Економија
Шпаркасе банка со нова функционалност на своите банкомати
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/thumbnail_SOOPSTENIE-ZA-JAVNOST_1024x500.jpg)
Со цел да биде во чекор со иновативните модерни технологии за банкарско работење, Шпаркасе банка АД Скопје на својата мрежа на банкомати воведува дополнителна функционалност достапна за физички лица, иматели на дебитни и кредитни картички.
Благодарение на новата функционалност клиентите имаат можност за директна уплата на готовина на својата дебитна или кредитна картичка без потреба од чекање на шалтер, како и електронски трансфер на средства од трансакциска сметка на својата кредитна картичка или кредит.
Од другите можности, важно е да се напомене дека се дозволени сите книжни денарски апоени, а максималниот број банкноти при поединечна уплата изнесува 40.
Со оваа нова поволност на банкоматите, Шпаркасе банка овозможува подостапни и поедноставни услуги скратувајќи го потребното време и трошоци за уплата и исплата на готовина независно од локацијата и работното време на експозитурите и на филијалите.
Оваа услуга е достапна на банкоматите на Шпаркасе банка на следните локации: експозитури и банкомати на Шпаркасе банка (sparkasse.mk)
Шпаркасе банка е членка на Групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од речсис 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти во над 3.200 експозитури. Во Македонија, Групацијата е застапена со Шпаркасе банка и „Шпаркасе лизинг“ и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 35 експозитури.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Елена Петрова ја презеде функцијата Директор на УЈП
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/elena-petrova-ujp.jpg)
Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани.
Елена Петрова е професионалец со долгогодишно работно искуство во УЈП, која во моментот на назначувањето беше Раководител на Секторот за наплата и управување со долгови. Нејзината биографија е достапна на следниот линк.
Директорката Елена Петрова изјави дека нејзина долгорочна и стратешка агенда е трансформацијата на УЈП, создавање „нов лик” на УЈП, „нов амбиент” и за даночните обврзници, за даночните службеници и за соработниците на даночната администрација.
„Во УЈП ќе поттикнам динамичен курс на работа со цел за дигитализација и трансформација, за да обезбедиме плаќањето данок и услугите од УЈП да бидат најмало можно административно оптоварување, а што повеќе да бидат „природно” вградени во деловните системи на компаниите и на „близок дофат” на граѓаните“, изјави Петрова.
Обраќајќи се на даночните обврзници, Петрова истакна дека ќе негува кооперативност со даночните обврзници преку мрежи за директна соработка и отворена дебата за сите заеднички предизвици во плаќањето даноци и остварувањето на даночните права.
Таа изјави: „Даночните обврзници спроти себе нема да имаат бирократи кои настапуваат од позиција на моќ, туку администрација која обезбедува лесно достапни информации, едноставни алатки и директна помош кои ќе водат кон точно плаќање на даночните обврски и лесно и брзо оставрување на своите права“.
Петрова ќе се залага за интензивна соработка со меѓународните организации, експертската јавност, медиумите и други засегнати страни, со цел со заеднички напори да оствариме позитивно влијание, зголемена даночна свест и даночен морал во општеството.
Петрова најави бескомпромисна борба со неплаќачите и затајувачите на данок и криминалните даночни измами, одговорност и казни за секој што ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: 250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/evra.jpg)
Во септември градоначалниците од цела држава ќе можат на аплицираат на јавниот повик на Министерството за Локална самоуправа за добивање средства за проекти во нивните општини, информираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Градоначалниците од цела држава да направат и довршат што е можно повеќе проектна документација, со цел да аплицираат за повеќе проекти.
Ова е прва година за проектот 250 милиони евра за општински проекти, ист ваков повик ќе има секоја година, а вториот ќе се случи веќе за неколку месеци од сега.
Време е за реален раст и развој. Време е за рамнорен развој“, се вели во партиското соопштение.
Економија
Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/476470-zemjodelcite-kje-dobijat-224.571.508-denari-subvencii.jpg)
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за да излезе во пресрет на земјоделците кои до денес сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување на апликација за субвенции за 2024 година го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година.
Согласно oдлуката на vлада од првата седница, точка 13, рокот за аплицирање за субвенции за основните мерки за растително и сточарско производство се продолжува за период од 1 месец, односно крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции од Програмата за директни плаќања за 2024 година е 31 Јули 2024 година.
„Ги повикуваме сите земјоделци кои го немаат реализирано оваа право, доколку не можат сами да креираат апликации да се јават во pодрачните единици на МЗШВ каде од страна на вработените ќе им биде креирана и поднесена апликацијата или самостојно да си поднесат апликација за субвенции за 2024 година согласно Програмата и Уредбата за директни плаќања за 2024 година“, се истакнува во соопштението од ресорното министерство.