Економија
Мелничарите бараат да се испитува увозното брашно
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/86f1be30-1562-47d0-81cc-9e2dbdc87b0d-1.jpeg)
На состанокот помеѓу министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство и мелничко пекарската индустрија се разговараше околу начинот на откуп на пченицата, условите и начинот на плаќање.
На состанокот помеѓу министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство и мелничко пекарската индустрија се разговараше околу начинот на откуп на пченицата, условите и начинот на плаќање. Најголем проблем кај производителите на пченица е увозното брашно.
„Дојдовме до заклучок, увозното брашно да се контролира со лабораториска анализа и ако ги исполнува условите, да се пушти во промет“, изјави Тодор Петков, претставник од Федерацијата на фармери (ФФРМ).
Според нив, брашното неконтролирано влегува на македонскиот пазар, се нуди српско брашно за 12 денари а мелничарите ја откупуваат пченицата за 10-11 денари, колку што е и реалната цена.
„За нас мелничарите не е проблем цената, туку економската цена. Не можеме да платиме повисока цена за пченицата, а за иста цена влегува српско брашно“, рече Николче Георгиев од мелницата Мак Малинце – Шиново.
Портпаролот на ресорното министерство Соња Трајова изјави дека ќе бидат организирани повеќе дебати на оваа тема, со цел да се реши проблемот на мелничарите./крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Од полноќ поскапуваат дел од горивата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/goriva-696x391.jpg)
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,63 % во однос на одлуката од 7.02.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,198%, кај дизелот намалувањето е за 0,043%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,055% и кај мазутот зголемувањето е за 1,452%.
Од 11.2.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 48,011 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,542 ден/кг и сега ќе изнесува 48,011 ден/кг Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат.
Економија
Ангеловска-Бежоска – Џанел: Независноста на Народната банка е клучна за успешно спроведување на монетарната политика
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/13.jpg)
Високото ниво на независност и кредибилитетот во работењето на Народната банка се едни од најважните фактори коишто придонесоа за успешно остварување на целите и за макроекономската стабилност во изминатите години, и покрај неколкуте последователни кризи на светско ниво. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Кралството Холандија во земјава, Узлем Џанел.
Професионалноста, стручноста и посветеноста мора да се на високо ниво кога станува збор за одлуките што ги спроведува Народната банка, беше посочено од амбасадорката. Обезбедувањето и одржувањето на независноста на Народната банка е од витално значење за да се исполни улогата на централната банка како гарант на макроекономската и финансиската стабилност, што е од особена важност за евоинтеграциските перспективи на земјата, а воедно и еден од основните предуслови за привлекување на странските инвеститори. Монетарната политика е и ќе биде насочена кон одржување на ценовната стабилност на среден рок и кон јакнење на капацитетите и исполнување на стандардите за пристап до европскиот систем на централни банки, истакна гувернерката.
На средбата се зборуваше за тековните макроекономски движења, во однос на очекувањата на Народната банка според есенските проекции. Притоа, беше посочено дека политиките и мерките применети во изминатите неколку години овозможија намалување на инфлацијата на 3,5% минатата година и очекувањата се дека инфлацијата и годинава постепено ќе се стабилизира. Сепак, ризиците постојат и потребно е водење внимателни макроекономски политики.
На средбата на гувернерката Ангеловска-Бежоска и амбасадорката Џанел беше оценето дека од особено значење е зајакнувањето на натамошната соработка меѓу Народната банка и централната банка на Холандија, којашто е една од најсилните поддржувачи во постојаното унапредување на централнобанкарското работење, како и силен партнер во спроведување на голем број проекти кои се од големо значење за зацртаните политики на Народната банка. Исто така, на средбата беше изразена благодарност до Министерството за финансии на Холандија, со чија поддршка заедно со ОЕЦД, Народната банка и домашните финансиски регулатори ја изработија и првата Национална стратегија за финансиска едукација. Овој документ претставува рамка на активностите коишто ги преземаат регулаторите заради подобрување на финансиската писменост на населението, со што се подобрува ефективноста на нивното учество во финансискиот сектор, како и нивната заштита како потрошувачи имајќи на располагање повеќе и подобри информации.
Економија
Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави, велат од СДСМ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/hristijan-mickoski-2.jpg)
„Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и едвај врзуваат крај со крај. Мерките со некакви „кошнички“ доживеаја дебакл. Наместо намалување се случи зголемување на цените на храната, на основните производи, затоа што власта им остави време и простор на трговците да ги зголемат“, соопшти СДСМ.
„Граѓаните беа принудени сами да се организираат и преку бојкот на маркети да кренат глас против високите цени и големите поскапувања.
И наместо веднаш да преземе мерки и да ги намали цените Власта на Мицкоски така си ги остава работите, ништо не прави за намалување на цените. Граѓаните се оставени сами.
Мицкоски вели ќе разгледувале, ќе правеле анализи, ќе презентирале нешто на наредната седница на Влада.
Човекот што троши за една реклама на Фејсбук повеќе од една минимална плата си поигрува со народот кој секој ден плаќа поскапо а има помалку.
Па 8 месеци поминаа допрва ли ќе разгледува Мицкоски? Нели ветуваше дека ќе се намалат цените? Еве цените не се намалија, се зголемија, неспособноста излезе на виделина.
Власта има 6 милијарди евра буџет. Зошто едноставно не ги покачи платите? Што се чека?
Едноставен е одговорот, политиките на Мицкоски се насочени кон заштита на интересите на големите трговци и елитата а граѓаните се оставени сами на себе.
Секогаш кога ДПМНЕ е на власт се зголемува економската несигурност на семејствата, народот има се помалку пари, а се богатат само неколкумина во врвот на власта“, се наведува во соопштението на СДСМ.