Економија
Берзата и понатаму во минус
На почетокот на трговската недела Македонската берза бележи намален обем на тргување, кога се остварени 9,766,433,85 денари од 89 реализирани трансакции.
На почетокот на трговската недела Македонската берза бележи намален обем на тргување, кога се остварени 9,766,433,85 денари од 89 реализирани трансакции. Од овој промет 8.496.333,11 денари се реализираа на Официјалниот пазар од 73 трансакции, додека 1.270.100,00 денари се остварија на Редовниот пазар од 16 реализирани трансакции. Сите три индекси како и на крајот на минатата недела, така и денеска забележаа пад на својата вредност. Најмногу изгуби индексот на Јавно поседувани друштва МБИД кој падна за 13,73 поени, или за 0,50 проценти, а на крајот ја задржа вредноста од 2.708,46 индексни поени, индексот на 10 најликвидни компании забележа пад на својата вредност за 0,22 проценти или 5,33 поени и оствари вредност од 2.462,21 поени. Индексот на обврзниците ОМБ исто така забележа минимален пад од 0,04 проценти исто толку во индексни поени, и при тоа неговата вредност беше 108,41 индексни поени.Најтргувани хартии од вредност на Официјалниот пазар, денеска беше обврзницата од денационализација на Р. Македонија од деветата емисија, со кои се истргуваа 111.876 количина, по просечна цена од 77,50 проценти и при тоа остварија вредност од 5,332,506,61 денари од 23 реализирани трансакции.Втора по својата ликвидност на Официјалниот пазар беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со која се истргуваа 301 обични акции по просечна цена од 3,015,14 денари и при тоа оваа цена беше за 0,54 проценти поголема во однос од тргувањето во петокот, вкупно се оствари 907,557,00 денари на промет..Трета по својата вредност на тргување на Официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со кои се остварија 873,300,00 денари промет што се реализира од 13 трансакции, а се тргуваа по просечна цена од 4,100,00 денари од акција. Со нив се истргуваа 213 акција.На Редовниот пазар прва со својот обем на тргување беше акцијата на Македонски Телеком АД Скопје, со кои е истргуваа 1.939 обични акции по просечна цена од 499,86 денари од акција, и при тоа остварија вредносен промет од 969,225,00 денари.Втора по својата ликвидност на Редовниот пазар беше акцијата на Усје АД Скопје со 150.000,00 денари промет која се тргуваше по цена од 15.000,00 денари од акција и со неа се истргуваа 10 акции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р. Македонија обврзници од денационализација 092. Македонски Телеком АД Скопје3. Комерцијална банка АД Скопје4. Алкалоид АД Скопје5. Гранит АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. ОХИС АД Скопје 2,882. Комерцијална банка АД Скопје 0,54%3. Макпетрол АД Скопје 0,37%4. Р. Македонија девизни влогови 0,11%5. Македонски телеком АД Скопје 0,11%Хартии од вредност со најголем пад1. Жито Лукс АД Скопје 9,05%2. Попова Кула АД Демир Капија 4,55%3. Реплек АД Скопје 4,47%4. Ф-ка за цевки 11 Октомври АД Куманово 3,495. Топлификација АД Скопје 2,13%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

