Економија
Целосна електрификација! Со својата палета од 100 проценти електрични комерцијални возила, PEUGEOT се стреми да биде лидер на пазарот
Електричната револуција за професионалците започна: брендот PEUGEOT сега нуди гама од 100% електрични комерцијални возила. Електричните комерцијални возила на PEUGEOT задржуваат 100% од функционалноста на конвенционалните дизел верзии, но генерираат нула бучава, нула вибрации, нула емисии и нула мирис на гориво. Ова е доволно за радикално да се промени животот на корисниците и нивната околина.
Со оваа комплетна палета од 100% електрични комерцијални возила, еден од првите на пазарот, PEUGEOT се стреми да биде лидер во продажбата на целосно електрични комерцијални возила во Европа до 2022 година.
Целта е да се понуди ново ниво на спокојство на професионалците и да се намалат традиционалните форми на загадување, во време кога актуелните општествени трендови бараат сè повеќе и повеќе комерцијални возила во урбаните средини.
PEUGEOT ќе испорача 4.000 електрични возила во Европа до 2021 година, а веќе има резервирани нарачки од 10.000 возила.
За дополнително да ја подигне свеста за својата електрична понуда и нејзините придобивки кај професионалците, PEUGEOT наскоро ќе ја претстави новата посветена рекламна кампања низ целиот континент, која ќе биде лансирана во ноември.
100% електрични возила: целата гама на PEUGEOT на комерцијални возила сега стана електрична, со пристигнувањето на комерцијалното возило e-PARTNER и големото електрично комерцијално возило e-BOXER оваа есен. Тие се придружуваат на комерцијалното возило e-EXPERT лансирано минатата година и наградено со наградата „Интернационално комерцијално возило за 2021“.
Уникатна карактеристика на сите електрични комерцијални возила на PEUGEOT е тоа што тие не прават компромиси во однос на корисен волумен или практичност во споредба со дизел верзиите, а истовремено ги нудат сите предности на електричниот мотор: пониски трошоци, леснотија на возење, брз пренос, висок вртежен момент, целосно отсуство на бучава, вибрации, мириси на гориво и емисии. Експертите му ја доделија титулата комерцијално возило на годината на сосема новиот PEUGEOT e-PARTNER во Велика Британија откако WhatCar и Van & Commercial Vehicle of the Year Award ги наградија трите возила на брендот, PARTNER, EXPERT и BOXER, за нивната практичност во нивните соодветни категории.
Покрај овие 100% електрични возила, PEUGEOT ќе започне и со производство на своето прво електрично комерцијално возило со горивни ќелии, e-EXPERT HYDROGEN, пред крајот на годината. Со ова, брендот ќе ја прошири својата понуда на најнапредните технологии за електрификација. „Најавивме и ја исполнивме обврската за палета на 100% целосно електрифицирани комерцијални возила возила до крајот на 2021 година, што Stellantis е првиот што го направи тоа. За да одговориме на другите потреби на клиентите, ќе понудиме „водородна горивна ќелија“ на нашето комерцијално возило во наредните недели, што ја покажува нашата постојана посветеност на иновациите“, нагласува Xavier PEUGEOT, извршен директор на деловната единица на комерцијални возила на Групацијата Stellantis.
Во следните недели, PEUGEOT ќе започне голема меѓународна комуникациска кампања во чест на претприемачите и занаетчиите. Тие ќе бидат прикажани во мини филм, кој ги претставува во еден среќен и спокоен работен ден, пропратен со трите електрични комерцијални возила на PEUGEOT со нула емисија: e-PARTNER, e-EXPERT и e-BOXER. Меѓународната кампања ќе го носи новиот потпис “For the Day Ahead” на кампањата за комерцијални возила на Peugeot Professional и ќе се базира на видео https://youtu.be/MZpP0sqolAA , кое ги прикажува логоата на компаниите на корисниците на електрични комерцијални возила на PEUGEOT во градскиот реон. Кампањата ќе биде придружена со дигитално рекламирање, како и печатени материјали, а првично ќе биде лансирана во Швајцарија, Холандија и Обединетото Кралство.
Linda JACKSON, извршен директор на брендот PEUGEOT, изјави: „PEUGEOT е посветен да биде водечки играч во промената и трансформацијата на деловниот сектор со целосно електричните комерцијални возила. Очигледно, трошоците за користење се многу силен аргумент за корисниците, но ние исто така покажуваме дека електричните комерцијални возила се задоволство за возење: за нивниот возач, кој е отворен за ново, спокојно возачко искуство, и за сите околу нив, кои имаат корист од мирна средина, без бучава и мирис на гориво“.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

