Контакт

Економија

10 милиони евра заем од ЕБОР за набавка на еколошки автобуси за Скопје

Објавено пред

Со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе бидат набавени 35 нови автобуси на компресиран природен гас (КПГ) за Скопје како одговор на растечката побарувачка за почист и поодржлив јавен превоз. Новите автобуси ќе ги намалат емисиите на јаглероден диоксид најмалку 15 отсто.

dobivaj vesti na viber

„Заемот во износ од 10 милиони евра ќе го подобри и модернизира работењето на автобусите, ќе го зајакне јавниот транспорт и ќе го подобри квалитетот на воздухот. Покрај набавката на КПГ-автобусите, кои ќе ги заменат постојните што работат на дизел-гориво, проектот ќе помогне во подобрување на работењето на самата компанија, Јавното сообраќајно претпријатие ‘Скопје’, кое е во целосна сопственост на Град Скопје“, велат од ЕБОР.

Скопје е еден 20-те градови што се вклучија во Програмата за зелени градови на ЕБОР, под која 15 града веќе работат со одделни индивидуални акциони планови за зелени градови (АПЗГ). Набавката на новите автобуси е почеток на проектот од оваа програма за зелени градови на ЕБОР, во кој Град Скопје планира да се инволвира.

Економија

Ангеловска-Бежоска – Палминтери: Народната банка цврсто чекори кон Европскиот систем на централни банки

Објавено пред

Народната банка постојано работи на усвојување на најдобрите европски практики и стандарди со што сѐ повеќе се приближува до Европскиот систем на централни банки. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Република Италија во земјава, Паоло Палминтери.

dobivaj vesti na viber

Во оваа смисла беше нагласено значењето на поднесеното барање за членство на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Амбасадорот Палминтери ја изрази својата поддршка за заложбите на Народната банка во овој процес. Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека имајќи го предвид високиот степен на усогласеност на правната рамка, се очекува позитивна оцена што ќе овозможи скорешно пристапување на нашата земја во СЕПА.

На средбата, стана збор и за системот за инстант плаќања којшто централната банка на Италија го развива за земјите од Западен Балкан, по одлука на Европската централна банка (ЕЦБ) како клон на системот ТИПС со кој таа управува. Системот ќе овозможи инстант извршување на домашните плаќања во текот на кое било време од денот во текот на годината во секоја од земјите, како и на нивните меѓусебни плаќања и на плаќањата со земјите од ЕУ. Поставувањето платежна инфраструктура за инстант плаќања во земјите од регионот по стандардите и правилата на системот на ЕЦБ претставува историски исчекор за развојот на регионот и негова интеграција на единствениот европски пазар и пред земјите да обезбедат полноправно членство во ЕУ, се согласија гувернерката и амбасадорот.

Се разговараше и за билатералната соработка на нашата со централната банка на Италија, во рамките на втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки на Западен Балкан, финансирана од Европската Унија. Оваа соработка ќе придонесе кон унапредување на стандардите и примената на најдобрите практики во Народната банка, преку споделување искуства и експертиза од страна на Банката на Италија.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и амбасадорот Палминтери ја потврдија својата заложба за понатамошно јакнење и продлабочување на соработката, заради унапредување на финансиската стабилност и натамошна интеграција на финансискиот систем со европскиот финансиски систем, особено во платежната сфера.

Прикажи повеќе...

Економија

Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања

Објавено пред

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности, нетранспарентност и прекршувања на управните и законските процедури, направени од претходното раководство.

dobivaj vesti na viber

Прекршоци биле направени во постапката за јавна набавка. Во 2021 година е извршена набавка на софтвер за управување со апликации од физички и правни лица за потребите на Министерството во вредност од 2 милиона 490 илјади денари, но тој не е во функција и нема објаснување или извештај зошто овој софтвер не е пуштен во употреба.

„Има индиции за прекршување на процедурата бидејќи целиот процес е завршен во рок од 15 дена имајќи предвид дека се работи за софтвер што бара време и професионалност. Ревизијата констатира дека тоа претставува ризик и има прекршоци бидејќи целата постапка е завршена за две недели“, рече Дурмиши.

И во 2022 година бил склучен договор за јавна набавка за градежни работи поврзани со изградба на инфраструктурна линија и огради на парцелите на локацијата Манастирец во Македонкси Брод и на локацијата Амзабегови, Свети Николе, во вредност од 25 милиони денари (400 илјади евра). Од страна на ревизијата се констатира дека има неколку пропусти, кои се сомнителни, поврзани со тоа што, иако бил склучен договор со избраната фирма изведувач, овие работи воопшто не биле завршени, а тоа е изградбата на фотоволтаичен центар. Поради ваквото неспроведување и ваквата негрижа на поранешните раководители на Министерството, средствата предвидени од Министерството за економија не се реализирани. Во оваа насока, државата го загуби инвеститорот од кој би се остварил приход и би се отвориле нови работни места.

Неправилности, како што објави Дурмиши, има и во ангажирањето на лицата со договор на дело како во однос на присуство на работа така и во недостиг на докази, должности и обврски на работата и нивна соодветна професионална подготовка. Ревизијата констатирала и прекршоци во користењето на службените возила, како непополнување соодветна законска документација, вклучително и снабдување со гориво на овие возила.

„Исто така, во посебна управна постапка имаме сознанија дека државниот буџет е оштетен за 127.721.000,00 денари или приближно 2 милиона евра како резултат на непреземање мерки од страна на комисиите на Министерството во периодот од 2019 до 2023 година и државата да ја изгуби оваа сума. Бројот на предмети кои се застарени е 1.534 и за нив не може да се води понатамошна постапка“, рече министерот.

Тој ги повика надлежните органи да го преиспитаат извештајот од ревизијата. Рече дека сите што постапиле спротивно на законот ќе сносат одговорност.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Објавено пред

Потребна е поголема транспарентност во формирањето на цените, Владата и институциите да ги прошират контролите на цените и во регулацијата да ги вклучат и доставувачите и увозниците, да се прошират регулаторните мерки со цел да се спречат доставувачите од манипулации со цените, а потрошувачите мора да знаат кој ги поставува цените, што би се направило преку јавни кампањи за подигнување на свеста. Ваков е заклучокот на анализата што ја спроведе Сојузот на стопанските комори.

dobivaj vesti na viber

На состанокот со претставниците на малопродажните синџири и локалните клучни партнери исто така беше договорено меѓу сите малопродажни синџири и локалните клучни партнери да не се примаат нови ценовници минимум до крајот на првиот квартал оваа година.

„Бројките од анализата покажаа дека супермаркетите не се одговорни за зголемувањето на цените, а главната ценовна моќ е во рацете на доставувачите и производителите, кои уживаат значително повисоки профити, додека супермаркетите работат со минимални маржи“, велат од ССК.

Се додава дека супермаркетите работат со просечна профитна маржа од 0,83 отсто, а производителите и дистрибутерите во просек остваруваат 4,32 прценти. Некои доставувачи, според анализата, имаат профитни маржи над 13 проценти, а супермаркетите остануваат под 3 проценти.

Анализата покажа екстреми во профитните маржи. Некои производители имаат профитни маржи шт осе далеку над оние на супермаркетите.

„Супермаркетите се соочуваат со најголема јавна критика за цените иако заработуваат значително помалку од производ од доставувачите. На листата на 15 најголеми доставувачи се покажува дека овие компании генерираат големи профити, но вработуваат многу малку луѓе. Тие сочинуваат 11,8 % од вкупниот приход на производителите, но 21,3 % од нивниот вкупен профит“, додаваат од Сојузот на стопанските комори потенцирајќи дека супермаркетите се важен фактор за вработеноста во државата, а производителите генерираат високи профити со значително помалку работници.

Анализата сугерира и дека маркетите никогаш не ги зголемуваат цените самостојно, промената се случува поради промените на цените на производителите или доставувачите и токму поради ова маркетите се под постојан притисок да се прифатат новите ценовници. Доколку тоа не се направи, не се испорачуваат производите.

„Од ова произлегува притисокот врз маркетите и од потрошувачите или за цените или за недостигот на производи. Само во јануари до маркетите се пристигнати ценовници од над 40 доставувачи и производители во 92 категории и поткатегории производи. Дополнително, профитната маржа кај маркетите од година на година опаѓа за разлика од другата страна, каде што се зголемува. Во исто време, меѓународните доставувачи одржуваат значително поголем профит од супермаркетите. Тие вршат силно влијание врз пазарните цени ограничувајќи ја способноста на домашните трговци на мало да ги приспособат цените надолу. Бројките ја покажуваат вистината, супермаркетите не се причината за зголемените цени. Додека трговците работат со минимални профити, доставувачите продолжуваат да остваруваат значителни маржи, без да ги намалат цените“, велат од ССК.

Сојузот на стопанските комори на Македонија бара транспарентност и фер одредување на цените во целиот синџир на снабдување, па затоа повикуваат на поголема транспарентност затоа што време е да се адресира вистинската причина за високите цени и секој во процесот треба да има одговорност.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ31 минута

Ѝ кажал дека внукот прегазил дете и ѝ зел 5000 евра за да не оди в затвор, лажен полицаец измамил 91-годишна скопјанка

91-годишна скопјанка вчера во полиција пријавила дека била измамена за 5.000 евра од лажен полицаец кој ѝ побарал пари за...

Топ2 часа

Полицијата откри малолетници кои се забавуваат во кафулиња во Охрид по полноќ, пријави ќе добијат газдите

Ноќеска охридската полиција направи акциска контрола за откривање малолетници кои престојуваат подолго од законски дозволеното време во повеќе угостителски објекти...

Топ4 часа

Фатен бегалец баран со потерница за кражба

Вчера во 12.00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле С.М.(47) од Кичево, кој бил баран по...

Регион5 часа

Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде...

Македонија7 часа

Таткото на Фросина до родителите на Васил: „Изразувате сочувство по 9 дена, немате вистинско каење, создадовте убиец“

По вчерашната прес-конференција на која родителите на возачот Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова изјазија сочувство за загубата,...

Македонија7 часа

Автоматска пушка со дрвен кундак и рамка со 14 куршуми најдени во куќа во село Ложани

Струшкото обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела...

Свет9 часа

Деца починаа од предизвик на „Тик ток“, родителите ја тужат социјалната мрежа

Родителите на четворица британски тинејџери го тужеа „Тик ток“ поради смртта на нивните деца, тврдејќи дека била резултат на натпревар...

Македонија1 ден

Васил доби 3 години и 10 месеци затвор за претходното дело, соопштија од Апелација

Апелациониот суд во Скопје на нејавна седница ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов, за претходното кривично дело каде...

Македонија1 ден

Медиумите имаат право да објавуваат информации поврзани со јавни личности, особено ако тие се релевантни за јавноста, велат од АЗЛП за разрешената директорка на „Козле“

Директорката на Клиниката за белодрбони и респираторни заболувања кај децата „Козле“, д-р Каролина Симоновска, претходно испрати соопштение до медиумите со кое...

Македонија1 ден

Сите дојави за бомби, без исклучок, се лажни, тоа се очекувани хибридни напади, ќе има нови протоколи за МВР и за училиштата, вели Мицкоски

Полицијата и училиштата до крајот на денот ќе добијат нови насоки за постапување по дојави за бомби откога утрово многу...

Македонија1 ден

Филков: На сторителите што трет пат ќе се најдат на суд за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол ќе им биде одземена возачката дозвола

Министерството за правда смета дека постои сериозна потреба за понатамошно разгледување и анализа на постојната законска регулатива. Фокусирани сме на...

Македонија1 ден

Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси што се креирани...

Скопје1 ден

МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави

Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни...

Македонија1 ден

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12 години затвор,...

Македонија1 ден

Обвинение против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен...

Скопје1 ден

Нормализирана наставата во училиштата во Скопје по дојавите за бомби

По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и...

Регион1 ден

Вучиќ: Курти цело време има наполнетa пушка и сака да пука во Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука...

Европа1 ден

Човекот што најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот...

Европа1 ден

Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за завршување на војната, проблемот е што тој се плаши

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за политичките и...

Свет1 ден

Трамп воведува санкции за Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за „преземање незаконски...