Економија
Цената на бензините се намалува 2 денара
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 % во однос на одлуката од 8.8.2022 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 % во однос на одлуката од 8.8.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 4,114 %, кај дизелот 2,263 %, кај екстра-лесното масло 3,513 % и кај мазутот намалување 1,290 %.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 2,00 денара/л.
Малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V) и на мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 12.8.2022 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 88,00 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 90,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 52,786 (денара/килограм)
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,005 %.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.
Економија
Божиновска меѓу енергетските лидери на P-TEC форумот во Атина: фокус на новата трансатлантска соработка
Во Атина денес официјално започна Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC)– глобален форум што ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, посветен на унапредување на енергетската безбедност и стратешките инфраструктурни проекти.
По покана од американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и грчкиот министер за енергетика Ставрос Папастравру, министерката Божиновска присуствуваше на свеченото отворање на форумот и потпишувањето на новиот договор за соработка меѓу САД и Грција.
Форумот, кој ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, претставува водечка платформа за дијалог за енергетската безбедност, диверзификацијата на изворите и стратешките инвестиции во регионот.
На настанот беше потпишан стратешки енергетски договор меѓу ExxonMobil, Energean и Helleniq Energy, кој предвидува 60% инвестициски удел во истражувањето на гасното подрачје „Block 2“во Јонското Море, северозападно од Крф.
Со овој потег, САД и Грција ја отворија новата фаза на билатерална енергетска соработка, вредна меѓу 50 и 100 милиони долари, насочена кон засилување на регионалната безбедност и диверзификација на европскиот пазар.
Во своето обраќање, грчкиот министер за енергетика Папастравру ја спомена Северна Македонија како пример за успешна и стабилна регионална соработка, истакнувајќи дека заедничките енергетски проекти со Македонија се модел за доверба и интеграција во југоисточна Европа.
Вчера вечер, министерката Божиновска по посебна покана на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Атина, Кимберли Гилфојл, присуствуваше и на приемот во чест на американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и секретарот за внатрешна безбедност Даг Бургам, организиран во Амбасадата на САД во Атина.
Настанот беше од висок дипломатски карактер, на кој присуствуваа американската делегација, европски министри и претставници на водечки енергетски компании, со цел зајакнување на трансатлантското партнерство и инвестициите во чиста енергија и инфраструктура.
Форумот P-TEC, кој се одржува во Zappeion Megaron, оваа година собра над 400 високи претставници од 25 држави, и потврди дека енергетската соработка меѓу Европа и САД станува стратешка оска на стабилност и развој во регионот.
Присуството на Македонија на вакви форуми е потврда дека нашата земја се движи рамноправно со европските и трансатлантските партнери во новата енергетска ера, соопштија од министерството.
Економија
Бизнис-форумот Грција – Северна Македонија ги поттикнува економските врски
Повеќе од 60 компании од Грција и од Северна Македонија се собраа денес во Стопанската комора на Северна Македонија на бизнис-форум на високо ниво наменет за продлабочување на економската соработка. Настанот, коорганизиран од грчката амбасада во Скопје и од Стопанската комора на Северна Македонија, овозможи повеќе од 200 B2B (бизнис-до-бизнис) средби.
Форумот го отворија Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, и Софија Филипиду, амбасадорка на Грција. Во своето воведно обраќање амбасадорката Филипиду нагласи дека овој форум претставува извонреден пример за тоа како две соседни земји, кои имаат толку многу заедничко, може да ги развиваат и продлабочуваат економските врски во корист на двете економии.
Високата посетеност и значајниот број на денешните B2B средби јасно укажуваат на интересот да се премине од дискусија кон конкретни акции.
Делегацијата ја сочинуваа високи претставници од Атинската стопанска и индустриска комора (ACCI), Хеленската федерација на претпријатијата (SEV), Асоцијацијата на грчките извозници (SEVE) и Enterprise Greece. Грчките компании што учествуваа на форумот претставуваа клучни економски сектори, меѓу кои градежништво и градежни материјали, енергетика, фармацевтски производи, храна и информатичка технологија.

