Економија
Економската криза се уште го тресе регионот
Претставници на синдикатите од металопреработувачката индустрија од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Косово на средбата во Охрид оценија дека последиците од светската економска криза се уште го тресат регионот
Претставници на синдикатите од металопреработувачката индустрија од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Косово на средбата во Охрид оценија дека последиците од светската економска криза се уште го тресат регионот.
Според Пеце Ристески претседател на Синдикат на индустријата, енергетиката и рударството – СИЕР, Економската криза се уште силно се чувствува во Македонија, особено во носечките сектори, што резултираше со намалување на платите и отпуштање на 4-5000 работници.
„Она што загрижува е фактот што кризата настапи брзо, брзо се почувствуваа последиците и падот на производството, а процесот на опоравување се одвива мошне бавно и долго“, истакна Ристевски.
Според него Владините мерки имаат одредено влијание во ублажување на кризата, но директно не ги помагаат носечките економски сектори.
Економската криза во регионот без работа остави стотици илјади вработени, а ги одвраќа и инвеститорите, вели Хасан Абази од Синдикатот на металците на Косово.
„Доста инвеститори кои размислуваа да купат претпријатија од металопреработувачката индустрија сега не се осудуваат да инвестираат“, рече Абази.
Жељко Веселиновиќ од Здружениот синдикат на Србија, смета дека голем удел за неповолната економска состојба имаат и самите влади, кои според него ја користат светската криза за да ги прикријат лошите политики.
„Во последно време слушаме дека Владата во Србија, а веројатно така е секаде, подготвува мерки за кризата во Грција и дали тоа значи дека доколку утре има криза во Танзанија или Маурициус повторно ќе има отпуштања на работниците“, истакна Веселиновиќ.
Учесниците на конференција во Охрид, како што јави охридњус, се согласија дека синдикатите од регионот мора повеќе да соработуваат и солидарно да се помагаат меѓусебно, дури и заеднички да настапуваат на протести за решавање на проблемите на работниците. /крај/OhridNews/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

