Економија
Југохромци го блокираат патот Скопје-Тетово кај наплатна рампа Желино
Вработените во фабриката за феролегури „Југохром“ од Јегуновце во четврток од 11 до 13 часот ќе го блокираат автопатот Скопје – Тетово во двата правци кај наплатната рампа кај Желино.
Синдикалната организација на Југохром Алзар Јегуновце најави дека патот ќе го блокираат во знак на протест, бидејќи сите печки во фабриката се исклучени од први ноември лани по налог на Државниот инспекторат за животна средина.
Комбинатот беше затворен од еколошката инспекција, бидејќи не го испочитува продолжениот рок од две години, што му го даде Владата да постави филтри за добивање на А интегрирана еколошка дозвола за работа. Околу 700 вработени во оваа компанија неколку пати го блокираат патот Скопје Тетово, со барање да продолжи со работа комбинатот, бидејќи се без егзистенција.
„Синдикалните барања ќе ги истакнеме за време на протестот, а ја информираме јавноста дека на трети март во петок во 14 часот ќе присуствуваме на договорена работна средба со претседателот на Владата Емил Димитриев“, соопшти Синдикалната организација на Југохром Алзар Јегуновце.
Државниот инспекторат за животна средина последната контрола во овој индустриски капацитет ја направил на почетокот на минатиот месец.
Од Министерството за животна средина велат дека штом добијат известување од Државниот инспекторат за животна средина дека е поставена филтерската постројка, ќе пристапат кон издавање на А интегрирана дозвола. Досега нема информација дека се поставени филтрите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот
Еврото денеска падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот, откако најновите податоци покажаа дека деловната активност во еврозоната нагло паднала во ноември.
Според податоците на берзата, европската заедничка валута во еден момент се тргуваше по 1,0399 долари, што е најниска вредност од декември 2022 година, пренесува CNN (CNBC).
Глобалната агенција S&P објави дека композитниот индекс во еврозоната паднал од октомвриските 50 поени на 48,1 поен.
Економија
Во октомври годишен раст од 11,0 отсто на вкупните депозити и од 9,2 отсто на вкупната кредитна поддршка
Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,0%, којшто произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк.
Економија
Преку Wine vision by Open Balkan ќе се промовира македонското врвно вино и традиционалната македонска храна
Од 22 до 24 ноември оваа година се одржува најголемиот саем во Белград „Wine vision by Open Balkan“ каде што свое место ќе заземе и македонското вино и традиционалната македонска храна.
Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.
Токму на овој настан посетителите ќе имаат можност да ги вкусат врвните македонски вина, да се запознаат со нашите традиционални вкусови и гастрономски особености.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поддржува нашите изложувачи се со цел да се промовираат земјоделските производи и да се прошири извозот на истите надвор од границите на државата.
Во склоп на настанот кој што се одржува овие неколку дена ќе се одржи и македонска вечер на која што ќе присуствуваат високи делегати и владини претставници од други држави.
Преку македонската вечер присутните гости ќе се запознаат со богатството со кое што располага Македонија кога станува збор за вино и храна, велат од МЗШВ.