Економија
Пад

По денови, кога се бележеше порастување на вредноста на берзанските трансакции, денеска е регистриран пад на вредноста на индексите.
По двата позитивни трговски денови, кога се бележеше пораст на вредноста на берзанските трансакции, денеска е регистриран пад на вредноста на индексите.
Двата индекси МБИ10 и МБИД забележаа пад, додека индексот на обврзниците оствари пораст. МБИ10 изнесуваше 2,559,86 и бележи опаѓање за 33,26 индексни поени или 1,26 проценти, а индексот на Јавно поседувани друштва – МБИД застана на 2,765,37 или забележа опаѓање за 10,87 индексни поени или 0,39 проценти пад. ОМБ, пак, застана на бројката од 108,94 што беше за 0,29 индексни поени повеќе во однос од вчера или забележа благ пораст од 0.27 проценти.На македонската берза, денеска се оствари 19.290.970,00 денари промет што се реализира од 119 трансакции. Поголемиот дел од овој промет се реализира на Официјалниот пазар во вредност од 16.099.958,00 денари, додека 3,191,012,00 денари се остварија на Редовниот пазар.Прва по својата ликвидност на Официјалниот пазар беше акција на Комерцијална банка Скопје која оствари 5,735,615,00 денари на промет од 13 реализирани трансакции, додека со оваа акција се истргуваа 1,893 акции по просечна цена од 3.029,00 денари од акција.Втора според својата ликвидност беше обврзницата од денационализација на Република Македонија, девета емисија со кои се истргуваа 113,668 обврзници по просечна цена од 77,66 проценти од номиналната вредност и при тоа остварија вредност од 5,434,025,77 денари на промет.Трета според обем на тргување од официјалниот пазар е акцијата на Топлификација АД Скопје со просечна цена од 4,000,00 денари што беше за 2,45 проценти помала во однос од вторникот, со нив се истргуваа 367 акции од четири реализирани трансакции или вкупно реализираа 1,468,292,00 денари на промет.На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност повторно беше хартијата на Тутунска банка АД Скопје која што оствари 1,170,895,00 денари промет од 9 трансакции со нив, и при тоа се тргуваа по просечна цена од 4,196,76 денари од акција што претставуваше пад на својата вредност за 2,36 проценти. Втора по својот промет на Редовниот пазар беше акцијата Жито Караорман Кичево со остварен промет од 922,500,00 денари, а се тргуваше по просечна цена од 6,150,00 денари по акција. Со нив се истргуваа 150 обични акции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална банка Скопје2 Р. Македонија обврзници од денационализација Девета емисија3. Топлификација Скопје4. Тутунска банка Скопје5. Макпетрол СкопјеХартии од вредност со најголем раст1 Македонски телеком Скопје 0,66 %2. Р. Македонија девизни влогови 0,63%3. Р. Македонија обврзници од денационализација одма емисија 0,62 %4. Прилепска Пивара 0,38%5, Р. Македонија обврзници од денационализација шеста емисија 0,12Хартии од вредност со најголем пад1. Кјуби Скопје 27,27%2. ОХИС Скопје 5,45%3. ИЦН Фарм Скопје 4,04%4. Гранит Скопје 2,78%5. Топлификација 2,45%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.
Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.