Економија
„Шкода“ повторно ја одбрани WRC 2 титулата
На годишната прес-конференција на „Шкода моторспорт“ во Прага се прослави освојувањето на WRC 2 шампионатот за возачи, како и за совозачи третпат по ред, и освојувањето на WRC 2 тимскиот шампионат за четврта година по ред. Возачите на „Шкода“, Јан Копески, Понтус Тидеманд и Кале Рованпера, ги зазедоа првите три места во финалето на WRC 2, одбележувајќи ја 2018 година како најупешната година во историјата на „Шкода моторспорт“.

Но, „Шкода“ тимот не собра победи и титули само на Светското рели првенство на ФИА. Приказната за успехот на чешкиот бренд се рашири низ целиот свет. Собирајќи победи во сите пет натпреварувања, еден тим доминираше во азиско-пацифичкото рели првенство ФИА 2018 (APRC) со возачот Јуја Сумијама и навигаторот Такаширо Јасуи од Јапонија. Достигнувањата на нивниот тим „Куско“ продолжи успешно, а поддржувачките тимови на „Шкода моторспорт“ славеа и изминатите години во азиско-пацифистичкиот регион. Со атмосферскиот „Шкода фабија С2000“, од 2012 до 2014 година „Шкода“ го постигна APRC хет-трикот, а следните години чешкиот бренд додаде четири титули по ред со турбо моторот на „Шкода фабија Р5“.
Манвир Синг Барјан и Дру Стурок го освоија Азиското рели првенство ФИА.
По освојувањето на Јужнозмериканското рели првенство на ФИА во 2013, 2016 и 2017 година, тимот на „Шкода“ составен од Густаво Саба и Фернандо Мусано беа повторно најуспешни. Покрај нивните три победи, тие се искачија и на првото место во CODASUR категоријата на Светското рели првенство ФИА во Аргентина.

Во Европското рели првенство на ФИА, трите најдобри позиции од категоријата за возачи до 28 години беа освоени од возачите на „Шкода фабија Р5“, а за успехот да биде комплетен, 17 национални првенства беа освоени исто така од тимовите на „Шкода“.
Преглед на титули и првенства освоени од тимовите „Шкода“ во 2018 година:
Светското рели првенство ФИА (WRC 2)
-ФИА WRC 2 шампионат за возач и совозач: Јан Копески и Павел Дреслер (CZE / CZE)
-ФИА WRC 2 тимски шампионат: „Шкода моторспорт“
Азиско-пацифичкото рели првенство ФИА (APRC)
-Шампионат за возач и совозач: Јуја Сумијама и Такаширо Јасуи (JPN/JPN)
-APRC куп за производители: „Шкода“
-APRC тимска награда: тим Куско
Јужно американско рели првенство ФИА (CODASUR)
-Шампионат за возач и совозач: Густаво Саба и Фернандо Мусано (PRY/ARG)
Африканско рели првенство ФИА (ARC)
-Шампионат за возач и созач: Манвир Синг Барјан и Дру Стурок (KEN/GB)
-Куп на ARC производител: „Шкода“
Европско рели првенство ФИА, У28 категорија (ERC)
-Шампионат за возач и совозач: Николај Грјазин и Јарослав Федоров (RUS/RUS)
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

