Контакт

Економија

МБИ 10 со пораст од 1,40 отсто

Објавено пред

Водечкиот индекс на македонска берза МБИ10 по континуиран пад од седум дена,денеска забележа пораст од 1,40%, слично како и кај МБИД кој по непрекинат пад од пет дена, забележа пораст од 0,67%.

dobivaj vesti na viber

Водечкиот индекс на македонска берза МБИ10 по континуиран пад од седум дена,денеска забележа пораст од 1,40%, слично како и кај МБИД кој по непрекинат пад од пет дена, забележа пораст од 0,67%.

ОМБ беше единствен индекс со намалување на дневна основа кое изнесуваше 0,15%, позиционирајќи се на ниво од 110,76 индексни поени.

Прометот беше во рамките на стандардот кој е карактеристичен за берзата во последните неколку месеци и изнесуваше 11.497.508,85 денари. Прометот со државните обврзници беше со мало учество во вкупното тргување и изнесуваше само 998.546,85 денари. Официјалниот пазар играше доминантна улога при тргувањето и оствари промет од 8.713.814,85 денари при реализирани 100 трансакции. Прометот на редовниот пазар изнесуваше 2.783.694,00 денари, а беа реализирани 41 трансакции. Од официјалниот пазар најтргувана беше Алкалоид Скопје со промет од 2.830.316,00 денари кој претставуваше 24,6% од вкупниот промет. Просечната цена од 4.602,14 денари донесе само незначителен пораст од 0,06%. Истргувани беа 615 акции кои се реализираа преку 26 трансакции. Комерцијална Банка Скопје со промет од 1.534.500,00 беше втора според ликвидност од официјалниот пазар. Просечната цена изнесуваше 3.100,00 денари, што значеше умерен пораст од 0,56%. Овој пораст е постигнат после три дена непрекинато опаѓање. Истргувани беа 495 акции кои се реализираа преку 15 трансакции. Трета најтргувана од официјалниот пазар беше Гранит Скопје со промет од 725.190,00 денари. Оваа акција постигна повисоко дневно зголемување од 1,18% при просечна цена од 764,16 денари. На редовниот паза најмногу се тргуваше со Македонски Телеком Скопје која оствари промет од 822.620,00 денари. При просечна цена од 506,54 денари, порастот изнесуваше 1,08%. Минималната цена изнесуваше 505,00 денари, а максималната 510 денари. Истргувани беа вкупно 1.624 акции кои се реализираа преку 10 трансакции. Следуваше акцијата на Алкалоид Берово која оствари промет од 680.000,00 денари. Просечната цена изнесуваше 8.000,00 по акција, што не резултираше со промена. Истргувани беа 85 акции кои се реализираа преку една трансакција. Согласно податоците добиени од ЦДХВ, ве известуваме дека на 17.03.2010 година е извршен следниот нетрговски транфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство): РЖ Институт Скопје – 3 обични акции, Технометал Вардар Скопје – 4 обични акции, РЖ Интер-Трансшпед Скопје – 8 обични акции, Макстил Скопје – 163 обични акции, РЖ Услуги Скопје – 61 обични акции, РЖ Економика Скопје – 7 обични акции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Алкалоид Скопје 2. Комерцијална Банка Скопје 3. Македонски Телеком Скопје4. Гранит Скопје5. Алкалоид Берово Хартии од вредност со најголем раст1. Институт за заварув. Југ Скопје 20,00%2. Факом Скопје 20,00%3. ЕМО Охрид 10,00%4. Бетон Скопје 8,32%5. Макстил Скопје 4,60%Хартии од вредност со најголем пад1. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 3,00%2. РЖ Услуги Скопје 1,99%3. Р:Македонија – Денационализација 08  0,53%//



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Објавено пред

Од

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.

dobivaj vesti na viber

Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.

Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.

Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.

(Фото: ЕПА)

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Објавено пред

Од

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.

„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.

Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.

Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.

„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.

Прикажи повеќе...

Економија

Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Објавено пред

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.

За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.

Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.

Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.

Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ3 часа

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Македонија4 часа

Не молчевме за корупцијата, а чистевме и во сопствениот двор – Тошковски за сработеното во досегашниот мандат

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната конференција за новинари посветена на сработеното во досегашниот мандат потенцира дека со...

Топ4 часа

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет6 часа

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија6 часа

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија7 часа

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт7 часа

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија20 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ20 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ21 час

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија22 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија24 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија1 ден

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ1 ден

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија1 ден

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија1 ден

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ1 ден

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ1 ден

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...