016 година, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Сепак, според процените на ФАО, глобалното производство на житни зрна за 2018/2019 година би требало да изнесува 2,595 милијарди тони, што е значително пониско во споредба со претходната проекција и 2,4 отсто пониско од минатогодишното рекордно производство.
Прогнозите на ФАО за светското производство на пченица во 2018/2019 година изнесуваат 725,1 милиони тони, што е 2,8 милиона тони помалку во однос на претходната проекција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот
Еврото денеска падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот откако најновите податоци покажаа дека деловната активност во еврозоната нагло паднала во ноември.
Според податоците на берзата, европската заедничка валута во еден момент се тргуваше по 1,0399 долари, што е најниска вредност од декември 2022 година, пренесува CNN (CNBC).
Глобалната агенција S&P објави дека композитниот индекс во еврозоната паднал од октомвриските 50 поени на 48,1 поени.
Економија
Во октомври годишен раст од 11,0 отсто на вкупните депозити и од 9,2 отсто на вкупната кредитна поддршка
Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,0%, којшто произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк.
Економија
Преку Wine vision by Open Balkan ќе се промовира македонското врвно вино и традиционалната македонска храна
Од 22 до 24 ноември оваа година се одржува најголемиот саем во Белград „Wine vision by Open Balkan“ каде што свое место ќе заземе и македонското вино и традиционалната македонска храна.
Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.
Токму на овој настан посетителите ќе имаат можност да ги вкусат врвните македонски вина, да се запознаат со нашите традиционални вкусови и гастрономски особености.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поддржува нашите изложувачи се со цел да се промовираат земјоделските производи и да се прошири извозот на истите надвор од границите на државата.
Во склоп на настанот кој што се одржува овие неколку дена ќе се одржи и македонска вечер на која што ќе присуствуваат високи делегати и владини претставници од други држави.
Преку македонската вечер присутните гости ќе се запознаат со богатството со кое што располага Македонија кога станува збор за вино и храна, велат од МЗШВ.