Економија
Значителен пад на МБИ10
Македонската берза денеска оствари 7.703.539,49 денари трговски промет, што се реализира од 73 трансакции.
Македонската берза денеска оствари 7.703.539,49 денари трговски промет, што се реализира од 73 трансакции. За одбележување беше и наглиот пад на вредноста на МБИ10 индексот кој што изгуби 25,07 индексни поени за да оствари вредност од 2.437,14 поени или тоа значеше пад за 1,02 проценти во однос на вчера.Индексот за обврзниците забележа пораст на својата вредност од 1,03 поени или тоа беше за 0,95 проценти пораст во однос од претходното тргување и при тоа остварија вредност од 109,44 индексни поени, МБИД индексот на обврзниците немаше промени во својата вредност и таа изнесуваше 2.708,35 поени.Од целиот промет во вредност од 7.703.539,49 денари, поголемиот дел во вредност од 7.200.799,49 денари се реализира на Официјалниот пазар за хартии од вредност од 61 реализирана трансакција.Прва по вредноста на тргување беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје која што се тргуваше по просечна цена од 3.000,00 денари од акција и при тоа со нив се реализираа 2.187.000,00 денари промет од осум трансакции.Втора по вредноста на прометот на Официјалниот пазар беше и акцијата на Алкалоид АД Скопје со реализирани 2.028.152,00 денари промет, што се оствари од 19 трансакции при тоа се тргуваа во рамките од 3.977,00 денари како најниска истргувана цена до 4101,00 како највисока цена. Просечната цена кај оваа хартија од вредност изнесуваше 4.016,16 денари што претставуваше пад за 2,05 проценти во однос од понеделникот. Трета по својата ликвидност на Официјалниот пазар за хартии од вредност беше обврзницата за денационализација на Р. Македонија од деветата емисија со која што се оствари 1.348.404,48 денари промет, а се тргуваа по цена од 77,28 проценти од номиналната вредност кај овие обврзници, и при тоа со нив се истргуваа 28.373 обврзници.Остатокот од 502.740,00 денари на промет се истргува на редовниот пазар за хартии од вредност и тој беше распределен само кај три хартии од вредност од кој најмногу се тргуваше со акцијата на Македонски Телеком АД Скопје со кои се истргуваа 940 акции по цена од 499,68 денари и при тоа остварија вредност од 469.700,00 денари промет.Втора по својот промет на Редовниот пазар беше акцијата на Попова Кула АД Демир Капија со реализирани 21.000,00 денари како и акцијата на Караорман АД Скопје со 12.040,00 денари промет.Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална банка АД Скопје2. Алкалоид АД Скопје3. Р. Македонија денационализација девета емисија4. Македонски телеком АД Скопје 0,115. Стопанска банка АД БитолаХартии од вредност со најголем раст1. ОХИС АД Скопје 8,41%2. Р. Македонија денационализација девета емисија 3,33%3. Р. Македонија девизни влогови 0,75 %4. 5. Хартии од вредност со најголем пад1. Караорман АД Скопје 19,95%2. РЖ Услуги АД Скопје 2,77%3. Алкалоид АД Скопје 2,05%4. Стопанска банка АД Битола 1,80%5. Макпетрол АД Скопје 1,38%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

