Економија
МБИ10 десетти ден во надолна линија

Иако вкупниот обем на тргување денеска на македонската берза го надмина дневниот просек и изнесуваше 21.599.729,38 денари, МБИ10 оствари намалување кое е десетто по ред.
Иако вкупниот обем на тргување денеска на македонската берза го надмина дневниот просек и изнесуваше 21.599.729,38 денари, МБИ10 оствари намалување кое е десетто по ред.
Голем дел од вкупниот промет, или 61% беа остварени со тргувањето на државните обврзници за денационализација. Прометот на официјалниот пазар изнесуваше 18.826.077,38 денари при реализирани 90 трансакции, додека на редовниот пазар беше остварен промет од 2.773.652,00 денари при реализирани 36 трансакции. МБИ10 оствари намалување од 0,45% при вредност од 2.836,69 индексни поени. МБИД го промени трендот забележувајќи пораст од 0,85% при вредност од 3.262,22 индексни поени. ОМБ оствари незначително зголемување од 0,04% при вредност од 111,84 индексни поени. Убедливо најтргувана беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 9.352.665,23 денари. Просечната цена од 87,00% предизвика само минимален пад од 0,02%. Истргувани беа 174.740 обврзници кои се реализираа преку 9 трансакции. Втора хартија од вредност според ликвидност од официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од седмата емисија. Просечната цена од 87% од номиналната вредност не резултираше со дневни промена. Истргувани беа 105.000 обврзници при реализирани две трансакции. Од акциите кои котираат на официјалниот пазар најтргувана беше Макпетрол Скопје со промет од 760.996,00 денари. Просечната цена изнесуваше 34.590,73 денари, што претставуваше намалување од 1,23%. Истргувани беа вкупно 22 акции кои се реализираа преку 11 трансакции. На редовниот пазар најликвидна беше Тутунска Банка Скопје со промет од 1.674.500,00 денари. Просечната цена изнесуваше 4.998,51 денари при незначителен пад од 0,08%. Истргувани беа вкупно 335 акции кои се реализираа преку 13 трансакции. Следуваше Арцелормиттал (ХРМ) Скопје со промет од 415.500,00 денари. Просечната цена од 211,45 денари значеше висок раст од 7,11% на дневна основа. Распонот на цените се движеше од 200,00 денари до 215,00 денари. Истргувани беа 1.965 акции кои се реализираа преку 5 трансакции.Интернешнел Хотелс Скопје објави неревидирани финансиски извештаи за периодот од 01.01 – 31.12.2009 година. Според консолидираниот биланс на успех нето загубата за 2009 година изнесува 12.596.000,00 денари, додека за 2008 година остварен е нето профит од 5.187.000,00 денари. Во последниот квартал од 2009 година остварена е загуба од 1.272.000,00 денари, а во последниот квартал од 2008 година остварена е загуба од 431.000,00 денари. Според консолидираниот биланс на состојба од 31.12.2009 година вкупните средства изнесуваат 269.417.000,00 денари, а вкупните обврски 53.827.000,00 денари. Капиталот изнесува 215.590.000,00 денари.Комерцијална Банка Скопје објавува повик за учество на годишното собрание на банката. Годишното собрание на Комерцијална Банка Скопје ќе се одржи на 24.03.2010 година (среда) со почеток во 12:00 часот во седиштето на Банката. Согласно предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2009 година, донесена на седницата на надзорниот одбор на банката одржана на 26.02.2010 година, износот на дивиденда за една приоритетна акција изнесува 114,00 денари, односно 11,4% во однос на нивната номинална вредност од 1.000,00 денари, а предложениот износ на дивиденда за 1 обична акција изнесува 170,00 денари, односно 17% во однос на нивната номинална вредност од 1.000,00 денари. Се предлага следниот дивиденден календар: Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2009 година е 06.04.2010 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2009 година 07.04.2009 година. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2009 година е 09.04.2009 година. Исплата на дивиденда за 2009 година ќе започне на 19.04.2010 година. Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 082. Р.Македонија – Денационализација 073. Тутунска Банка Скопје4. Макпетрол Скопје 5. Стопанска Банка БитолаХартии од вредност со најголем раст1. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 7,34%2. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 3,27%3. Р.Македонија – Денационализација 06 1,16%4. Комерцијална Банка Скопје 1,06%5. Жито Лукс Скопје 0,57%Хартии од вредност со најголем пад1. МЗТ Пумпи Скопје 25,00%2. Охридска Банка Охрид 5,44%3. Топлификација Скопје 2,51%4. Стопанска Банка Битола 1,89%5. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 1,65%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.