Економија
Потонаа акциите на Арцелормитал
Тргувањето на македонската берза за хартии од вредност денеска го одбележа големиот пад на просечната цена на двата погона од Железара: Арцелормитал ЦРМ кој падна за 8,59 проценти и Арцелормитал ХРМ кој се спушти за 9,94 проценти.
Тргувањето на македонската берза за хартии од вредност денеска го одбележа големиот пад на просечната цена на двата погона од Железара: Арцелормитал ЦРМ кој падна за 8,59 проценти и Арцелормитал ХРМ кој се спушти за 9,94 проценти.Берзата оствари промет од 14,805,408,00 денари од кој 13,028,238,00 денари се од Официјалниот пазар, додека останатите 1,1777,170,00 денари се остварија на Редовниот. За разлика од понеделникот индексот МБИ10 оствари пораст од 0,42 проценти што значеше пораст за 10,30 индексни поени или застана на бројката од 2,466,17 поени, додека индексот на Јавно поседуваните друштва забележа пад на својата вредност од 1,81 процент или тоа беше за 48,51 поени пониско во однос од понеделникот за да застане на бројката од 2,632,12 поени. Индексот на обврзниците исто така беше во црвено со благ пад на својата вредност од 0,18 проценти или 108,60 индексни поени.Како најтргувана акција по својот промет на Официјалниот промет по подолго време се појави акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со остварени 4,668,390,00 денари на промет, кој се тргуваа по просечна цена од 2,954,68 денари од акција, и се тргуваа во рамките на следниве лимити почнувајќи од 2,950,00 денари како минимална цена па се до 2,998,00 денари како највисока истргувана цена. Со овие акции се истргуваа 1,580 обични акции од 18 реализирани трансакции.Втора по промет на тргување беше обврзницата од денационализација од девета емисија која се тргуваше по просечна цена од 77,57 проценти од номиналната вредност, додека со нив се истргуваа 60,492 количина и при тоа остварија вредност од тргување во висина од 2,885,484,37 денари од 20 трансакции.Трета според обем на тргување од официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид АД Скопје. Таа се тргуваше по просечна цена од 4,172,43 денари, а со неа се истргуваа 643 акции од 31 реализирани трансакции или вкупно 2,682,875,00 денари.На Редовниот пазар за хартии од вредност најликвидна хартија од вредност беше акцијата на Прилепска пивара со остварен промет од 803,400,00 денари од 2 трансакции, кои се тргуваа по цена од 10,300,00 денари од акција од кој оваа цена беше за 1,98 проценти поголема во однос од последното тргување со овие акции. Втора по својот промет на Редовниот пазар беше акцијата ф-ка за цевки 11 Октомври АД Куманово која оствари промет од 242,250,00 денари, а се тргуваше по просечна цена од 821,19 денари по акција. Со нив се истргуваа 1,679 обични акции.За одбележување во текот на овој трговски ден беа и неколку одлуки од собрание.Тиквеш АД Кавадарци објави 67,5 милиони денари нето добивка, како и одлуката за нераспределба на остварената добивка. Исто така и Охридска банка АД Скопје достави ценовно чувствителна информација до инвеститорите на која и се одобрува нова кредитна линија од страна на Европската банка за обнова и развој која треба да биде наменета за потикнување на развојот на малите и средните претпријатија на Македонија. Гранит АД Скопје соопшти дека склучил договор со министерството за Правда на Р. Македонија за изградба на нова судска зграда-кривичен суд Скопје во вредност од 465 милиони денари. Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална банка АД Скопје2 Р.Македонија – Денационализација 093. Алкалоид АД Скопје4. Прилепска пивара АД Прилеп5. Гранит АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1 Макстил АД Скопје 3,28%2. Прилепска Пивара АД Прилеп 1,98%3. Топлификација АД Скопје 1,12%4. Комерцијална банка АД Скопје 0,61%5, Макпетрол АД Скопје 0,42%Хартии од вредност со најголем пад1. Арцелормитал ХРМ АД Скопје 9,94%2. Арцелормитал ЦРМ АД Скопје 8,59%3. Бетон АД Скопје 4,59%4. Кјуби АД Скопје 3,44% 5. РЖ Услуги АД Скопје 1,00%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места
Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за државна помош се околу 17 проекти, со вкупна вредност од над 650 милиони евра. Очекува дека овие проекти ќе обезбедат помеѓу 4.500 и 5.000 нови директни работни места, а најголемиот дел од нив годинава ќе започнат со производство, што ќе ја зголеми и вредноста на бруто-домашниот производ.
„Во овој момент работиме на овие 17 проекти само преку ТИРЗ, а има и проекти кои што ги работиме а кои што се надвор од ТИРЗ, како што е инвестицијата на Алказар во Источна Македонија, која што е во фаза на одобрение за градба. Очекувам некаде на пролет и на терен да започне реализирањето на оваа инвестиција, која што е во вредност од половина милијарда долари“, кажа Мицкоски.
Тој посочи дека земјоделството доживува позитивен пресврт и станува сериозен економски столб. Во четвртиот квартал од минатата година извозот на земјоделски производи бил повеќе од двојно поголем од увозот, со износ од околу 12,5 милијарди денари, додека за целата година извозот достигнал над 450 милиони евра, во споредба со околу 200 милиони увоз.
Премиерот истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува вистинските земјоделци и дека новата програма ќе ја насочи поддршката кон оние кои реално произведуваат и придонесуваат, додека ќе се спречи злоупотреба на субвенциите.
Економија
(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани
Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме силна динамика, државата овозможува навремена логистика и со средства и во делот на експропријацијата и силната динамика ќе продолжи во следниот период за до крајот на 2029 година да возиме по овој автопат, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој денеска заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, времениот вршител на работите во Амбасадата на САД, Никол Варнс, заменици министри, пратеници, градоначалници и директорот на ЈПДП Коце Трајановски извршија увид во изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани.

„Работиме доста интензивно на оваа секција 2, односно на автопатот кој што оди од Гостивар до Букојчани, кој што од другата страна треба да се поврзе на автопатот Гостивар до Тетово, а во долната страна треба да се поврзе со автопатот кој ќе се гради од Букојчани до Кичево. Оттаму се поврзуваме на автопатот до Охрид и Струга кој веќе е во прогрес, така што ова е целиот автопат кој што оди на западното крило на Коридор 8, автопат кој што треба да го поврзе целиот овој регион, да донесе голем економски бенефит, повеќе бизнис и многу повеќе туристи” изјави вицепремиерот Николоски.



Тој истакна дека експропријацијата е завршена речиси 90 % што е за успех, а финансирањето е навремено што директно значи и навремена реализација на овој проект. Дополнително како што потенцира, градежништвото има историски раст од 21 %.
„Она што ми е драго е тоа што градежништвото расте, во третиот квартал минатата година растот беше од 21 %, што не е запаметено во независна Македонија и така ќе продолжиме во периодот што е пред нас. Обврските што ги имаше државата се веќе завршени, околу 90 % од експропријацијата е завршена, до сега исплатени се околу 470 милиони евра што за буџет како Македонија е огромна сума. Исто така целата логистика државата ја дава и останува компаниите да си ја завршат работата. Драго ми е што стоиме на мост што е 40 метри висок, ова е добро за македонските градежни компании и оние што ќе се занимаваат со градежништво во иднина, тука се вклучени Градежниот факултет, Архитектонскиот факултет и следните генерации да можат на конкретни и живи проекти да учат” истакна Николоски.


Упати благодарност до премиерот Мицкоски за подршката што ја дава за овој проект и најави силна динамика и крајот на 2029 година да биде завршен овој автопат без отстапки од рокот. Додаде дека интензивно се работи и на автопатите од Тетово до Гостивар како и автопатот од Прилеп до Битола.
Економија
Божиновска во теренска посета на „Мермерен Комбинат Прилеп“: Македонските ресурси мора да создаваат поголема додадена вредност дома
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека министерката Сања Божиновска реализирала теренска посета на рудниците и производствените капацитети на „Мермерен Комбинат АД Прилеп“.
Според соопштението на Министерството, Божиновска извршила непосреден увид во процесот на експлоатација на мермерот, условите за работа, механизацијата и технолошките процеси на комбинатот.
Раководството на компанијата ја информирало министерката за тековните инвестиции во модернизација на механизацијата, безбедноста при работа и мерките за рационално искористување на природните ресурси, со посебен акцент на одржливото користење на наоѓалиштето и заштита на животната средина.

Во соопштението се наведува дека на средбата се разговарало и за почитувањето на еколошките стандарди и обврските од концесиските договори, безбедносните услови за вработените, придонесот на компанијата кон локалната економија и можностите за зголемување на додадената вредност преку финална обработка на производите.

Божиновска истакнала дека теренските посети се клучни за реален увид во функционирањето на секторот и за креирање политики базирани на фактичка состојба.
„Природните ресурси се национален капитал и нивната експлоатација мора да значи поголема економска корист за државата и граѓаните. Наш приоритет е природните ресурси да носат долгорочна корист — преку инвестиции, нови технологии, безбедни работни услови и поголем степен на финална обработка. Рударството има силна економска улога, но неговиот развој мора да биде одговорен, транспарентен и во согласност со највисоките стандарди Нашата цел е јасна — модерно, одговорно и конкурентно рударство кое создава вредност дома, отвора работни места и обезбедува одржлив развој. Компаниите кои инвестираат во технологија, безбедност и заштита на животната средина се важен партнер во економскиот развој“, се наведува во соопштението.
Министерството додава дека посетата е дел од пошироките активности насочени кон засилено присуство на терен, подобра комуникација со индустријата и унапредување на надзорот и одржливото управување со минералните ресурси.

