Контакт

Економија

„Чуден молк“

Објавено пред

Колумна на Трифун Костовски:

dobivaj vesti na viber

Почитувани читатели, изминаа веќе 10 дена од објавувањето на извештајот од мојата приватна истрага врзана со стечајот на Еуростандард банка. Извештајот е јавно достапен за секој заинтересиран поединец и институциите во Република Македонија, на порталот.

Човекот пред сè, достапен за читање, анализирање и со чисти насоки за дополнително истражување.

Најнапред сакам да ја запознаам јавноста дека при изготвување на извештајот не сум учествувал или пак сугерирал да некои девијантни појави бидат скриени од очите на јавноста. За многумина меѓу кои и еминентниот новинар Бранко Героски овој чин го смета за пукање во глава на самиот себе. Со господинот Героски не сме имале никојпат соработка и убеден сум дека не го знае мојот ментален склоп за прашања поврзани со мојата искреност. Ги повикувам господата новинари и бивши малцински акционери во Утрински весник: Ризаов, Тричковски, Митевски и Поповски да обзнанат каков бил мојот однос со новинарите во уредувачката политика на Утрински весник каде бев мнозински акционер. Убеден сум дека не само споменатите новинари, туку и многу други видни
новинарски пера кои израснаа со Утрински весник, можат да дадат своја оценка за мојот професионален однос во овој домен.

Објавениот извештај е фактографски. Трагајќи по вистината за Еуростандард банка наидов на нешто што е многу поопасно за целата држава, а тоа е организираниот банкарски криминал под закрила на државните институции. Бледите соопштенија, после објавениот извештај на Народна банка, Комерцијална банка, Македонска банкарска асоцијација, ОЈО, беа флоскули без конкретни аргументи или пак докази. Уште повеќе што, нивниот координиран настап и идентични пораки уште повеќе укажаа на тоа што и самиот извештај го потенцираше, дека постои заемна спрега меѓу Комерцијална банка од една страна и НБРМ и останатите државни институции од друга страна.

Замислете, во нивното соопштение Комерцијална банка ми се заканува со можен затвор за мене од 3-10 години. Јас не се плашам од ваквите закани, ама чуден е стравот на Комерцијална банка што сиот свој гнев го упатува на моја лична адреса од причина што јас единствен имав храброст да поведам истрага, повторувам независна истрага од реномираната агенција Р.У.Р, предводена од еминентниот и докажан борец против криминал и корупција Драго Кос, за банкарскиот криминал во Македонија. Еуростандард банка беше вшмукана во овој организиран криминал со незаконски позајмици и исфрлена како крпа или уништена преку направениот стечај оној момент кога ние, акционерите со новиот Управен одбор одлучивме да ставиме крај на незаконските позајмици кои се длабоко инсталирани во севкупниот банкарски систем во Македонија.

Зачудува фактот што Јавното обвинителство кое во моментов има силни потреси во неговото функционирање од политичко-кадровски аспект мудро молчи. Објавениот извештај е фактографски и релевантен. Во истиот извештај не бев поштеден ниту јас, ниту моето семејство.

Народна банка вообичаено молчи и се труди по секоја цена да го забошоти стечајот на Еуростандард банка, поради низата пропусти во нејзиното превентивно делување за спас на банкарскиот систем во целост, па во случајот и на Еуростандард банка. Овој нивен молк всушност силно зборува, зборува за поединци и институции кои се „заробени“ од своето делување или неделување.
Пишував и ќе пишувам за местото и улогата на Народна банка за овој чин без преседан. Владата на Република Македонија и вицепремиерот за борба против организиран криминал и корупција Славица Грковска, молчат. Молчи и собранието на Република Македонија, посебно Комисијата за финансирање и буџет, институција која има единствено право за контрола на работењето на Народна банка. Актуелниот министер за внатрешни работи, некогашен технички премиер на Владата на Република МакедонијаОливер Спасовски, молчи.

Почитувани читатели, молкот на гореспоменатите институции и лица е до некаде разбирлив, бидејќи сите тие се фатени во пајажината на организираниот криминал. Ме зачудува и молкот на политичките партии, посебно од опозицијата, што немаат никакви реакции по истиот, а ниту пак интерес да подлабоко се запознаат со целата содржина. Ме загрижува молкот и во институциите каде сум бил неприкосновен дарител за општествено и културно добро на наша Македонија како МПЦ-ОА, Исламската верска заедница, МАНУ и други институции. Ме зачудува и молкот на многу познати и помалку познати мои сограѓани кои ја почувствувале мојата поддршка. Не можам да ги разберам поривите за ваков молк. Мене ми е совршено јасно дека целата атмосфера во државата не стимулира критичен поглед и многумина се уплашени јавно да излезат и зборуваат за оваа криминална спрега која сака да владее со државата, но сепак сум сигурен и дека постојат луѓе кои се храбри и кои бескомпромисно посакуваат ресет на системот и ослободување од овие сенки кои се надвиснале. Јас им се обраќам и на нив, сакам нив да ги охрабрам да речат НЕ, повеќе вака НЕ МОЖЕ, бидејќи само заедно можеме да се избориме за држава која правата на поединецот ќе ги стави пред моќта на сивите еминенции.

Јас сум денеска обичен граѓанин на Република Македонија со несомнено голем личен габарит кој што и дал на Македонија во сите сфери на нашето живеење. Чувството е поразително кога во одреден сегмент ќе разберете дека водите Дон Кихотовска битка. Јавноста треба да знае и уште нешто, дека јас и моето семејство со носењето на Еуростандард банка во стечај изгубивме и додатен имот од повеќе десетици милиони евра.

Не барам сожалување, барам ПРАВДА. На крајот од денешнава колумна сакам да кажам неколку збора за местото и улогата на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка. Нивното присуство на социјалните мрежи е мошне активно. Се прашувам како функционира ова здружение од каде црпи информации, кој го финансира и зошто ова здружение во сите негови објави настојува по секоја цена да ме напаѓа мене и мојот син Коста, без при тоа да знае дека јас и Коста во банката сме акционери и дека со носењето на Еуростандард банка во стечај јас и Коста изгубивме и многу повеќе во оваа држава. Не можам да ја разберам жедта за мојата и крвта на мојот син Коста. Господо оштетени „ЈАС СЕ БОРАМ ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ ВО БАНКАРСТВОТО, а вие од петни жили се трудите да ме уништите“. Бидете сигурни дека тоа нема да се случи. Такви како вас кои одработуваат за туѓи криминални интереси сте зло за целото општество. По вокација вас треба да ве снема или престројте се во ново здружение без да го користите префиксот Еуростандард банка, бидејќи сите сте во целост исплатени, што веројатно ова е прв случај во Македонија.

Почитувани читатели, текстот го пишувам со емоции. Повторувам, поддршката од граѓаните ми е потребна како насушен леб, а дали ќе успеам? Супермен не сум, јас сум обичен човек, ама за разлика од одредени личности во Република Македонија, изграден и реализиран со базичните човечки доблести.

(ПР)

Економија

Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици

Објавено пред

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.

На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.

Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството

Објавено пред

Од

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.

dobivaj vesti na viber

На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.

Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.

Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.

Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа

Објавено пред

Од

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:

dobivaj vesti na viber

„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион58 минути

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија2 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија2 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет3 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет3 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа3 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет4 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет4 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа4 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион13 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија14 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет16 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија19 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија22 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија22 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија23 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија24 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија1 ден

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ1 ден

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...