Економија
Зголемен промет со обврзници на берзата
Карактеристично за денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност беше повисокиот промет со државните обврзници, од кои највисок беше прометот на државните обврзници за денационализација од осмата емисија.
Карактеристично за денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност беше повисокиот промет со државните обврзници, од кои највисок беше прометот на државните обврзници за денационализација од осмата емисија.Иако сите три индекси забележаа негативен тренд, сепак нивните промени не беа многу длабоки. МБИ10 забележа најголема промена надолу од 0,59%, така што при ниво од 2.720,62 индексни поени беше регистрирана загуба од 16,03 поени од вредноста на овој индекс. МБИД оствари само минимално намалување од 0,01%, а неговата вредност затвори на 3.068,39 индексни поени. ОМБ со благо намалување од 0,13% ја намали вредноста на 110,62 индексни поени.Вкупниот промет изнесуваше 12.939.115,28 денари, од кои 3.822.452,28 денари беа остварени преку тргувањето со државните обврзници. На официјалниот пазар прометот изнесуваше 10.442.324,28 денари при реализирани 105 трансакции, додека прометот на редовниот пазар изнесуваше 2.496.791,00 денари, а беа реализирани 36 трансакции. Највисок промет, кој изнесуваше 1.838.436,00 денари имаше Алкалоид Скопје. При просечна цена од 4.701,88 денари, беше регистрирано минимално зголемување од 0,04% на дневна основа. Цената се движеше во распон од 4.699,00 денари до 4.739,00 денари. Истргувани беа вкупно 391 акции кои се реализираа преку 18 трансакции.Втора најликвидна хартија од вредност која котира на официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија при промет од 1.824.188,93 денари. Просечната цена изнесуваше 85,60% од номиналната вредност, така што беше остварено умерено зголемување од 0,71%. Истргувани беа вкупно 34.613 обврзници кои се реализираа преку 6 трансакции.Со повисок обем на тргување беше и Гранит Скопје чиј промет изнесуваше 1.151.830,00 денари. Просечната цена од 812,29 денари резултираше со благ пораст од 0,18%. Минималната цена изнесуваше 810,00 денари, а максималната 815,00 денари. Истргувани беа 1.418 денари кои се реализираа преку 15 трансакции.На редовниот пазар најмногу се тргуваше со Македонски Телеком Скопје, а прометот со оваа акција изнесуваше 761.928,00 денари. Просечната цена од 510,33 денари беше доволна за само минимален пораст од 0,08%. Ценовниот распон се движеше од 510,00 денари до 513,00 денари. Истргувани беа вкупно 1.493 акции кои се реализираа преку 13 трансакции.Втора според ликвидност од редовниот пазар беше Тутунска Банка Скопје со промет од 750.056,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.000,37 денари што не предизвика промени на дневна основа. Истргувани беа 150 акции кои се реализираа преку 6 трансакции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Алкалоид Скопје2. Р.Македонија – Денационализација 08 3. Гранит Скопје 4. Стопанска Банка Битола5. Макпетрол СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Раде Кончар 4,14%2. Р.Македонија – Денационализација 06 1,26%3. Р.Македонија – Денационализација 08 0,71%4. Гранит Скопје 0,18%5. Стопанска банка Битола 0,11%Хартии од вредност со најголем пад1. РЖ Економика Скопје 20,00%2. Солун 2001 Гевгелија 20,00%3. КЈУБИ Македонија Скопје 9,51%4. РЖ Услуги Скопје 9,09%5. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 2,24%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година.
Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 34,520 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,380%, кај дизелот за 2,624%, кај екстра лесното масло за 2,351% и кај мазутот зголемувањето е за 2,274%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4252%.
Економија
Работилница на македонската и грчката регулаторна комисија за енергетика: во фокусот поврзувањето на пазарите за електрична енергија
Регулаторното искуство во поврзување на пазарите за електрична енергија беше фокусот на третата заедничка работилница помеѓу Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY).
“Откако се донесе Законот за енергетика, во РКЕ се формирани тимови од инженери, економисти и правници кои работат интензивно на подзаконската регулатива што ќе обезбеди усогласување на домашната легислативата со европската. Ова е само еден од предусловите за да започне практичната интеграција на домашниот пазар со регионалните пазари, а потоа и со Европскиот пазар за електрична енергија. Регулаторната работилница за нас е можност да размениме искуства и знаење, затоа што грчкиот регулатор веќе го има затворено овој процес.“ посочи Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.
Од Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY) ги презентираа регулаторните чекори кои што ги презеле при спојување со европскиот енергетски пазар, нагласувајќи дека ова е интензивен процес што бара блиска и ефикасна соработка на засегнатите страни за да се постигне јасна и транспарентна транзиција.
РКЕ и РАЕ минатата година во февруари склучија Меморандум за соработка во областите: енергија, вода и отпад со цел размена на регулаторна експертиза.
Економија
Божиновска со концесионерите во Прилеп: Развојот на рударството продолжува со јасни правила, повисоки стандарди и поголема контрола
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Прилеп одржа заедничка работна средба со најголемите концесионери од регионот, посветена на актуелните состојби во рударскиот сектор, предизвиците со кои се соочуваат компаниите и можностите за понатамошен развој.
На состанокот присуствуваа претставници на повеќе компании кои имаат значајна улога во експлоатацијата и преработката на минерални суровини. Во отворена дискусија се разговараше за тековната динамика на работа, инвестициите во модернизација на производството, предизвиците поврзани со административните постапки, како и потребата од предвидлива и стабилна регулаторна рамка која ќе овозможи долгорочно планирање и нови вложувања.
Министерката Божиновска нагласи дека државата има јасен интерес рударството да се развива како силен економски сектор, но исклучиво со целосно почитување на законските обврски, еколошките стандарди и безбедносните правила.
„Партнерството со компаниите е важно, но уште поважно е довербата на граѓаните. Затоа развојот мора да оди паралелно со одговорност, транспарентност и засилен надзор“, истакна Божиновска.
Концесионерите ја поздравија иницијативата за почести директни средби со институциите, оценувајќи дека ваквиот пристап овозможува побрзо решавање на отворените прашања и подобра координација во секторот.
На средбата беше потенцирана и потребата од засилен инспекциски надзор на терен, при што беше нагласено дека отворањето на новата канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп ќе придонесе за поефикасна контрола, еднакви услови за работа и дополнително зајакнување на стандардите во индустријата.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на континуиран дијалог со индустријата, со цел создавање стабилна деловна средина, одржлив економски раст и јасни придобивки за локалните заедници.

