Контакт

Економија

Индексите во надолна линија

Објавено пред

Вкупен промет од 12.476.377,28 денари забележан е денеска на македонската берза за хартии од вредност, од кои на официјалниот пазар прометот изнесуваше 9.435.843,28 денари.

dobivaj vesti na viber

Вкупен промет од 12.476.377,28  денари забележан е денеска на македонската берза за хартии од вредност, од кои на официјалниот пазар прометот изнесуваше 9.435.843,28 денари.

Кај акциските индекси преовладува опаѓачкиот тренд, така што МБИ10 забележа опаѓање од 0,82% при вредност од 2.872,12 индексни поени. МБИД оствари намалување од 0,49%, а неговата вредност се спушти на ниво од 3.246,45 индексни поени. ОМБ беше единствен со позитивна промена, така што неговото зголемување на дневна основа изнесуваше 0,66% при вредност од 111,86 индексни поени.

Прометот со државните обврзници беше 36,5% од вкупниот промет, односно изнесуваше 4.548.965,28 индексни поени.  Најликвидна хартија од вредност на целата берза, односно на официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 3.035.802,66 денари. Просечната цена изнесуваше 86,99%, што резултираше со пораст од 1,74%. Истргувани беа 56.742 обврзници кои се реализираа преку 9 трансакции. Од акциите кои котираат на официјалниот пазар, најтргувана беше Комерцијална Банка Скопје со промет со 2.022.165,00 денари. Просечната цена изнесуваше 3.096,73 денари, што значеше намалување од 0,43%. Истргувани беа 653 акции кои се реализираа преку 19 трансакции. Трета според ликвидност од официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од седмата емисија со промет од 1.446.504,17 денари. Просечната цена изнесуваше 86,91% при зголемување од 0,47% на дневна основа. Истргувани беа 27.061 обврзници кои се реализираа преку 4 трансакции. Од редовниот пазар најликвидна беше акцијата на Македонски Телеком Скопје со промет од 1.062.180,00 денари. Просечната цена од 489,48 денари значеше благо зголемување од 0,46%. Истргувани беа вкупно 2.170 акции кои се реализираа преку 17 трансакции. Следуваше Тутунска Банка Скопје со промет од 530.034,00 денари. Просечната вредност од 5.000,33 денари предизвика само мал пораст од 0,09%. Ценовниот распон се движеше од 4.990,00 денари до 5.010,00 денари. Истргувани беа 102 акции кои се реализираа преку 11 трансакции. Фершпед Скопје објави неревидирани финансиски извештаи за 2009 година. Реализиран е нето профит од 155.717.000 денари на годишно ниво, додека нето профитот за последниот квартал изнесува 12.591.000,00 денари. Тетекс Тетово објави неревидирани финансиски резултати за 2009 година. Нето добивката за минатата година изнесува 1.412.000,00 денари, а за последниот квартал од 2009 година остварена е загуба од 1.495.000,00 денари. Тетекс Тетово објави и финансиски план за 2010 година. Планираните приходи од продажба изнесуваат 355.000.000,00 денари, а планираната нето добивка за 2010 година изнесува 2.300.000,00 денари. Техноментал Вардар Скопје објави неревидирани финансиски извештаи за 2009 година. Нето добивката изнесува 432.000,00 денари. РЖ Економика Скопје објави неривидирани финансиски извештаи за 2009 година. Загубата за овој период изнесува 1.634.000,00 денари. Согласно податоците добиени од ЦДХВ, ве известуваме дека на 25.02.2010 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство): Реплек Скопје – 52 обични акции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 082. Комерцијална Банка Скопје3. Р.Македонија – Денационализација 074. Македонски Телеком Скопје 5. Реплек СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Трансбалкан Гевгелија 98,39%2. Скопски Пазар Скопје 10,18%3. Жито Вардар Велес 2,17%4. Р.Македонија – Денационализација 08  1,74%5. Р.Македонија – Денационализација 06  1,06%Хартии од вредност со најголем пад1. РЖ Техничка Контрола Скопје 7,69%2. Макстил Скопје 5,18%3. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 2,87%4. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 2,29%5. Топлификација Скопје 1,10%



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Директна авиолинија Скопје – Прага, за Божиновска таа е реална врска меѓу двете економии

Објавено пред

Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, земјава прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните, истакнуваат во соопштението од Министерството за енергетика.

dobivaj vesti na viber

На настанот по повод воспоставувањето на авиолинијата се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, генералниот директор на TAV Македонија, Неџат Курт, како и претставници на Wizz Air.

Како претседател на Мешовитата комисија за економска соработка, министерката информираше дека иницијативата за директна авионска линија била покрената на Заедничкиот македонско-чешки состанок во Прага, во март годинава, како дел од пошироката агенда за продлабочување на билатералните односи и олеснување на бизнис-комуникацијата.

Божиновска истакна дека воспоставувањето на директната линија не е случаен потег, туку резултат на јасна визија и конкретна иницијатива.

„Оваа авиолинија е реална врска меѓу две економии, два пазара и две општества. Поврзаноста е предуслов за развој, за мене, оваа линија има и силна лична димензија. На 20 август 1998 година се иселив во Прага, во време кога немаше директен лет меѓу нашите две земји. Поврзаноста беше комплицирана, скапа и временски исцрпувачка. Од 2005 до 2012 година постоеше директна линија и од лично искуство знам колку директната авионска врска значи – не само симболично, туку реално, за животот, за бизнисот и за секојдневната комуникација меѓу луѓето. Затоа, уште од првиот ден како министерка, силно се залагам за продлабочување на врските меѓу Македонија и Чешка и за создавање реални услови што ќе ја олеснат таа поврзаност“ , нагласи Божиновска.

Според надлежните, директната авиолинија Скопје – Прага ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај, подобра мобилност на граѓаните и посилно вклучување на Македонија во европските економски текови.

Авиосообраќајот е важен сегмент од целокупната стратегија за модерна инфраструктура, економски раст и регионална интеграција, при што ваквите проекти се реализираат преку координирана соработка меѓу институциите и приватниот сектор.

Министерката Божиновска ја поздрави соработката меѓу TAV Македонија и Wizz Air, оценувајќи дека таа е пример за ефикасно партнерство кое носи конкретни резултати за граѓаните и економијата.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година.

dobivaj vesti na viber

Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,932%, кај дизелот за 4,357%, кај екстра лесното масло за 1,790% и кај мазутот намалувањето е за 1,013%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167%.

Прикажи повеќе...

Економија

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Објавено пред

СЕТЕК го обои овој декември во сино – симбол на блискост, доверба и на вредноста на желбите што си ги упатуваме едни на други. Декември е месец кој поттикнува поврзување и ја истакнува магијата на споделената радост. Денес, многу од тие желби се поврзани со технологијата која го прави животот поедноставен, порадосен и поубав.

dobivaj vesti na viber

Веќе 32 години, СЕТЕК ја следи мисијата – да ги поврзува луѓето и технологијата, да креира успех и да инспирира радост.

Годинава, роденденот на СЕТЕК се поврзува со кампањата Blue December, која ја слави моќта на дарувањето и можноста за блискост со техниката. Поволностите што ги нудиме – роденденски и во текот на целиот месец – не се само обични попусти. Тие се внимателно осмислени решенија за сите кои сакаат да израдуваат некој свој близок, со вистинска вредност, значење и впечаток.

“Упатуваме искрена благодарност до сите кои низ годините се дел од нашата мисија – заедно растеме, се усовршуваме и го приближуваме светот на технологијата до секој човек. Вашата поддршка и доверба ни овозможуваат да продолжиме и да го подобруваме секојдневието на луѓето” – изјавија од Сетек.

Нека овој декември биде исполнет со топли моменти, споделена радост и остварени желби – вистински празнично син. Нека секој подарок, секоја насмевка и секое внимание, поттикне искрена поврзаност што ќе нѐ потсетува колку е важно да бидеме тука едни за други.

Сетек нуди голема палета на улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање.

Промотивните попусти ќе бидат достапни во сите салони на Сетек низ земјата, како и онлајн преку веб-страницата www.setec.mk

Придружете ни се во прославата со специјални роденденски попусти!

 

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет6 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет9 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет9 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија12 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија13 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија15 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет16 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет18 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа18 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија19 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет19 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет20 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет20 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија1 ден

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија2 дена

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија2 дена

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ2 дена

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија2 дена

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...