Економија
„1.000 денари месечно за струја: Кој има право и како да аплицира?“ – Министерството за енергетика објави јавен оглас
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година наменета за лица што спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија. Оваа мерка е дел од Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 34/25), со цел да се обезбеди директна поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна.
Кој има право на финансиска поддршка? Финансиската поддршка е наменета за следните категории граѓани:
· Домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток во согласност со Законот за заштитата на децата, чиј вкупен нето-доход во 2024 година на месечно ниво не го надминувал износот од:
– 42.000 денари за домаќинство со два члена,
– 60.000 денари за домаќинство со три члена,
– 80.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена.
· Згрижувачи што згрижуваат едно или повеќе лица во своето семејство и се корисници на надоместок за згрижување во согласност со Законот за социјалната заштита, при што нивниот вкупен нето-доход на месечно ниво не го надминува предвидениот праг според бројот на членови во домаќинството (од 42.000 до 160.000 денари).
Министерството доделува финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 1.000 денари месечно, сметано од денот на поднесувањето на барањето. Поддршката ќе се доделува во текот на 12 месеци или до исцрпување на предвидените средства во согласност со Програмата.
Лицата што веќе користат гарантирана минимална помош и добиваат паричен додаток за енергенси во согласност со Законот за социјалната заштита, како и старите лица што користат финансиска поддршка во согласност со Законот за социјалната сигурност на старите лица, не се опфатени со оваа мерка.
Процедура за аплицирање, рокот за поднесување на барањата, изнесува 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас. Заинтересираните лица треба да поднесат пополнет образец за барање (образец 1 или образец 2, во зависност од категоријата) достапен во архивата на Министерството или на официјалната веб-страница: https://www.ea.gov.mk/
Со барањето е потребно да се достават следните документи:
1. Изјава заверена на нотар за точност на приложената документација;
2. Фотокопија од решение за стекнато право на посебен додаток или надоместок за згрижување;
3. Фотокопија од последната сметка за потрошена електрична енергија;
4. Фотокопија од лична карта на барателот;
5. Доказ за членовите на домаќинството.
Министерството ги повикува сите граѓани што ги исполнуваат условите да аплицираат навремено и да ја искористат оваа можност за намалување на трошоците за електрична енергија.
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Министерството: www.ea.gov.mk или контактирајте нѐ на [email protected] за прашања во врска со јавниот оглас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

