Контакт

Економија

Паника и на европски берзи

Објавено пред

Бранот панични продажби на акции на глобалните берзи продолжи денеска и на европските пазари, каде што повторно, под влијание на грчката криза, паднаа цените на сите водечки национални индекси на акциите.

Бранот панични продажби на акции на глобалните берзи продолжи денеска и на европските пазари, каде што повторно, под влијание на грчката криза, паднаа цените на сите водечки национални индекси на акциите. Ваквиот пад се случува откако синоќа најважниот американски индикатор Дау џонс „потона“ за повеќе од три отсто во завршното тргување на њујоршки Волстрит. На американскиот пазар и другите два важни американски индекси на акции Стандард и пурс и Насдак вчера загубија повеќе од три отсто од претходната вредност. Економските аналитичари оценуваат дека до наглиот пад на цените на акциите и истовременото намалување на курсот на еврото на глобалните ефектни и валутни берзи дојде, пред сè, поради големата загриженост што меѓу инвеститорите ја предизвика грчката финансиска криза. Стравувањата се дека грчката криза би можела да се прелее и на други земји-членки на еврозоната, посебно на Португалија и Шпанија. Ројтерс наведува дека берзанските вложувачи се загрижени и поради неизвесноста што настана во Велика Британија, по вчерашните парламентарни избори на кои ниту една партија не освои мнозинство за да формира влада. Утрината, непосредно по отварањето на берзите во Европа, британскиот индекс на акции ФТСЕ 100 загуби 1,3 отсто од претходната вредност, додека францускиот ЦАЦ 40 опадна уште повеќе, за два процента. Германскиот ДАКС забележа пад од 1,1 отсто. Надолна корекција на цените забележана е денеска и на азискиот пазар на акции, соопшти од Токио агенцијата Кјодо. /крај/см/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Нептун“ со ново иновативно решение за онлајн шопинг – купувајте на рати отсега и онлајн!

Објавено пред

Дигитализацијата на услугите е една од примарните процеси во „Нептун Македонија“, компанијата која континуирано на иновативен начин им го олеснува на потрошувачите купувањето апарати за домаќинство. Нептун Македонија, во партнерство со Иуте кредит Македонија, лансираа ново иновативно решение за онлајн шопинг со кое потрошувачите ќе може на лесен, брз и безбеден начин да купуваат онлајн на рати преку веб-страницата www.neptun.mk. Освен оваа новост изминатиов период „Нептун Македонија“ промовираше неколку иновативни дигитални алатки: мобилна апликација за онлајн шопинг и дигитализација на хепи-лојалната програма и хепи-картичката.

Покрај опцијата потрошувачите да може да купуваат онлајн со кредитни или дебитни картички, отсега ќе имаат можност по изборот на саканите производи многу едноставно и брзо да аплицираат за купување  производ од „Нептун“ преку исплаќање со наменскиот кредит од Иуте кредит и истиот да го исплаќаат од 3 до 24 рати со суми од 3.000 до 120.000 денари. Целиот процес е дигитализиран и потрошувачите нема да имаат потреба да достават физички документи со што се олеснува целиот купопродажен процес.

Процесот на апликација и одобрување е лесен и брз, што овозможува одличен бенефит за секој потрошувач. Во само 3 чекори потрошувачите ќе можат да ги купат своите омилени производи во „Нептун“:
• Го избирате вашиот омилен производ на www.neptun.mk
• Избирате опција за плаќање на рати преку Иуте кредит
• Доколку апликацијата за кредит е одобрена, „Нептун“ ви ја доставува нарачката во предвидениот рок

Овој начин на кредитирање при онлајн купување на производи е прв и единствен на пазарот во Македонија. Соработката помеѓу овие две иновативни компании придонесе за напредок на Е-трговијата во нашата држава. Само со вакви проекти и иновации можеме да го унапредуваме купувачкиот процес и да ги направиме услугите и производите подостапни за македонските купувачи.

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг-опрема, смартфони и ИТ-уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија и преку 80 големопродажни партнери. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

АД ЕСМ и РЕК „Битола“ донесоа акциски план за санирање на последиците од поплавите во рудниците

Објавено пред

Во РЕК „Битола“ денеска се одржа состанок на членовите на Управниот одбор на АД ЕСМ и на раководството на комбинатот, на кој се донесе акциски план за надминување на последиците од поплавите во рудниците на РЕК „Битола“.

„Само со максимална ангажираност и посветеност на сите вработени во РЕК ‘Битола’, како и во другите подружници на АД ЕСМ, ќе го совладаме и овој предизвик“, рече претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Државните електрани, Васко Ковачевски.

Директорот на РЕК „Битола“, Златко Ќурчиевски, изрази надеж дека со сопствени ресурси, а по потреба и со поддршка на надлежни институции во земјата, комбинатот успешно ќе ги санира штетите од поплавите.

Подготвени се редица краткорочни и среднорочни мерки, што ќе бидат реализирани со поддршка на Управниот одбор на АД ЕСМ за брзо и ефикасно санирање на штетите.

Според податоците на стручните служби во РЕК „Битола“, во рудникот „Суводол“ во РЕК „Битола“ се слеале околу 630.000 метри кубни вода, што претставува временски феномен незабележан во последните 20 години.

„И покрај елементарната непогода со која се соочува комбинатот, производството на електрична енергија засега продолжува непречено во согласност со планот и потребите на електроенергетскиот систем на земјата“, соопштија од компанијата.

Прикажи повеќе...

Економија

Извлечени добитниците на награди од 20.000 денари преку „MojДДВ#МојаНаграда“

Објавено пред

Извлечени се 15 добитници на месечните награди од 20.000 денари преку наградната игра „МојДДВ#МојаНаграда“ на јавно извлекување, кое се одржа вчера.

Имињата на добитниците се објавени и на веб-страницата на Државна лотарија на следниот линк: https://www.loto.mk/MojaNagradaRezultati

Во другите кола на „#МојаНаграда“ до крајот на годината, односно до декември, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.
Извлекувањето на втората главна премија ќе се одржи во декември, а таа ќе изнесува 1.000.000 денари, соопшти Министерството за финансии.

До краотј на годината секој ден ќе се доделуваат 30 награди од 1.000 денари. Доделувањето повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период, ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ9 минути

Жени од Македонија, Албанија и Косово пронајдени во угостителски објект, сопственикот осомничен за трговија со луѓе

Десет женски лица од Македонија, Албанија и Косово биле пронајдени во угостителски објект во село Добридол, Гостивар. Сопственикот на објектот...

Топ18 минути

Возач удрил во велосипедист и избегал

Скопјанец на возраст од 24-години била префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода. Од МВР...

Македонија44 минути

Казнети 378 лица за неносење маска

Полицијата казнила 378 лица за неносење заштитна маска во текот на изминатиот ден. „Во текот на изминатото деноноќие (07/08.08.2020 година)...

Свет1 час

Во последните 24 часа во светот над 270.000 нови случаи на коронавирус

Во светот во последните 24 часа се регистрирани вкупно 278.291 нови случаи на коронавирус, а починале 6.815 лица, објави Светската...

Свет1 час

Рекорден број нови случаи на коронавирус во Јапонија

Во Јапонија во изминатите 24 часа се потврдени најголем број случаи на дневно ниво од почетокот на епидемијата на коронавирус....

Македонија2 часа

Деветнаесет години од нападот кај Карпалак во кој беа убиени 10 војници

Денеска се одбележуваат деветнаесет години од нападот врз конвојот на АРМ во кој беа убиени десет воени резервисти кај месноста...

Свет14 часа

(Видео) Најмалку 16 лица загинаа, а 123 се повредени во авионот кој се преполови во Индија

Најмалку 16 лица загинаа, а 123 повредени во авионската несреќа на „Ер Индија експрес“ што излета од пистата и се...

Свет15 часа

Седумгодишно момче почина од вирусот во САД – немало други болести

Седумгодишно момче кое почина од Ковид-19 е најмладата личност којашто го загибила животот од од оваа болест во американската држава...

Свет15 часа

Сè повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19, кои се причините за тоа?

Високиот крвен притисок, дијабетес, дебелина и возраст се покажаа како најчести причини зошто некои пациенти не го преживуваат Ковид-19. Станува...

Свет17 часа

(Видео) Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови

Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“...

Топ18 часа

Велешанец исчезна во водите на Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН

Полицијата трага по маж од Велешко кој со трактор се обидел да извлече возило на ЕВН, но бил повлечен од...

Македонија20 часа

Малиот Илче од Охрид, кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување, ја напушти Детската клиника

По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и...

Свет21 час

Либанскиот претседател не исклучува надворешна вмешаност во експлозијата во Бејрут со ракета или бомба

Претседателот на Либан, Мишел Аун, не ја отфрла можноста за надворешна вмешаност во катастрофалната експлозија во главниот град Бејрут велејќи...

Свет22 часа

Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува...

Македонија22 часа

Девојка пријавила дека била сексуално вознемирувана додека полагала возачки испит

Девојка, која полагала возачки испит, пријавила во Хелсиншкиот комитет дека била сексуално вознемирувана од еден од членовите на комисијата. Случајот...

Македонија22 часа

Хелсиншкиот комитет: Газди им дале 50 отсто помала плата на мајки на деца до десетгодишна возраст

Една од родовосензитивните мерки за справување со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, кои ги донесе Владата, e ослободувањето од работни...

Македонија23 часа

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски....

Свет24 часа

Германија воведе задолжително тестирање на коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, најверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува...

Свет24 часа

Пронајдена слабата точка на коронавирусот

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на коронавирусот „САРС-КоВ-2“. Порталот „Сајенс дејли“ известува дека експертите тестирале терапевтско...

Свет1 ден

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само половина од заболените и излекуваните од...

Досие