Економија
„Рено“ и „Дајмлер“ склучуваат стратешка зделка
Светските автомобилски гиганти „Дајмлер“ и „Рено“ се многу блиску до склучување на стратешка зделка со која германскиот производител на луксузни автомобили ќе стане сопственик на 3 отсто
Светските автомобилски гиганти „Дајмлер“ и „Рено“ се многу блиску до склучување на стратешка зделка со која германскиот производител на луксузни автомобили ќе стане сопственик на 3 отсто од акциите на францускиот производител и обратно.
Добро упатени извори за весникот “Фанејншл Тајмс“ соопштуваат дека оваа новина најверојатно ќе биде објавена во април но дека тоа не значи спојување на компаниите, туку зајакнување на меѓусебното партнерство.
Целта на проектот е двете компании заеднички да работат на производство на платформи за мали автомобили , како и делови за камиони и автомобили на електричен погон.
Откако зделката ќе стане реалност, “Рено“ во соработка со својот јапонски партнер “Нисан“ ќе започнат со изработка на нови модели на електрични автомобили додека “Дајмлер“ ќе се задржи на производство на луксузни автомобили и камиони со моќни дизел мотори/крај/бг/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Дурмиши на средба со Тигањ: Извозот на Македонија кон Хрватска во последните години значително зголемен
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ, на која беа разгледани состојбите и перспективите за унапредување на билатералната економска соработка меѓу двете пријателски земји.
На средбата беше констатирано дека одличните политички односи и традиционално добрите билатерални врски создаваат силна основа за натамошно интензивирање на економската и бизнис соработката, особено во контекст на европската интеграција и регионалната поврзаност.
Дурмиши ја истакна позитивната динамика во надворешно-трговската размена, при што вкупната трговија меѓу двете земји бележи континуиран раст, а извозот на Република Северна Македонија кон Хрватска во последните години значително се зголемува. Двајцата соговорници се согласија дека постои дополнителен потенцијал за продлабочување на соработката во клучни сектори како што се прехранбената индустрија, енергетиката, фармацијата, градежништвото, индустриското производство и туризмот.
Економија
Димовски-Рајс: разговарано за можностите за нови потенцијални инвестиции
Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски оствари успешна средба со Мисти Рајс, извршен директор за владини работи на Магна Интернационал, компанија која во државата веќе има две фабрики во рамки на ТИРЗ Струга и ТИРЗ Штип. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата на глобално ниво, напредокот во Македонија, како и можностите за нови потенцијални инвестиции, се истакнува во соопштението.
Димовски ја истакна улогата на Дирекцијата за ТИРЗ и Владата во создавањето стабилна, предвидлива и конкурентна деловна средина за странските инвеститори, потенцирајќи дека континуираниот дијалог со постојните компании е клучен за долгорочен раст и проширување на инвестициите. Тој нагласи дека институционалната поддршка и координацијата со останатите државни органи претставуваат основа за одржување на довербата кај странските инвеститори. Потенцирајќи ги фабриките на Магна кои работат во рамки на зоните како едни од позначајните капацитети, тој посочи дека главната цел е обезбедување услови во кои постојните инвеститори ќе можат успешно да се развиваат, да ја унапредуваат својата продуктивност и да креираат додадена вредност за националната економија.
Мисти Рајс изрази задоволство од досегашната соработка со институциите и од оперативните резултати на компанијата во земјата, нагласувајќи дека Магна Интернационал внимателно ги следи можностите за понатамошно проширување на своите активности, во согласност со глобалните стратешки приоритети на компанијата.
Економија
„БЕКУТАН“ детски крем: Успешната македонска приказна со регионална доверба и глобална визија отсега достапна и во „ЛИДЛ“, Франција
„Бекутан“, еден од најпрепознатливите брендови за бебешка нега во регионот, за првпат официјално влегува на францускиот пазар преку малопродажната мрежа на „Лидл“ Франција, каде што детскиот крем „Бекутан“ во пакување од 100 ml ќе биде достапен во речиси 2.000 продажни објекти низ цела Франција.
Препознатливата сина боја и мирисот што враќа во детството со децении ја градат приказната на „Бекутан“, бренд кој со пласманот на францускиот пазар отвори ново поглавје во својот интернационален развој. Тимот на „Лидл“ од Франција го препозна детскиот крем „Бекутан“ како производ со значителен пазарен потенцијал во сегментот на детската козметика. Како клучни фактори при оваа проценка беа издвоени квалитетот на формулацијата, долгата традиција и стабилната лидерска позиција на брендот на регионалните пазари, на кои токму овој производ е позициониран како еден од водечките производи во својата категорија. Соработката со „Лидл“ Франција претставува значајна потврда за глобалната стратешка ориентација на компанијата и за нејзината континуирана посветеност на градењето силно и одржливо присуство на меѓународните пазари.

Освен на пазарите во регионот, брендот „Бекутан“ е присутен и на дваесетина други меѓународни пазари, вклучувајќи ги и пазарите на Соединетите Американски Држави, Германија, Швајцарија, Норвешка, Шведска, на Велика Британија, Полска, Малезија, Саудиска Арабија и на Обединетите Арапски Емирати.
„Бекутан“ е еден од најпрепознатливите македонски брендови во регионот и пошироко. Од само пет фармацевтски формулации за хигиена и нега на детската кожа лансирани во 1978 година, брендот денес располага со портфолио од над 60 основни типови производи и со повеќе од 100 различни форми на пакувања, сите клинички и дерматолошки тестирани и развиени во соработка со педијатри, неонатолози и дерматолози.
(ПР)

