Контакт

Економија

„Шампион за шампиони“ – спортските ѕвезди ја слават новата „Opel Astra“

Објавено пред

  • Златен шампион: Новата Opel Astra ja доби наградата „Златен управувач за 2022“
  • Семеен шампион: Новата Astra Sports Tourer е „СЕМЕЕН АВТОМОБИЛ на годината“ во Германија
  • Спортски шампиони: Jürgen Klopp, Gina Lückenkemper и Niklas Kaul ja претставуваат новата Astra во масовната кампања на социјалните мрежи

Што имаат заедничко двократниот светски тренер на годината Jürgen Klopp, двократната европска шампионка Gina Lückenkemper, како и светскиот и европски шампион во декатлон, Niklas Kaul со новата Opel Astra? Карактер, автентичност, пристапност и гени на сериски победник! Токму затоа трите спортски ѕвезди ја сакаат најновата генерација на бестселерот од компактната класа од Rüsselsheim. Така, тие се идеална актерска екипа за новата кампања на Opel Astra. Автомобил кој инспирира, тројцата шампиони се согласуваат со свежо крунисаниот победник „Златен управувач за 2022“ – и директно влегуваат во новите Astra и Astra Sports Tourer. Бидејќи – а тоа е и тврдењето на кампањата на социјалните мрежи – Astra е: „Шампион за шампиони“.

dobivaj vesti na viber

„Новата Opel Astra е предизвикувач – и освои престижни награди уште од самиот почеток, што го прави вистински шампион. Исто како и нашите високо успешни амбасадори на брендот и кампањата, автомобилот се залага за емоции и карактер. Тој е совршен натпреварувачки авт0омобил и мотото за нашата нова кампања на социјалните медиуми беше очигледно“, изјави Albrecht Schäfer, Маркетинг менаџер на Opel Германија.

Како херои на социјалните мрежи, Klopp, Lückenkemper и Kaul се присутни во новата кампања на Astra – автентична, пристапна и гламурозна. Понатамошните видеа со спортистите, како и постовите на социјалните мрежи и видеата од зад сцената, ја надополнуваат кампањата.

„Одлично, Opel“: Шампион кој го слават (не само) шампионите

„Леле, тука е!“ Двократниот светски „тренер на годината“ Jürgen Klopp беше возбуден за неговата нова Opel Astra Plug-in Hybrid на почетокот на септември – тоа беше неговото „деби во електричната мобилност“. На местото херој за новата кампања на социјалните мрежи за Astra, Gina Lückenkemper, која годинава го освои златото на Европското првенство во трката на 100 метри и штафетата 4×100 метри, како и најмладиот светски шампион во декатлон на сите времиња. – а од летото и европски шампион – Niklas Kaul, исто така се зближи со новата Астра. Како и Klopp, и двајцата спортисти се воодушевени: „Каков спринт“, вака најбрзата жена во Европа го оценува забрзувањето на Astra Plug-in Hybrid со моќност од 133 kW/180 КС и вртежен момент од 360 Newton метри (комбинирана потрошувачка на гориво/ емисија според WLTP: 1,1-1,0 l/100 km; емисија на CO2 24-23 g/km). Niklas Kaul заклучува на типичен декатлонски начин: „Едноставно шампион во сите дисциплини“. А Lückenkemper со насмевка додава: „Убав управувач – но не треба да е всушност златен?“

 Така мислеа и читателите на AUTO BILD и BILD am SONNTAG, како и стручното жири – и ги прогласија новата Astra со пет врати и Sports Tourer за „Златен управувач“ како и „Најдобар автомобил до 50.000 евра“. Тоа е трет „Златен управувач“ по ред за Opel. Како вистински „шампион“, сепак, новата генерација на Astra не останува само на една титула. Независното жири на GCOTY составено од експерти на „German Car Awards“ неодамна ја изгласа Astra за „Компактен автомобил во Германија за 2023 година“. И Astra Sports Tourer, караванот веќе го пробива својот пат до дилерите и клиентите како „СЕМЕЕН АВТОМОБИЛ на годината“.

Постојат бројни причини за многуте признанија на новата генерација на Astra: новите Astra и Astra Sports Tourer се подинамични од кога било досега – со елегантен и смел дизајн вклучувајќи го лицето на брендот Opel Vizor – додека остануваат практични за Вашите секојдневни патувања. Најсовремените технологии, како што се интуитивниот, целосно дигитален cockpit Pure Panel или адаптивните Intelli-Lux LED® Pixel светла без сјај, го прават возењето попријатно и побезбедно – исто како и ергономските активни седишта со AGR сертификат (Aktion Gesunder Rücken e.V.) за возачот и совозачот. Последно, но не и најмалку важно, клиентите на Astra имаат широк избор на алтернативи за возење: Astra со пет врати и Sports Tourer не се достапни само со високоефикасни мотори со внатрешно согорување, туку и, за прв пат, како електрифицирани plug-in хибриди и со тоа локално без емисија на штетни гасови.

Следната година ќе следи верзија со електрична енергија на батерии. Jürgen Klopp го прикажува тоа на свој начин во кампањата: „Одлично, Opel! “

 

За ЕУРОИМПЕКС

Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на Peugeot автомобили.

Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.

(ПР)

 

Економија

ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем

Објавено пред

Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.

dobivaj vesti na viber

Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.

Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?

ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:

· Кабинетски батерии

· Контејнерски батериски системи

Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.

✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.

РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА

За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:

📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка

📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани

Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.

КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ

ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:

· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање

· проектирање на батерискиот систем

· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен

· пуштање на батеријата во работа

· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите

· 24/7 мониторинг на батерискиот систем

· одржување на батерискиот систем

· приклучување во нашата балансна група

· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија

ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ

Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:

02/5122 809

075 277 354

[email protected]

[email protected]

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина

Објавено пред

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.

Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.

Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.

Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.

На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ1 час

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија1 час

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија2 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија3 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија4 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет4 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа6 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа6 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа6 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија7 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија20 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија21 час

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија24 часа

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија1 ден

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија1 ден

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 ден

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 ден

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет2 дена

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...