Економија
Фондацијата „Никола Јанчев“ донира 120 прочистувачи за воздух

Донацијата ја примија директорите на 6 основни училишта од Кавадарци, каде што се школуваат 3.500 ученици. Вредноста на прочистувачите е 2.214.000 денари. Фондацијата ќе продолжи со други донации в година.
Фондацијата „Никола Јанчев“ е формирана во чест на прерано починатиот сопственик на најпознатиот бренд во Македонија за производство на минерална вода, Никола Јанчев, и основната цел на нејзинoто постоење е да вложува средства и опрема за младите луѓе со цел да се унапредат или подобрат животот, работата и нивното образование. Во тоа засега успеваат и голема почит за Митко Јанчев и Јанинка Чупаркоска – син и ќерка на Никола, кои продолжуваат да ги развиваат „кожувчанка“ и „синалко“ во најдобрите македонски производи.
Денешната средба покажа дека Фондацијата „Никола Јанчев“ станува општествено одговорна кога се во прашање децата и младите и е во склад со актуелностите поврзани со аерозагадувањето. Ним и на вработените во основните учиулишта им подари 120 прочистувачи за воздух во вредност од 36.000 евра (за секоја училница посебно), со цел да се прочистува воздухот во просториите во кој учениците престојуваат неколку часа.
Овие прочистувачи на воздух ќе се поставуваат во следните училишта:
ООУ „Димката А. Габерот“ – Кавадарци –-15 прочистувачи
ООУ „Димката А. Габерот “- Ваташа – 19 прочистувачи
ООУ „Тоде Х. Тефоф“ – 19 прочистувачи
ООУ „Гоце Делчев“ – 18 прочистувачи
ООУ „Страшо Пинџур“ – 22 прочистувача
ООУ „Тошо Велков – Пепето“ – 23 прочистувачи
Јанинка и Митко денеска им се обратија на присутните директори на основните училишта од Кавадарци праќајки пораки дека за децата треба сите да водиме грижа и да настојуваме нивното образование да биде оптимално, без проблеми, поради што и тие како дел од ова Фондација водат многу сметка. Фондацијата и во иднина ќе вложува онаму каде што ќе оцени дека треба да се донираат средства или опрема за подобрување на квалитетот на обрзованието и активностите поврзани со тоа.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски останува на ставот дека треба да се пресметуваат посебни потрошувачки кошнички

Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека е потребно да се изработат посебни потрошувачки кошнички за различни категории граѓани, како што се самци, млади брачни парови, семејства со три или четири члена, како и за пензионери.
Тој нагласи дека трошоците на овие групи не се исти и затоа не треба да се третираат подеднакво.
Мицкоски кажа дека на последната седница на Економско-социјалниот совет била водена дискусија по ова прашање и дека веќе е формирана работна група.
„Мислам дека со Министерството за економија и труд има веќе работна група која комуницира. Мислам дека треба да излеземе заедно со Државниот завод за статистика и други институции со унифицирана потрошувачка кошничка која ќе даде вистински одговор на сите дилеми што се појавуваат поради сомневање за одредена субјективност на едната или другата страна. Генерално, таква кошница која ќе одговара на потребите на граѓаните треба да излезе. Уште стојам на ставот дека мораме како втора пресметка да направиме пресметка и за потрошувачка кошница за самец, млад брачен пар, тричлено и четиричлено семејство и пензионери. Сето ова треба да го имаме на ум зашто потребите на малд брачен пар и на пар пензионери не се исти. Не можеме една кошница да се третира како генерална минимална потрошувачка кошница. Кога би ги имале сите овие параметри, мислам дека ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки“, изјави премиерот Мицкоски.
За покривање на основните животни потреби, во септември на четиричлено семејство му се потребни 65.077 денари, пресмета Сојузот на синдикати на Македонија. Споредено со месец август, вредноста на синдикалната минимална кошница е намалена за 430 денари.
Месецов за храна и пијалоци, како што стои во табелата, се потребни 23.394 денари, односно 670 денари помалку од август, кога требало да се потрошат 24.064 денари.
Според пресметките на синдикатите, доколку семејството живее под кирија, во изнајмен стан од 60 квадрати, месецов ќе му требаат најмалку 80.452 денари.
Економија
Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот Мицкоски вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита од конкуренција се постојано на терен, а веќе се покренати и одредени постапки.
„Мерките се во тек, а тоа што не правиме естрада од политките што ги водиме не значи дека не се грижиме. Секојдневно ДПИ и Комисијата за заштита од конкуренција се на терен, дури има одредени постапки што се почнати и покренати“, кажа Мицкоски.
Тој очекува намалување на инфлацијата во следниот период и нејзино сведување на 2 до 3% наредната година. Рече дека првпат по многу месеци и базичната инфлација се намалува.
„Очекувам во овие месеци да има намалување, а следната година да дојдеме до инфлација меѓу 2 и 3 отсто на годишно ниво. Ако ја споредиме инфлацијата со земјите околу нас кои се дел од ЕУ, Хрватска 4,6, Романија 6,8 отсто во август, кај нас има тренд на намалување и првпат по многу месеци можам да кажам дека и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен партаметар, тоа значи дека се намалуваат“, изјави премиерот.
Економија
(Видео) Андоновска: ВМРО- ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската стабилност на државата затоа оваа Влада е нивен најголем поддржувач и партнер, рече денеска на прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Апатичноста на претходната власт изразена преку неисплатени субвенции и афунционални системи за наводнување, сега е веќе минато. За само 15 месеци Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ исплати над 11 милјадра денари за заостанати и тековни субвенции, со што 70.000 земјоделци добија финансиска поддршка. Системите за наводнување пак се оспособени со што навремено е обезбедена вода за наводнување“, кажа Андоновска.
Таа рече дека од неодамна, во подрачните канцеларии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започнато е доделувањето на картици за зелена нафта, мерка која опфаќа речиси 46.000 земјоделци, а за која се издвоени 540 милиони денари.
„Оваа година утврдена е и рекордна откупна цена за двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец- 21,3 денари по килограм и Смедеревка- 18,9 денари по килограм. Исто така оваа година за првпат првата и втората категорија на пченица се откупуваше по цена од 12 денари, дополнително на оваа сума треба да се платат и транспортни трошоци и ДДВ од страна на мелничарите“, истакна Андоновска.
Со ВМРО- ДПМНЕ, додава таа, за првпат во државата ќе се откупува домашна пченица за потребите на стоковни резерви и тоа 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари по килограм, без ДДВ.
„Новина е отпочнувањето на кампањата „Македонско најдобро“ која има за цел раздвижување на домашната економија преку помагање на компаниите кои произведуваат и преработуваат македонски производи, како и поддршка на македонските земјоделци кои произведуваат примарни земјоделски производи. Најмаркантен повик е т.н. мерка 50-50, со која се кофинансира набавка на модерна земјоделска механизација. Додека пак јавниот повик за млади земјоделци броеше 254 апликации од кои одобрени се 117. ВМРО-ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец. ВМРО- ДПМНЕ продолжува со поддршката кон македонските земјоделци затоа ВМРО- ДПМНЕ е вистинскиот избор за твојата иднина!“, вели Андоновска.