Економија
Цените на електричните автомобили во Европа ќе паднат поради кинеската конкуренција

Производителите на автомобили „Stelantis“ и „Renо“ ќе се обидат да ги намалат трошоците за производство на електрични возила (ЕВ) со цел да постигнат слични цени и профитни маржи како моделите на фосилни горива поради притисокот од конкуренцијата од Кина, изјавија за Ројтерс директорите на автомобилската индустрија.
Растот на продажбата на електрични возила е забавен поради високите цени и недоволната инфраструктура, а компаниите сега се обидуваат да развијат подостапни електрични возила.
„Краткорочно, би можел веднаш да ја зголемам продажбата на електрични возила со тоа што едноставно ќе дозволам намалување на маржите“, изјави извршниот директор на „Stelantis“, Карлос Таварес.
Глобалната продажба на целосно електрични и plug-in хибридни возила се зголеми за 31 отсто во 2023 година, што е пад во споредба со растот од 60 отсто во 2022 година, објави претходно компанијата „Rho Moušn“, објавија медиумите.
За 2024 година компанијата предвидува глобален раст на продажбата на електрични возила меѓу 25 и 30 отсто, пренесува Танјуг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Угостителскиот сектор и градежништвото со најголем раст од 7,1 отсто, зголемувањето на вработеноста, платите и на пензиите ја зголемија потрошувачката“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во услови на сериозни економски предизвици во државата и во поширокиот регион, кога земјите од Европската унија се соочуваат со сериозни проблеми во економијата, Македонија покажа како со добро смислени мерки и политики, успешно се надминуваат предизвиците. Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, македонската економија бележи последователен раст“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Растот од 3% на БДП во првиот квартал од годинава е продолжување на трендот на раст на економијата од втората половина на минатата година.
Широкиот опфат на мерки и на поддршка на стопанството и граѓаните кои Владата ги презема и реализира до сега, го даваат својот резултат.
Тоа може да се заклучи и по тоа што растот на БДП, не е само поради раст на само една гранка во стопанството, туку тој се заснова на широка основа во сите стопански гранки.
Двигатели на овој раст се услужниот сектор и градежништвото со по 7,1 проценти, при што со инвестицискиот циклус кој што престои, градежништвото ќе биде главен двигател и во иднина.
Како резултат на досега преземените мерки за раст на вработеноста, на платите и пензиите се зголеми и потрошувачката на граѓаните, која заедно со зголемената побарувачка поттикната од значително зголемување на бруто инвестициите за 18% и на потрошувачката за 1,9%, имаат значителен придонес во растот на БДП.
Значителен раст има и кај стручните и научни технички дејности од 4,8%, информации и комуникации 3,6%, како уметноста, забава и рекреација, како и индустријата од 2,1 проценти и преработувачката индустрија од 3,7%.
Индустријата забележа раст од 2,1 процент во услови на зголемено производство во преработувачката индустрија од 3,7%, а позитивниот тренд на раст продолжи и во земјоделството.
Сиот овој раст не е случаен, туку тој е резултат на посветена работа и на добро проектирани мерки и активности за подобрување на економската состојба во државата.
За таа цел, од почетокот на годината скоро 11 милијарди денари од Буџетот се влезени во економијата преку компаниите коишто работат на изведба на инфраструктурни проекти, близу 500 милиони денари кон компаниите кои работат на општинските проекти, над 125 милиони евра за инвестиции на домашните компании преку Развојната банка.
И овде нема да се застане. Македонија ќе продолжи со засилено темпо да се трансформира, а македонската економија ад расте и да се развива.
Крајната цел на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да ја направи земја на можности, и во таа насока посветено работи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
„Влен“: Ја носиме најголемата поддршка досега за младите, за жените и за претпријатијата

„Влен“ го најавува започнувањето на мерка 2.1 Вработување и раст на претпријатијата, дел од Оперативниот план за вработување, за којашто велат дека е една од најконкретните, најдиректните и најмоќните иницијативи за промовирање нови вработувања и развој на претпријатијата во нашата земја.
„Оваа мерка има за цел не само да создаде нови работни места, туку и да ги зајакне локалните бизниси, што е голем чекор кон посилна, пофер и поинклузивна економија!
Право на аплицирање имаат: Микро, мали и средни претпријатија; Граѓански организации заинтересирани за создавање нови работни места; Нови претпријатија основани преку Програмата за самовработување во 2024 година“, велат од „Влен“.
„Финансиската поддршка за секој вработен е следнава: 250.000 денари за млади лица до 29 години; 220.000 денари за жени, Роми и корисници на минимална помош; 160.000 денари за вработени над 29 години кои не припаѓаат на горенаведените категории.
Корисниците мора да потпишат договор за вработување со вработениот во период од 9 до 15 месеци.
„Влен“ продолжува да докажува дека промената не е само зборови, туку конкретни дејствија во корист на граѓаните и локалната економија“, се додава во соопштението на „Влен“.
Економија
Владата: Трипати поголем раст на БДП во првиот квартал во споредба со лани

„3,2 проценти е растот на БДП за првиот квартал од 2025 година покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со тоа Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечка економии во Европа, пред нас се Ирска, Данска и Полска. Споредбено ова значи дека растот е поголем за три пати повеќе од лани“, соопшти Владата.
„Ова се должи на успешните економски политики на Владата. Нашата заложба е ова да продолжи, затоа носиме политики кој ја поттикнуваат економијата да се развива.
Поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво и стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 7.1%, како и информации и комуникации од 4.8%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2025 година, номинално расте за 7.1%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 69.0%.
За разлика од претходните години кога македонската економија беше на дното целосно девалвирана, сега имаме целосно придвижување напред.
Се обврзавме и реализираме. За нова надеж за граѓаните и за Македонија која ќе биде држава со раст и развој. Македонија мора да оди напред, државата е на патот на промените!“, се наведува во соопштението на Владата.