Економија
Цената на гасот над 1.900 долари: рускиот гигант ги намали испораките во Европа
Цената на гасот во Европа денеска надмина 1.900 долари за 1.000 кубни метри првпат од 14 јули во контекст на настаните со руските испораки преку гасоводот „Северен тек 1“, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.
Гасот за испорака во август беше договорен во центарот TTF во Холандија за цена од 1.929 долари за илјада кубни метри или 182,5 евра за мегават-час (MWh), пренесува „Тасс“.
Целокупното поскапување на бензинот во Европа малку порано достигна 12 отсто на дневна основа поради најавата на „Газпром“ за исклучување уште еден мотор со гасна турбина на компресорската станица во Портоваја.
Поради исклучување уште една турбина, протокот на гас преку „Северен тек 1“ ќе се преполови од утре на 33 милиони кубни метри дневно од сегашните 67 милиони кубни метри, додава руската агенција.
Инаку, руски „Газпром“ денеска ги намали испораките на гас за Европа преку гасоводот „Северен тек 1“ пред утрешната најава за испораки на тој енергент со намален капацитет, а испораките преку транзитните рути преку Украина останаа на исто ниво како и претходниот ден.
Од 8 до 9 часот по средноевропско време протокот на физички гас низ „Северен тек 1“ изнесуваше 27,74 милиони киловат-часа (kWh), што е зголемување од 29 милиони kWh/h претходниот ден, објави „Ројтерс“.
„Газпром“ објави дека испораките во Европа преку влезната точка Суја преку Украина денеска изнесуваат 41,9 милион кубни метри наспроти 41,7 претходниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

