Економија
Без промени на берзата
Прометот на македонската берза при денешното тргување беше во рамките на очекуваното и изнесуваше 11.342.627,27 денари.
Прометот на македонската берза при денешното тргување беше во рамките на очекуваното и изнесуваше 11.342.627,27 денари. Прометот со државните обврзници беше слаб, изнесуваше само 334.490,27 денари, а се тргуваше со државните обврзници од старото девизно штедење како и со државната обврзница за денационализација од осмата емисија. Прометот на официјалниот пазар изнесуваше 7.559.490,27 денари, а редовниот пазар оствари промет од 3.783.137,00 денари.Најликвидна од официјалниот пазар беше Гранит Скопје со промет од 2.556.080,00 денари. Оваа акција беше со најголем дневен пораст меѓу хартиите од вредност кои беа најликвидни при денешното тргување. При просечна цена од 810,00 денари, порастот изнесуваше 0,64%. Истргувани беа 3.168 акции кои се реализираа преку 22 трансакции.Втора според ликвидност од официјалниот пазар беше акцијата на Комерцијална Банка Скопје со промет од 1.310.450,00 денари. Просечната цена од 2.971,54 денари значеше намалување од 0,97% на дневна основа. Истргувани беа 441 акции, а беа реализирани преку 14 трансакции. Акцијата на Стопанска Банка Битола при промет од 1.026.100,00 денари оствари подлабок пад кој изнесуваше 1,96%, а беше предизвикан од просечната цена од 3.100,00 денари. Истргувани беа 331 акции кои се реализираа преку 5 трансакции.Веднаш зад најликвидната од официјалниот пазар се пласираше акцијата на Тутунска Банка Скопје со промет од 2.364.924,00 денари, што значеше втора позиција според обем на тргување на целиот пазар. Просечната цена изнесуваше 4.999,84 денари, што резултираше со минимално зголемување од 0,02%. Истргувани беа 473 акции кои се реализираа преку 17 трансакции.Втора според ликвидност од редовниот пазар беше прилепска Пиварница Прилеп со промет од 507.643,00 денари. Просечната цена изнесуваше 10.800,91 денари, што беше доволно за незначителен пораст од 0,01%. Истргувани беа 47 акции кои се реализираа преку две трансакции.Акционерското собрание на Стопанска Банка Битола кое беше одржано на 14.04.2010 година донесе одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2009 година. Според оваа одлука остварената добивка за 2009 година во износ од 82.393.958,50 денари ја распределува за дивиденда во износ од 70.302.060,00 денари, задржана добивка 5.061.692,50 денари и за данок на исплатена дивиденда од 7.030.206,00 денари. Задржаната добивка од 5.061.692,50 денари се распределува во нераспределена добивка која не е расположлива исплата на дивиденда на акционерите во иднина. Донесена е и одлука за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар. Износот од 70.302.060,00 денари за исплата на дивиденда го распоредува на имателите на обични и приоритетни акции сразмерно на вложените средства во акционерскиот капитал на банката. Износот на дивидендата по акција изнесува 180,00 денари или 6% на номиналната вредност по една акција. Последен ден за тргување со право на дивиденда за 2009 година е 26.04.2010 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2009 година е 27.04.2010 година. Датум на пресек на книгата на акции е 29.04.2010 година. Исплата на дивидендата за 2009 година ќе почне од 19.05.2010 година. Дивидендата ќе се исплатува на трансакционите сметки на акционерите. Донесена е и одлука за усвојување на финансискиот план на банката за 2010 година, како и одлука за усвојување на деловната политика и развојниот план на банката за периодот од 2010 до 2012 година. Усвоен е и извештајот за извршената ревизија на финансиските извештаи на Стопанска Банка Битола по годишната сметка за 2009 година, на друштвото за ревизија Гранд Торнтон ДОО Скопје, со писмено мислење по истиот од Надзорниот одбор на банката. Управниот одбор на Гранит Скопје ги известува акционерите на друштвото дека е поднесено барање за вклучување две точки во дневниот ред на седницата на собранието закажана на 30.04.2010 година, од група акционери кои заедно поседуваат најмалку 10% од вкупниот број на акции со право на глас. Дополнувањето на дневниот ред се предлага со вклучување на следниве точки:Предлог одлука за измена на Статутот на ГД Гранит АД СкопјеОдлучување по предлог за отповикување член на Надзорен одбор на ГД Гранит АД Скопје.Согласно податоците добиени од ЦДХВ, ве известуваме дека на 14.04.2010 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):Алкалоид Скопје – 270 обични акции, Тутунски комбинат Прилеп – 430 обични акции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Гранит Скопје 2. Тутунска Банка Скопје 3. Комерцијална Банка Скопје4. Стопанска Банка Битола 5. Алкалоид СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Лотарија на Македонија Скопје 11,11%2. Макпетрол Скопје 1,56%3. Р.Македонија – Девизни влогови 0,85%4. Стопанска Банка Скопје 0,77%5. Гранит Скопје 0,64%Хартии од вредност со најголем пад1. Скопски Пазар Скопје 9,09%2. Винарска визба Тиквеш Скопје 8,70%3. Жито Лукс Скопје 5,24% 4. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 4,86%5. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 2,35%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

