Економија
Шекеринска: Главен фокус на Владата во изминатите 10 месеци беше економската стабилизација

Главен фокус на нашето работење во последните десет месеци беше економската стабилизација и спроведувањето на клучните мерки од програмата за долгорочно да обезбедиме раст на платите, раст на економијата, добро платени работни места и подобар животен стандард на граѓаните, истакна заменик-претседателкатa на СДСМ, Радмила Шекеринска, на отворената граѓанска трибина на ОО СДСМ Бутел.
„Клучните ветувања за почеток на мандатот се релизирани, тоа може да го кажеме со чист образ. Само со укинувањето на радиодифузната такса и воведувањето на евтината тарифа на струјата обезбедени се заштеди кај граѓаните во износ од 23 милиони евра. Растот на минималната плата на 12 илјади денари придонесе денес околу 90.000 семејства да добиваат повисоки приходи. Но, не застануваме тука. Сакаме платите редовно да растат, затоа ќе продолжиме редовно да ја зголемуваме платата преку директна поддршка на компаниите“, рече Шекеринска.
Таа додаде дека активираната спирала за раст на платите Владата дополнително ја стимулира со мерките за финансиска помош на компаниите. „Веќе од наредниот месец се отвора можност сите специјализанти во здравството да добиваат редовна плата, а преку заштедите што ги направивме од оваа година предвидено е да биде воведено и бесплатното болничко лекување за сите граѓани“, посочи Шекеринска.
Во своето обраќање пред граѓаните Шекеринска истакна дека иако Македонија до неодамна била заробена, денес таа е држава на слобдни граѓани со променета политичка клима и тоа е признаено и на меѓународен план.
„Тоа што од целиот регион нашата држава го доби најпозитивниот извештај од Европската комисија како држава ни е влезница преку која можеме да се надеваме во јуни да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ во јуни, а во јули да можеме да добиеме покана за полноправно членство во НАТО“, истакна Шекеринска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија.
Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини, неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник, непочитување на мерките за заштита на животната средина, пренесување на концесијата на друг субјект без согласност и експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел.
Од Министерството информираат дека во моментов се во тек и повеќе постапки за раскин или одбивање на продолжување на концесии по исти или слични причини. Во истиот период констатиран е и раскин на 11 дозволи за експлоатација поради истек на договорот за концесија.
МЕРМС води и регистар на одземени концесии и тој од следниот период поради поголема транспарентност ќе биде јавно објавен на сајтот на министерството.
Министерката Сања Божиновска истакна:
„Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите. “
Економија
Мицкоски: Неколкукратно е зголемена бројката на апликанти за мерката млад земјоделец во вредност од 70 милиони денари

Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена неколкукратно односно на 117 апликанти.
Можеби бројката 117 не значи многу грандиозно, но ако се има предвид дека во 2023 година од 44 апликанти, само 18 имаме корисници, тогаш станува збор за неколкукратно зголемување. Така што веднаш по завршување на локалните избори кога веќе ќе ги немаме оние законски ограничувања, и формално ќе биде ставена во функција оваа мерка за поддршка на младите земјоделци.
Економија
Во јули годишен раст од 13,0 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 13,0%, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0%, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот