Економија
Агенцијата за вработување со нов софтвер за подобра услуга
Полесен пристап до информациите кои се однесуваат на слободните работни места и профили на тип на работници кои се потребни на пазарот на труд, ќе имаат лицата кои бараат работа.
Полесен пристап до информациите кои се однесуваат на слободните работни места и профили на тип на работници кои се потребни на пазарот на труд, ќе имаат лицата кои бараат работа.
Тоа им го овозможува новото надградено интегрирано софтверско решение што денеска го промовираше Агенцијата за вработување.
Овој софтвер, кој е креиран од страна на Проектот на УСАИД за деловно опкружување, а изработен од Некстсенс, како што беше истакнато на промоцијата, ќе им овозможи на лицата кои бараат работа да пребаруваат за потребите од различни професии, да дознаат кои вештини се потребни и кои се просечните плати, и да добијат помош при развојот на нивната кариера.
За работодавачите, пак, ќе се скрати и олесни процесот на регрутирање, бидејќи ќе бидат во можност да објават огласи за работа на интернет и да имаат пристап до биографии.
Директорот на АВРМ Билјана Јовановска истакна дека новиот софтвер кој е базиран на документот „Визија 2011“ претставува еден вид на едношалтерски систем кој овозможува електронска пријава и одјава на засновани работни односи.
„Со имплементацијата на софтверот ќе се подобри постојната услуга на АВРМ и ќе се воведат нови услуги за вработување и самовработување по електронски пат. Корисници на системот може да бидат и организациите со кои соработува Агенцијата“, рече Јовановска.
Директор на Мисијата на УСАИД во Македонија Мајкл Фриц рече дека софтверот е креиран со цел да и се помогне на АВРМ да стане проактивна и поефикасна агенција. Според него, интегрираното софтверско решение ќе го подобри спојувањето на понудата и побарувачката на пазарот на трудот.
„Основната мисија на Агенцијата за вработување е да им помогне на луѓето да најдат работа и да им помогне на работодавачите да најдат работници“, рече Фриц.
Тој нагласи дека со новиот софтверски систем ќе биде функционален за сите граѓани и организации во Македонија и дека тие ќе бидат во можност да добијат ефективни, ажурирани и корисни информации од системот.
Фриц очекува модернизацијата на АВРМ во наредните неколку години да придонесе за намалување на бројот на невработени во Македонија./крај/ир
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22.12.2025 година.
Од 30.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,649 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,042 ден/кг и сега ќе изнесува 33,649 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,908%, кај дизелот за 1,970%, кај екстра лесното масло за 1,282% и кај мазутот зголемувањето е за 5,201%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1801%.
Економија
Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во третиот квартал од 2025 година
Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција, извести Народната банка.
На крајот на третиот квартал од 2025 година:
„На 30.9.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.494 милиони евра (или 27,1% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за 2,3%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.

Во текот на третиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 250 милиони евра и изнесува 8.738 милиони евра, што претставува 52,7% од проектираниот БДП за 2025 година“.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels

