Економија
Чешкиот премиер Бабиш на појадок со економскиот тим на Владата
За време на официјалната посета на Република Северна Македонија, претседателот на Владата на Чешката Република, Н.Е. г. Андреј Бабиш, на работен појадок се сретна со економскиот тим на Владата, предводен од вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој беше заедно со министерот за финансии, Драган Тевдовски, со министерот за економија, Крешник Бектеши, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Фокусот на средбата беа економските прашања, како и поддршката од Чешката Република на нашата земја за евро-атлантските интеграции. Анѓушев нагласи дека постои огромен простор за интензивирање на соработката, со оглед на тоа дека Чешка е 22. трговски партнер на нашата земја.
„Преку мерките во Законот за финансиска поддршка на инвестициите, Владата обезедува голема поддршка на домашните и странските компании да основаат нови производствени процеси или да ги унапредат постоечките, со што ќе се подигне нивото на технолошки развој и ќе се отворат нови работни места. Тоа е можност и за заинтересирани чешки компании да дојдат да инвестираат во Северна Македонија. Чешката фабрика за шински возила ‘Локо транс’ веќе најави своја инвестиција во Скопје и тоа е еден чекор напред во интензивирање на меѓусебната соработка. Воедно постои голем простор за соработка во земјоделството, каде што би можеле да ја интензивираме соработката и во однос на примарното производство и во преработувачката индустрија, но и во меѓусебната размена. Со новиот Закон за енергетика овозможивме изградба на нови производствени капацитетите од обновливи извори, што е уште една можност за инвестиции од страна на чешки компании“, нагласи Анѓушев, при што ги информираше гостите од Чешка дека е распишан јавен оглас за фотонапонски централи со инсталирана моќност од 35 мегавати на принцп на Премиум.
Министерот Бектеши потсети дека пред два месеца во Скопје се одржа бизнис-форум и средби помеѓу компаниите од Чешка и Северна Македонија, на кој се воспоставени меѓусебни контакти, што е добар сигнал дека економската соработка ќе се развива во позитивна насока.
„За да се воспостави посилна економска соработка и да се зголеми трговската размена, компаниите од двете земји мора поинтензивно да комуницираат и воспоставуваат соработка. Владите од двете земји во април веќе иницираа и организираа бизнис-форум за да ги поттикнеме компаниите на соработка. Иницијалните контакти помеѓу компаниите се направени, се надеваме дека има заемен интерес да се подобрува трговската размена помеѓу двете земји“, рече Бектеши.
Премиерот Андреј Бабиш ја искажа силната поддршка од страна на Чешката Република за евро-атлантските интеграции на земјата и за политичките процеси кои ги спроведува нашата Влада. Тој ги пренесе чешките искуства во евро-интегративниот процес, а со економскиот тим на Владата зборуваа и за тековните предизвици во областа на земјоделството, енергетиката, како и за надминување на јазот помеѓу побарувачката и понудата на пазарот на трудот, како еден од предизвиците со кои се соочуваат речиси сите земји во Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

