Економија
Јовановиќ: Со „викенд на пазарење без ДДВ“ постои опасност да се рашири вирусот
Бранимир Јовановиќ, советникот на поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски, се огласи по повод мерката на Владата во рамките на третиот пакет економски мерки за зголемување на потрошувачката. Една од мерките е да се помагаат и бизнисите па беше најавено за сите граѓани викенд на пазарење без ДДВ.
„Преку поевтини цени за граѓаните, поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавниците за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги“, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Јовановиќ предупредува дека со оваа мерка постои опасност да се рашири вирусот, ќе доведе до пад на буџетот, а најмногу корист ќе имаат богатите.
Во својот статус на „Фејсбук“ тој пишува:
1. Таа ќе направи ужасни гужви по продавниците, што може многу да го рашири вирусот.
2. Мерката ќе доведе и до значаен пад на буџетските приходи, зашто луѓето купувањето на многу производи ќе го одложат за тој викенд кога нема да се плаќа данок.
3. Од мерката многу повеќе корист ќе имаат побогатите, тие ќе ја искористат за да си купат поскапи производи без данок.
4. Мерката ќе доведе и до легализација на даночната евазија, односно ќе им овозможи на фирмите прометот кој не го пријавиле претходните месеци да си го пријават тој викенд без да платат данок.
„Сме ја дискутирале меркава уште јас кога бев во Министерството, и тогаш успеавме да ги разубедиме останатите од Влада да отстапат од неа. Се надевам ќе отстапат и сега, бидејќи сега штетата би била уште поголема“, пишува Јовановиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

